логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TviTER788

† Стефан,
Архиепископ Охридски и Македонски

НАДГРОБНО СЛОВО
на Погребението на невинонастраданите Божји чеда во Кочани

Нажалени родители, браќа и сестри, синови и ќерки, сопрузи и сопруги, дедовци и баби, роднини и блиски, соученици и колеги, студенти и соработници, наставници и професори, соседи, сограѓани и пријатели на покојните,

Возљубен народе во Господа,

Наоѓајќи се на овој тажен собир, се прашувам: Зарем малку солзи пролеавме како народ, зарем малку црнила износивме и зарем малку гробови ископавме од најразлични причини, па ни требаше да ја доживееме и оваа сенародна трагедија? Одамна ваква несреќа, одамна ваква и толку бројна младост не беше нѐ собрала како народ и не нѐ повикала за последно збогум, како ова што го доживуваме овие денови и денес во Кочани и во неколку други места во Македонија. Кој можеше да претпостави дека по заслужените денови за одмор, во понеделникот ќе останат празни толку училишни и студентски клупи, дека толкумина нема да се јават на своите работни места и дека тоа им беше последната забава и песна?!

Кој можеше да претпостави дека на тие млади, таа саботна вечер ќе им биде последна и дека веќе не ќе дочекаат ниедно утро и дека на некои од таа ноќ ќе им останат лузни и по телата и во душите за цел живот? Ете, само за миг згаснаа толку млади животи и направија да тагуваат толку семејства, да тагува Македонија. И по ова што ни се случи во Кочани, ако во нешто можеме да се поучиме, тоа е, да работиме ваквите трагедии да не ни се повторуваат. Тоа значи, да ги промениме нашите навики на несовесно и нестручно работење и однесување, и кон себе си и кон другите! И, секако – желбата по заработувачка и богатење, да не нѐ водат нечесни и криминални намери и цели, не имајќи грижа за безбедноста, па дури ни за животите на другите.

Возљубен натажен народе, свесен сум дека при вакви тажни прилики, при разделба со саканите: родител, син или ќерка, брат или сестра, внук или внука, соученик и колега, сосед или пријател и особено при разделба со млади, какви што се покојните пред нас, тешко е да се говори, а уште потешко е да се најдат зборови за утеха.

Во овие мигови на неизмерна болка и жал, присутни во Кочани и во сите места, до кои пристигна веста за трагедијата од она рано неделно утро, нема збор којшто ќе биде доволен за да се ублажат чувствата кај сите коишто тагуваат по изгубените животи на овие млади македонски чеда. А како и не би тагувале? Нема човечко слово коешто може да се каже и кое ќе утеши, но за нас коишто веруваме, утехата ни е Словото Божјо и Неговото спасително дело. Утехата ни е во вистинитоста на Христовото Воскресение и во воскресението на секој кој верувал и живеел живот во Христа. За нас, како христијани, тоа е и разбирливо и сфатливо, зашто Христос воскресна и ја победи смртта!

Возљубен нажален народе, правилно е и оправдано е да тагуваме за ненадоместливата загуба којашто нѐ снајде, но тагувајќи да не бидеме како оние коишто немаат надеж. Светата Црква учи и поучува дека само верата го осветлува мракот на смртта и укажува на патот којшто води кон вечен живот. Оттаму, за нас христијаните, верата е прва и единствена утеха за тагата во ваквите тешки мигови при разделба со своите најблиски. Па, да се молиме за Бог да ни дарува сили за да ја поднесеме трагедијата којашто нѐ снајде. Утеха нека ни биде и тоа што страшната несреќа во Кочани предизвика сенародно жалење кај сиот наш народ, и овде во Татковината и ширум светот. Утеха нека ни бидат и молитвите од претстојатели и претставници на Цркви и на верски заедници, сочувствата од претседатели на држави и поединци од сите страни на светот, како и тоа што денови на жалост прогласија повеќе балкански и европски земји, коишто нашата несреќа ја доживуваат и како своја.

Исто така, тажните собири, речиси во сите градови низ Македонија, се порака дека нашиот народ, и ученици и студенти, и млади и возрасни, сочувствуваат со семејствата на починатите и повредените. Македонија и овој пат плаче за своите чеда и сиот наш народ ја споделува тагата со најблиските на настраданите, зашто загубата на овие млади животи е загуба за сите!

Да се помолиме и да се молиме Бог да ги прости и нивните души да ги насели меѓу праведниците, а вам, нивните родители и блиски, да ви дарува утеха, смирение и оправдана надеж! Амин!

Нека им е вечен споменот!



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

04/05/2026 - понеделник

Светиот свештеномаченик Јануариј и другите со него; Светиот маченик Теодор и другите со него;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Денес е почеток на нашето спасениеи откривање на вечната тајна:Синот Божји станува Син на Дева,и Гаврил блага вест објавува.Затоа и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная