Чист Вторник (2022)
Еве го правиме веќе вториот чекор во живоносната пустина на Постот, и како што навлегуваме подлабоко во неговите возвишени пространства, така сè повеќе не обзема сознанието дека овде на земјата сме само привремени гости, дека таму некаде на крајот од овој краткотраен живот нè очекува нашата вистинска татковина


На 6.3.2022 г., Сиропусна недела и ден во кој Црквата си споменува за Адамовото изгнанание од Рајот, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, присуствуваше на Вечерна богослужба со Чин на простување во Соборниот храм ,,Свети Климент Охридски” во Скопје.
На 4 март оваа година се навршуваат дваесет и шест години од упокојувањето на Архиепископот Гаврил, трет архиепископ на возобновената Охридска архиепископија, денес Македонска православна црква – Охридска архиепископија. Архиепикопот Гаврил ќе биде запаметен по неколку крупни успеси што ги направи .
Јазикот мора многу да се намачи за да се искупи за секое празнословие и за сите свои падови и мора да ја стекне навиката за молитва. Навиката не може да се створи без труд и работа. За да дојде благодатта, мора да се пројави и смирение. После тоа патот ќе биде отворен. Молитвата ќе се прилепи за нашето дишење, а умот ќе се разбуди и ќе ја следи.



Она што прво ни го носи молитвата е радоста. Мислиш дека си царско дете. Потоа, се богатиш во солзите. Сакаш да го прегрнеш целиот свет. И она што е со душа и она што е без душа. Сите луѓе ги гледаш како ангели. Впрочем, Апостол Павле кажува кои се плодовите на Духот: љубов, радост, мир, широкоградост, благост, добродушност, вера, кротост, воздржание (Галат. 5, 2).
Денес, во Неделата на митарот и фарисејот, викарниот епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
На денешен ден, пред 150 години, во македонското семејство Делчеви, во Кукуш, се родил идниот учител, идеолог, организатор, стратег, револуционер и војвода, се родил великиот син на Македонија, се родил Гоце! И еве, по повод неговиот роденден, дојдовме молитвено да го одбележиме денот на неговото раѓање (поклонувајќи се пред неговото избрано почивалиште, за кое и самиот оставил аманет – кога ќе почине неговиот гроб да му биде во престолнината доколку се оствари слободна Македонија);


На 19.01.2022 г., празнувајќи го Богојавлението Господово, кога Спасителот наш Господ Исус Христос се крсти во реката Јордан, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Кирил Трајковски и ѓаконот Ѓорѓи Делев, отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола.
Истиот ден на 19.01.2022 год. кога Светата Православна Црква го празнува празникот Крштение на Господ Исус Христос - Богојавление - Водици, во 12 часот на мостот на Кочанската река, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во присуство на многуброен верен православен народ и свештенослужители од Брегалничката Епархија, изврши Голем Богојавленски водосвет и го потопи светиот крст.























