логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Таа е „Лествица со која Бог слегува„ и „Лествица која нè изведува од земјата на небото„

 

По повод интервјуто на презвитер Горан Стојчевски дадено на Бранко Ѓорѓевски за дневниот весник „Дневник„ 28 август 2015 година.

 ДА СЕ МОЛИМЕ НЕПРЕСТАЈНО И НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА


1. Каков бил односот и почитувањето на личноста на Пресвета Богородица меѓу христијаните по нејзината смрт во Ефес? Дали постоел голем култ кон неа, имало ли празници нејзе посветени...


Секогаш Црквата го црпела искуството на Личностите кои постигнале светост низ молитвата, а таа врска со Бога и живот во Него е потврда за верата и подразбира празнување кое се живее сега во овој миг на спасение, секогаш во спомен на Пресветата Владичица и сите светии во Христа, за во вечни векови. А, првиот празник во спомен на Пресвета Богородица е токму Успението, кога светите апостоли биле покрај нејзиниот одар, а потоа биле и сведоци на нејзиниот празен гроб во кој посведочиле дека е вознесена од Бога и со телото во царството небесно гледајќи го и нејзиното јавување опкружена со мноштво ангели како вели „Радувајте се, ќе бидам со вавек„, по ова сведоштво, и почеток на нејзиното празнување, па се до понатамошното догматското утврдување кое доаѓа како закон на верата утврден врз законот на молитвата, сите настани од животот на Пресвета Богородица и Нејзините чуда во Црквата се преточуваат во нејзини празнувања низ вековите, или како што објаснува архимандрит Георгиј Капсанис низ кажувањата на светите отци, о, колку Ѝ должиме на Пресветата! Затоа Ѝ Црквата укажува голема чест и почит на Богородица, бидејќи таа целосно ја принела Својата слобода, Својата слободна волја, целата Себеси на Бога, за да Го прими во Себе и да ни Го донесе.


- 2. Како и од кои прични се појавија сомнежи олицетворени во тоа дека таа е „Христородица“ а не “Богородица“?


Од кои причини? Секако, од непросветлен човечки ум, како и сите други ереси, кога се надеваме исклучиво на сопствениот разум, и кога не го очистуваме срцето од гревот и страстите како тогаш ќе можеме да учиме т.е сведочиме за нешто што го надминува нашиот ум во случајот за Богородица, која е Почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите, и „чија светлина„ како што вели, свети Никодим Светогорец, „ги просветлува дури и ангелските чинови„. Без очистување од страстите нема просветелние, а без тоа нема сведоштво, а без сведоштво за Христа нема ни обожување заради кое сме станале и членови на Црквата. А, светите отци и преподобни мајки постојано се испитувале за просветленоста кажувајќи ја молитвата Богородице Дево, Радувај се благодатна Марие..., стекнале плач и во тоа молитвено давање на Бога, посведочиле дека секогаш Дева Марија е Богородица, а тоа сведоштвото преточено во догма е запишано за нас, да не се мачиме туку да се молиме, па и самите да видиме, а не само да читаме и знаеме, дека Богородица е нашата топла молитвеница и застапничка пред Бога како што се пее во црковните химни. Пресвета Богородице, спаси нè...


 - 3. Се вели дека Црквата на Третиот Вселенски собор непоколебливо и јасно го исповедила учењето за Мајката Божја. Како таа се третира по овој Собор, како тоа во праксата на верските обреди се одразува и меѓу христијанските верници?


Накратко, последната прозба од ектенијата или молитвеното обраќање кон Бога гласи: Спомнувајќи ја Пресветата, Преблагословена, Славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија, самите себе еден на друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме...зборува за односот на Православната Црква кон Пресвета Богородица, а Третиот Вселенски Собор (како и сите) само го актуелизирал она што веќе живеело низ Светиот Дух во Телото Христово - Црквата до тој момент и за вечни векови во слава на Нашиот Отец, а тоа е дека во Пресветата Владичица е сиот пример за послушание, постојана молитва, извршување на Божјите заповеди во љубов за слава Божја потсетувајќи се во Неа дека целиот наш живот е една Света Литургија, Благодарност, а и во самото Свето Евангелие е споменато дека ...Марија ги пазеше сите тие зборови, слагајѓи ги во срцето Свое (Лк.2,19) од моментот на Благовештението, преку Крстот под Кој бдеела гледајќи ги стардањата на Својот Син и Бог наш, па се до нејзиното Успение. Како што сведочат светите отци, кој син нема да ја послуша својата мајка, и како Мајката Божја има сета слобода да е постојана наша молитвена застапничка пред нејзиниот Син уште од првото чудо во Кана Галилејска каде Христос кога го благословува бракот по молба на Својата Мајка ја претвора водата во вино (Јн.2,1-11), па се до сега и во вековите ги услишува Нејзините молитви кога го бараме нашето спасение во Него, и како православни (а, не само ние) сме премногу чувствителни на било кое непочитување кон Мајката Божја, особено во онаа насока од претходното прашање Христородица, затоа, пак и пак, Пресвета Богородице, спаси нè...


 - 4. Дали во христијанството се уште постојат тенденции Пресвета Богородица да се издигне до еднаквоста со Исус Христос


Сите сме еднакви на Бога во Христа, но по благодат, а конкретно за ова прашање повторно ќе си споменеме за свети Григориј Палама, кој сумирајќи го светотоечкото богословие, вели дека Пресветата зазема место веднаш после Пресвета Троица, дека таа е бог (по благодат) веднаш после Бога, бидејќи го поврзува создаденото со несоздаденото и е „прва меѓу спасените„, бидејќи Бог стана човек преку Пресвета Богородица, Таа е „Лествица со која Бог слегува„ и „Лествица која нè изведува од земјата на небото„ и затоа е Поширока од небесата, или накратко што би рекол свето еден наш отец, без Богородица ќе немавме ништо, а преку Неа го добивме Хрстос Богочовекот во Кого имаме сè, затоа непрестајно да Ѝ се молиме Нејзе и Нејзиниот Син.


презвитер Горан Стојчевски



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1129
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1261
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1129
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…