логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


14 јануари 2010 год.-

Stefan.Bozik.jpg 

Денес, кога Светата Црка го слави празникот на Обрезание на Господ Исус Христос и свети Василиј Велики Архиепископ Кесариски, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на свештенството од Скопската епархија отслужи Божествена Литургија во соборниот храм на св. Климент Охридски во Скопје. На Светата Литургија Архиепископот г.г. Стефан го ракоположи  ѓаконот  Горан Стојчевски   во свештенички чин.  Многубројниот верен народ се причести со Свете Христови Тајни.

На крајот од Светата Литургија, Архиепископот г.г. Стефан, се обрати кон присутниот верен народ со пригодна реч, посакувајќи им успешна Нова Година.

Stefan.Bozik.jpg 

Stefan.Bozik.jpg 

Stefan.Bozik.jpg 

Stefan.Bozik.jpg 

Stefan.Bozik.jpg 

Stefan.Bozik.jpg 

Stefan.Bozik.jpg 

Stefan.Bozik.jpg 

Stefan.Bozik.jpg 

Stefan.Bozik.jpg 

Stefan.Bozik.jpg 

Stefan.Bozik.jpg 

Stefan.Bozik.jpg 

Stefan.Bozik.jpg

Stefan.Bozik.jpg 

Stefan.Bozik.jpg 


 

Stefan.Bozik.jpg 

Прота - ставрофор Драги Костадиновски- „СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ“

Вам кои се боите од Моето име, ќе ве огрее сонцето на правдата, и исцеление ќе има во зраците негови (,,Малах 4,2)
Немаше ништо ново под сонцето благочестиви, освен појавата на Господ Исус Христос како човек - вели св. Јован Дамаскин. Со Неговото Рождество и Воскресение, на човекот кој дотогаш беше окован во гревот и врз него почиваше смртта и ништожноста, широко му се отвори патот кон вечноста, слободата и Царството Небесно. Човекот доби можност да му се радува на животот. Освојувајќи го Христовиот живот човекот започнува да личи на Христа,односно да биде Бог; Бог не по природа, туку Бог по благодат.
Господ благоволи да го прими обрезанието,и на тој начин започна да страда со нас луѓето, и да пие од онаа чаша која требаше да ја испие до дно. Он од утрото на својата младост се зафати со спасоносното дело, започнувајќи да поднесува телесна болка, воедно и душевно да пати за нас, како за свои чеда, се додека не се изобрази во нас самиот Тој, Христос - вели св. апостол Павле (Гал. 4,19). Во осмиот ден од раѓањето, при обрезанието на Богомладенецот му го дадоа името Исус - име, кое беше донесено од небото од Архангел Гаврил, во она време кога на пречистата Дева Марија и ја објави благовеста за зачнувањето. Значи, ние православните кога го славиме обрезанието Христово, всушност го славиме човештвото Христово - вистинскиот хуманизам, а тоа браќа и пет сестри. Тука, во неговото семејство се воспитувал во духот на христијанската вера. Основното образование го завршил во Кесарија. Продолжил да се школува во Цариград а потоа и во Атина. Таму според Божја промисла постанал неразделен другар на Свети Григориј Богослов. Тие постојано биле заедно во дискусиите за верата. Нивниот живот го потчиниле на изучувањето на сите можни науки и правилата за живот кои ги наложувала светата вера православна.
На 30 годишна возраст бил крстен од кесарискиот епископ Дијаниј и ги примил даровите на Светиот Дух. Тогаш се почувствувал за подготвен да ги посети: Сирија, Месопотамија, Палестина и Мисир. Таму имал извонредна можност дирекно да се запознае со начините на практикувањето на верата во монашките заедници. Кога се вратил од оваа посета на источните земји, повторно се сретнал со св. Григориј Богослов и заеднички ја составиле антологијата "Добротољубие", односно ја опишале љубовта кон добродетелите како правило за христијанско живеење.
Силен впечаток му оставила неистоветноста во практикувањето на верата во различити монашки заедници. Повторно заминал да поживее подолго време со монасите и како резултат на тоа живење го напишал делото "Монашки правила" во кое ги поставил нормите за монасите, како да се однесуваат еден кон друг, но и како да се однесуваат при средбите со останатите луѓе.
Во тоа време во Кесарија Кападокиска се случиле големи промени. Починал стариот епископ Дијаниј а на негово место бил поставен за епископ млад човек по име Евсевиј. Новоизбраниот архиереј знаејќи ги способностите преставува повик: Животот на човекот да стане Христоцентричен, односно Богонасочен-Богочовечки.
Новата година е почеток на деновите што ја исполнуваат годината што настапува. А поради тоа спасоносно е во тој ден, во душатра да се приберат мислите, чувствата и расположението. И тоа исклучиво оние мисли кои се надежни за христијанинот и иститре да раководат со сите негови дела во годината што настапува.
Во духовниот развој на човекот ке постои Нова Година само тогаш кога оној што живеел безгрижно-распуштен живот ќе започне да ревнува за своето спасение и ќе се стреми да чекори кон богоугодувањето. Таквиот човек започнува да менува се во себе, но, и околу себе и се потчинува на новите начела на промени. Така му започнува Новата Година која го носи во самопрегор кон вечното и спасоносното.
Ваквата промена преставува обрезание на човековото срце - според светиот апостол - го прави тоа на што не обврзува празнувањето на Обрезанието на Господа. Оваа душевна состојба не придвижува кон расудувањето по повод Новата Година, а се остварува преку нашето внатрешно обновување низ обрезанието на срцето.
Срцето постанува ризница на неизмерно богатство со кое се спечелува Царството Божјо.
За ваквиот пристап кон животот во Христа наоѓаме извонреден пример во личноста на свети Василиј Велики.
Се родил во Кесарија Кападокијска во 330 година во христијанското семејство на Василиј и Емилија. Растел во многудетно семејство. Имал четиримина на св. Василиј Велики го повикал да се врати во Кесарија и го ракоположил за свештеник. Како свештеник св. Василиј Велики се покажал многу плодотворен. На епископот му помагал во сите црковни работи и тоа: во украсувањето на храмовите,во обликувањето благолепие на св. богослужби, оснивање на манастири и толкуванњето на Словото Божјо.
После смртта на архиепископот Евсевиј во 370 година, епископскиот собор на Кападокија за архиепископ го избрале св. Василиј Велики на која должност останал се до крајот на својот живот. Успеал само за кратко време да го возобнови црковниот живот во целост. Иако св. Василиј обрнувал особено внимание за духовниот развој на Црквата не останал незабележан ниту во неизмерната негова љубов кон болните, сиромашните и изнемоштените со што ја поставил и димензијата на неговата хумана активност во Црквата. Во негово време биле изградени прифатилишта за овие луѓе кои што биле наречени според името на св. Василиј Велики - Василијади.
Св. Василиј Велики живеел во времето кога нечестивиот започнал да ја напаѓа Црквата одвнатре. Предизвиканите недоразбирања меѓу верните во Црквата по разните прашања на верата. Своето знаење и авторитет ги ставил на располагање во борбата против приврзаниците на злогласниот Ариј, а со тоа и против царот Валенс.
Се покажал како многу плоден во книжевната делатност. Покрај споменатите дела „добротољубие" и „монашки правила" напишал "Шестоднев" - за светот како создание Божјо. Потоа за Св. Дух, кој во суштина е еднаков на Бог Отецот и Синот Божји. Во петте книги против Евномиј го побил учењето на овој еретик за Второто Лице на Св. Тројца. Тој ни ја оставил и Св. Литургија која се служи во Црквата десет пати годишно и е наречена по неговото име Литургија на Свети Василиј Велики.
Особено внимание св. Василије Велики посветувал на младите и ги поучувал да имаат душевна чистота, да не го осквернуваат телото, да не го оптоваруваат со прекумерна храна и пиење, да ги почитуваат старите, мудрите да ги слушаат, повеќе да размислуваат, а помалку да зборуваат.
Господи, Боже, триедини, помилуј не и спаси не! Благослови ни го Новото Лето 2010! На Тебе слава и вечна пофалба. Амин

 

Stefan.Bozik.jpg 


 

 

 

 

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

20/06/2026 - сабота

Петровденски пости; (риба)

Светиот маченик Теодот Анкирски; Светите маченички Кирјакија, Валерија и Марија; Светиот свештеномаченик Маркел, папа Римски; Светиот свештеномаченик Маркелин, папа Римски; Преподобен Даниил Скитски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная