„На 21.4.2022 г., Велики Четврток, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со Архијереите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Нивните Високипреосвештенства, Митрополитите: г. Петар, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски, г. Тимотеј, Митрополит Дебарско-кичевски, г. Агатангел, Митрополит Повардарски, г. Иларион, Митрополит Брегалнички, г. Јосиф, Митрополит Тетовско-гостиварски, г. Григориј, Митрополит Кумановско-осоговски, г. Јосиф, поранешен Митрополит Кумановско-осоговски и Нивните Преосвештенства, Епископите: Хераклејски, г. Климент, Стобиски, г. Јаков и Антаниски, г. Партениј, служеше Света Божествена Литургија, на која го изврши и Чинот осветување на миро, што е основен показател за автокефалност на секоја помесна Црква.
Ова беше четврто осветување на свето миро од возобновувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а потсетуваме дека првото миро после возобновувањето на автокефалноста, нашата Света Црква го добила во 1967 година од тогашниот претстојател на Романската Православна Црква, Патријархот Јустинијан.
На Великиот вход, Архимандритот Никола го носеше алавастерот со светото миро осветено од Архиепископот Михаил во 1996 година, а протопрезвитерите ги носеа алавастрите со новото миро.
После Входот, алавастрите со новото миро беа поставени на светиот престол. Потем, по завршетокот на канонот на Евхаристијата, Архиепископот го освети нововареното миро, а светото миро осветено во 1996 година, беше долиено во новото миро, со што се покажува непрекинатото дејство на Божјата благодат. Тоа ќе биде чувано во Соборниот храм и по потреба предавано на епархиите на нашата Света помесна Црква.“
Друго:
1.- Македонската православна црква по четврти пат во својата автокефална историја вареше Свето Миро.
Варењето Свето Миро е еден од суштинските елеменити на црковниот жиовт. Тоа се прави на посебен начин и постапка која трае цели три дена.
Годинешново варење на миро почна на 18 април во Соборниот храм во присуство на архиепископот г.г. Стефан и други владици. Откако мирото беше сварено во него беа излиени бројните етерични масла и по што новосвареното миро беше излеано во алавастери. Потоа, тоа беше пренесено во олтарот на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, кадешто денеска, за време на Великочетврточната Василиева Литургија, архиепископот во сослужение на останатите архијереи, го освети новото миро. По повеќе од дваесетина години ова е ново варење на миро и вкупно четврто откако македонската црква е возобновена како автокефална во 1967 година.
Првото Свето Миро МПЦ го добила од Бугарската православна црква од Патријархот Кирил кој по прогласувањето на автокефалноста и подарил на МПЦ-ОА, 3 литри Свето Миро во 1967 година.
Осветеното миро е посебно масло со кое во црковните храмови се извршува светата тајна миропомазание по крштевањето и се осветуваат цркви и антиминси. Варењето ба свето миро е одлика на автокефални цркви иако тоа може да се добива и од други православни цркви.-religija.mk
Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...
Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...
Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...
Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...
Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...
Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...
Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....
Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...
Од каде да почнам да ги оплакувам делата на мојо...
Православен календар
28/03/2024 - четврток
Велигденски пости; (строг пост)
Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него: Публиј, Тимолај, Ромил, двајца Александри и двајца Дионисии; Светиот маченик Александар; Светиот маченик Никандар Мисирец;
Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата
Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...
Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син
Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...
Болестите според светоотечкото учење
Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...
Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург
Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност. Повеќе...
Духовни поуки: „Помоли се за мене“
Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...
Живот без стрес
Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес..Повеќе...
Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет
И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака.Повеќе...
Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“
Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети. Повеќе...
ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види
Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...
Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ
Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...
За Моето име
Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња
„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...