логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Во хуманитарнаta акција, изложени се 50 цртежи од мал формат, изработени во апликациите скеч гуру и скечес.


Отец Пимен, митрополитот Европски на Македонската православна црква-ОА, деновиве се појави со цртежи склопени во изложба насловена „Балерините и нивната публика“, во винскиот бар „Подрум“, во ТЦ Буњаковец во Скопје.Скромно вели дека сакал, ама не стигнал отворањето на продажната хуманитарна изложба да биде на неговиот роденден, 3 октомври, кога наполни 45 години.


Пимен ни раскажуваше за своите цртачки почетоци, па вели дека и до ден денешен на сите состаноци до себе има тефтерчиња кои се целите исцртани, а почнал уште во училише да ги шара тетратките додека учителката зборувала.„Од кога знам за себе цртам“, вели расположено Отец Пимен и додава: „Поголемо внимание на цртањето почнав да обрнувам благодарение на професорот Петар Стрезовски кој во основното училиште во Ресен ми ја даваше довербата да одам на државните натпревари по Ликовно образование, а еднаш учествував и на натпревар за скулптури од глина и песок, бев седмо или осмо одделение. Тогаш почнав и да ги запознавам разните ликовни техники“.Отец Пимен споделува дека негов роднина тогаш бил во Преспанската ликовна колонија, па тој имал можност да се запознае со големи уметнички имиња од тогашна Југославија.


„Добив понуда да се запишам во Средното уметничко во Скопје, но имам две години постара сестра и моите родители не можеа да си дозволат да школуваат две деца во Скопје. Тоа се одложи“, вели Отец Пимен, чија продажна изложба е се уште во тек и ќе трае до 23. овој месец.„Со заминувањето во манастир со Отец Теофил почнавме да работиме на икони, па не набавувавме само пигменти за иконите, туку почнавме да земаме и други материјали со кои се испробувавме во маслена техника, акварел, акрилик. Така, лека полека, дојдов до цртање со телефонска апликација“, објаснува Европскиот митрополит кој вели дека цртањето на мобилен е многу практична работа особено кога се патува.„Има неколку апликации, а техниките кои ги користам се скеч гуру и скечес.
Европскиот митрополит вели дека цртањето на мобилен е многу практична работа, особено кога се патува.


Европскиот митрополит вели дека цртањето на мобилен е многу практична работа, особено кога се патува.Се се работи со прсти, се меморира, се печати – во мојов случај во А5 формат. За да имаат оригиналност ги заштитувам со сув жиг и ги потпишувам. Овие апликации се одлични за експресионистичко изразување и за кроки цртеж. Имаат можност и за комбинација на бои што во овој серијал го користам кога техниката глуми акварел, на пример“, зборува владиката за употребата на мобилниот во ликовната уметност.

 

Во оваа хуманитарна акција, Отец Пимен изложува 50 цртежи од мал формат, од кои голем дел се продадоа, но има уште. Во идејата, тој е поддржан од своите пријатели и другари со кои се дружи кога е во Скопје, па вели некои од нив кои беа волонтери по поплавите во Стајковци и ја донесоа тажната приказна за момчето Гоце кому сега му помагаат.„

 

Тој ем што е со инвалидитет, ем што живее со стара баба, со поплавите ги изгубил видеокасетите на кои собирал музички спотови, снимки од фестивали, од концерти. За да го утешат му рекле дека веќе се има на Јутјуб. Но, тој рекол оти нема ниту комјутер, ниту Интернет. Овие пари се за да му ги набавиме на Гоце тие две основни работи за да си гледа и да си слуша музика, а средствата што ќе останат да ги искористи по своја желба“, ни рече тој околу хуманитарниот дел на изложбата. Овој негов циклус со балерините, инаку рече е инспириран од Едгар Дега, францускиот импресионист. Во центарот се шест балерини, потоа има шест музичари, а останатите ликови се публиката.

Кога ја споменавме музиката, Отец Пимен ни откри дека тој од мал свири саксофон и кларинет и дека неговото семејство од машката страна на Свештаровци свири дувачки инструменти. Татко му бил член на познатиот ресенски блех оркестар што своевремено држел голем реон, за свадби, веселби, погреби. „Музиката е нашиот фамилијарен занает“, насмеан е Отец Пимен кој исто така бил од музички бенд во младоста, а сега со група автори подготвува документарен филм, „Ресен рол“, за сите оние музичари од Ресен кои од 50-тите години наваму свиреле рокенрол. Во филмот ќе биде објавена и композиција од Отец Пимен од 1994 година која досега била во демо верзија.

Отец Пимен повтори дека со здравје и со помош од пријателите, меѓу кои се сите кои на каков било начин ја поддржаа оваа идеја, како и неговиот близок другар од Германија со чија помош ги отпечати и ги врами цртежите, тој ќе биде дел од хуманите акции, за жал за многуте жални приказни.

Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)

  

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1123
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1245
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1122
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…