логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

image

Вечерна богослужба во Лешочкиот манастир на празникот Успение на Богородица

27.08.2024 Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен и свештеници од Тетовско-гостиварската епархија, богослужеше Вечерна богослужба во Лешочкиот манастир на празникот Успение на Богородица кој е манастирска слава на Лешочкиот манастирот.

Во средината на храмот беше изложена плаштаницата, на која е изобразено погребението на Пресвета Богородица и се пееја статиите од опелото на Пресвета Богородица, а верниот народ се поклони и оддаде почит на Богомајката.

Митрополитот г. Јосиф се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа на која меѓу другото истакна:

Браќа и сестри, Пресвета Богородица е нашата закрилница, посредница и постојана молитвеница пред Бога Троичниот и пред Нејзиниот Син и наш Бог Спасителот Исус Христос. Вечерва сме собрани во овој свет Манастир, за со молитви и со благодарност да го прославиме чудесниот празник на Успението на Пресветата Владичица наша Богородица, заштитничка на Лешочкиот манастир. Мили мои, денес Црквата празнува нешто необично, нешто толку свето и возвишено, што ниту човечкиот јазик, ниту ангелскиот надсветски јазик, не може достојно да го опише – го празнува погребението на светиот Кивот на Самиот Господ.

Денеска севкупниот свет е исполнет со пофалба кон неа. На нејзиното славно Успение сè се радува. Се радува видливиот, се радува и невидливиот свет. Се радува разумното, се радува и неразумното. За време на Вечерната богослужба слушнавте во стихирите дека се пее на света Богородица и се нарекува и со многу други епитети, но, сега не би можеле да ги наброиме сите, туку може да споменеме една споредба. Таа споредба е скала небесна, по која Бог слезе на земјата и се овоплоти во девствената утроба. Со тоа таа постана скала и на луѓето им овозможи да се искачат на небото. Мајката Божја се нарекува мост кој ги поврзува небото и земјата.    

Можеби оваа споредба на некого ќе му изгледа многу обична, но не е така. Уште во времето кога св. Дева Марија го слушнала архангелскиот поздрав радувај се благодатна, тогаш, помеѓу небото и земјата имаше длабока провалија. Провалијата ја правеше гревот на родот човечки. Една огромна река на гревови течеше и таа бездна го делеше небото и земјата. Гревот е една огромна преграда. Луѓето биле од другата страна на бездната, копнеејќи за Светлината. Но, за да стигнат до таа Светлина им бил потребен мост. Тој мост е Мајката Божја, оти таа Го роди Оној Кој ги поведе луѓето кон Бога. Ете каква е таа споредба на Мајката Божја со мостот кој ги поврзува небото и земјата.

Крајот на Мајката Божја Црквата го нарекува Успение, зашто Таа „како во сон за кратко време заспала и, како од сон, се разбудила“. Во Пресвета Дева е победен природниот закон: смртта, враќање на телото во земја, кое е од земја. Нејзиното тело не вкусило таква смрт; во раѓањето Таа го запазила девството, во Успението го соединила животот; по раѓањето Таа останала Дева и по смртта пребива во животот. Таа заспала, за да се разбуди за живот во вечното блаженство; Таа се преставила пред Животот, пред Изворот на животот, за да ги избави од смрт душите наши со Своите молитви.

Кога ја величаме Мајката Божја и кога секојдневно го читаме нејзиниот акатист пред новата зографисана икона Богородица Лешочка, ние ја осознаваме нашата немоќ. Величајќи ја, сè повеќе се смируваме и сè повеќе се каеме. Преку тоа таа ќе ни биде скоропослушна застапница и ќе ја примиме нејзината закрила, која ќе нè води по благодатниот пат кон спасението. Гледајќи ве сите вас собрани тука во овој древен манастир, наоѓам потврда дека Пресвета Богородица е навистина собор на верните. Молејќи се за сите вас во оваа приквечерина, ја користам оваа прилика како надлежен епархиски архиереј, од ова свето место, од местото каде вечно пребива благословот на Богомајката, да ви испратам на сите мои духовни чеда и на сите верници во Тетовско-гостиварската епархија – благослов за преуспевање и зборови за утеха. кога ви е тешко, кога сте во паника или страв, вашите мисли и молитви и грижи да ѝ ги откриете на Онаа, Која има сила непобедлива, за да преку своето застапнитво пред Нејзиниот Син и наш Бог Исуса Христа, нѐ сочува и нѐ запази чисти и неосквернети од искушенијата.

По молитвите на Пресветата, да се собереме сите под нејзиниот омофор и пред нејзиниот кивот и плаштаница, да Го славиме Бога заеднички, и со нејзината закрила да станеме народ свет, народ побожен, народ кој ја знае и живее својата вековна вера. Амин!

 

 

https://tge.mk/product/vecherna-bogosluzhba-vo-leshochkiot-manastir-na-praznikot-uspenie-na-bogoroditsa

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Ние самите себе се осудуваме, ако со своите дела отпаднеме од Оној преку кого сме создадени и Кој е смисла на нашето постоење, од Богочовекот Христос. Сѐ е информација, нашиот...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

03/06/2025 - вторник


+Св.рамноапостолни цар Константин и царица Елена

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски  учители 24/11 мај 2025

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски учители 24/11 мај 2025

Рамноапостолни  учители на словенските земји,богомудри Кириле и Методие,Владиката на сите молете Го,да ги утврди сите словенски народи

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная