Исповедникот на лепрозните
Тоа беше благоста на Светиот Дух, која пребиваше во него поради неговото подвижништво. Оваа благодат се излеваше врз сите што беа околу него. Луѓето го чувствуваа тоа, па дури и невоцрковените. Секој чувствуваше дека тој човек има нешто, а тоа „нешто“ беше дарот на Светиот Дух. Знаете, вчера, додека го проучував свети Исак Сирин, се присетив на зборовите што ми ги кажа еден друг светител, Старец Паисиј:


Сѐ додека во овој свет има луѓе што страдаат на кој било начин, не можеме да речеме дека доволно сме направиле и како црква, и како народ, и како држава, и самостојно, како луѓе. Црквата прави многу во однос на тоа материјално да им се помогне на загрозените категории луѓе, но не е во духот на црквата да им се дава публицитет на тие дејности, меѓу другото, и поради достоинството на самиот човек кому му се помага.
Скопје, 26 август 2018 (МИА) - Интервјуто со Игуманијата Перпетуа од манастирот Успение на Пресвета Богородица кај Матка го направивме пред патрониот празник на овој христијански храм, кој е еден од најпосетуваните во скопскиот регион. Игуманијата Перпетува зборува за...
Митрополитот тетовско-гостиварски, г. Јосиф, дефинитивно е нетипичен владика. Ова го заклучувате откако ќе сврзете само два-три збора со него. Тој е најмладиот владика во Македонската православна црква-Охридска архиепископија и негува огромна љубов, грижа и посветеност кон децата што растат без родители, живот кој самиот го искусил, но го направил посилен.
Монахот на тој начин го носи крстот Христов и учествува во Неговиот живот и на себе ги носи Неговите рани. Тоа беше време на духовен препород во Македонија, после распадот на комунистичкиот атеистички систем, кога на народот му беше дозволено без страв да си верува во Бога и да ги посетува црквите.
Михалис (Пиреа) има дванаесет години. Тој е роден на Крит и живееше во Рим, до таа година. Неговата мајка Корина, по потекло од Пескани и неговиот татко Думитру е од Бреила. Во Рим има сестра Рафаела и двајца браќа Ефрем- Николас и Габриел. Сите се помали од него. Михаил му помагаше во олтар на епископ Силуан (Шпанија) во Рим Италија во време кога имаше одвај пет години, и кога ги виде родителите Продромус- Даниил и Герасим, се разгори силно во него стремежот кон Бог и одлучи да се пресели на Атон.
Секој од нас има скала на вредности: она што е за еден човек значајно, за друг нема никакво значење. За православните луѓе, животот е незамислив без вера, без духовна компонента на битието. Човекот што верува сфаќа дека живее во непрестајниот тек на светата Промисла Божја и дека во неговиот живот ништо не е случајно,
Грешките се неминовни кај оние што работат. Но грешките се и за поправање. Нив можеме да ги поправиме единствено на добар начин, посебно за нас во Црквата. Ништо не е добро, ако се постигнува на лош или погрешен начин. Работите се поправаат и менуваат суштински, ако ги прифатиме како свои и лично се менуваме на добро.
На сите веќе ни е јасно дека брзиот начин на живеење и прекумерната, а со тоа и бесполезна употреба на технологијата, како што се телевизијата, социјалните мрежи и воопшто интернетот, толку многу сили и време им одземаат на луѓето, толку ги преокупираат, што тие веќе не смогнуваат сили и не наоѓаат време ни за Бога, ни за себеси, а камоли, пак, едни за други.
Уште додека престојував и служев како јеромонах во Бигорскиот манастир, секојдневно се сретнував со многи млади луѓе, кои страдаа и Го бараа Бога. Уште од тие денови стекнав многу млади пријатели со кои и до ден – денес сум близок и со кои се дружам. Знаете дека пријателствата се прошируваат и по природа сум комуникативен и уште од почетокот кога станав епископ решив да сум достапен за сите луѓе, бидејќи и токму
Мажественоста не се јавува во природата на мажот како припадност, т.е не се пренесува заедно со полот. Таа треба да се стекне, да се воспитува во себе. Господ Бог пред почетокот на освојувањето на Ветената земја му рекол на народниот вожд: Биди тврд и мажествен (НАВ. 1,6,7,9,18). Основата на вистинската мажественост се потпира врз непоколебливата надеж на Бога.



Камче по камче, молитва по молитва и полека вештите раце на монахињата Синклитикија им ја даваат душата на камчињата од мозаикот каде се наѕира ликот на Свети Архангел Михаил. Уникатната уметност сокриена во малата и скромна работилница во женскиот манастир „Св. Архангел Михаил" во Берово

























