Премин Портал

Кожувчанка

Naum.na.Lit38

Божествена Литургија во Струмица (20.01.2025 16:43)

Денес, на празникот на Соборот на свети Јован Крстител и Предвесник, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија во црквата „Рождество на свети Јован Крстител“, во Струмица. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

Во беседата на Литургијата, Владиката рече:

     “Се чудам понекогаш на пoвршноста кај луѓето, посебно – ако се во некој свештен чин. На пример, еднаш еден имаше напишано дури и книга против редовното причестување, т.е. против начинот и времето на причестување определено од Светите канони и од Светите отци на Црквата. Од нив е одредено дека не смеат да поминат три недели, а човек неоправдано да не се причести – инаку не се смета за член на Црквата, дека целта на секоја Света Литургија е причестувањето со Телото и Крвта Христови; одредено е и кога и како се пости, одредено е сѐ. Секој што поучува поинаку од одреденото, пренесува демонско учење.

Сепак, суштината на причестувањето се покајанието и плачот; ни честото ни реткото причестување – тоа зависи од условите. Друг, пак, пишувал за молитвата во името Христово – „Господи Исусе Христе, помилуј нас“, и повторно е промашена суштината. Суштината на молитвата се покајанието и плачот; ни која молитва кажуваш, ни дали е долга или кратка, ни колку често ја кажуваш, ни кој ти е духовен отец, ни ништо друго, дури ни дали точно ја кажуваш, важни се само плачот и покајанието, односно, живот восогласен со молитвата. „Исусовата молитва“ е одредена од Самиот наш Господ - Исус Христос, и тоа во исто време со востановувањето на Светата Евхаристија: „Досега ништо не сте барале во Мое име; барајте и ќе добиете“ (Јован 16, 24).

Генерално, ретко кој пишува за суштината. Интересно е што, пак, никој од таквите не сака да знае за едно друго учење од Светите отци – што директно нив ги засега, а тоа е дека за ракополагање во некој од свештените чинови – ѓаконски, презвитерски или епископски, потребно е и внатрешно духовно покритие: за ѓакон – напреден стадиум на очистување на срцето од страстите, за презвитер – просветлување на умот, кое доаѓа од дарот на аскетската умно-срдечна молитва, а за епископ – обожение на личноста.

И повторно се промашува суштината – овој пат на свештеничкиот чин. Има и уште многу друго – а сѐ е поврзано, на пример: не ја сфаќаш умно-срдечната молитвата, а таа е самото внатрешно духовно покритие за презвитерскиот чин што го носиш; да се праша човек – што стварно правиш тука? Но, заморен сум веќе од површноста - и во себе и во другите.“


Божествена Литургија во црквата ,,Св. Јован Крстител" - Струмица. Митрополит Струмички Наум.

 

 http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=8379

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината,

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

« »

Најнови вести

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври   2026

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври 2026

Денес, ние благоверните светло празнуваме,осенети со Твоето Богомајко Пришествие, и гледајќи кон Твојот Пречист образ,

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Апостоле, од Христа Бога возљубен,побрзај да ги избавиш луѓето од беспомошноста,примајќи ги оние кои кон тебе припаѓаат,

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 27 септември/14 септември   2026

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 27 септември/14 септември 2026

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная