логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 
Храм Св. Димитриј- Скопје


 



На 24 јуни 2007 година, на четвртата  недела по Педесетница, на денот кога Православната Црква ги празнува светиот апостол Вартоломеј и  светиот апостол Варнава, Митрополитот  г.Горазд во сослужение со Митрополит Европски г.Пимен, Митрополит Брегалнички г. Иларион отслужи Архиерејска Божествена Литургија во црквата на свети Димитриј во Скопје.






 


 

 


 

Архиепископ Охридски и Македонски г.г.Стефан:


  Еве денес молитвено со Светата Литургија во храмот посветен на Св. великомаченик Димитриј, во храмот кадешто пред 30 години беше извршена хиротонијата во епископски чин на Митрополитот Горазд, одбележавме 30 години епископство во Македонската Pравославна Црква.

.



Гледано од денешен аспект, од денешно време, тие години беа исклучителни по Македонската Православна Црква. Кадровски, Македонската Православна Црква тогаш како да имаше почувствувано еден неизбежен вакум, една промена на генерациите и изборот на епископот тогашен Горазд во највисокиот клир на Македонската Православна Црква, значеше вистинско освежување. Тој во овие 30 години беше архереј, ќе речам, на послушание во Македонската Православна Црква. По она што го слушнавме од Светото Евангелие денес, тој одеше таму кадешто ќе беше пратен и се враќаше таму кадешто сметаше Македонската Православна Црква повторно да го повика и да го постави. Беше пратен во Битола, потоа во Злетовско-струмичката епархија, па во Струмичката епархија и еве своите пензионерски денови ги дочека како Митрополит на Европската епархија, од кадешто кога го повика Македонската Православна Црква да ја ослободи таа епархија, тој послушно тоа го направи. Од името на Светиот Архиерејски Синод, свештенството, на верниот народ на Македонската Православна Црква, искрено му посакуваме уште многу, многу години.“  

 


 


 Митрополит г. Горазд:

„Еве на денешен ден 1977 година, тука бев устоличен за архиереј на Македонската Православна Црква, од раката на првиот архиепископ на обновената Охридска Aрхиепископија, Неговото Блаженство Доситеј во присуство и на дедо Наум високопреосвештен, тогаш беше жив, дедо Кирил и дедо Ангелариј.


Во почетокот имаше повеќе епархии отколку архиереји. 4-5 години бев архиереј во Pеспанско-битолска епархија, па според потребата на Светата Црква бев во Злетовско-струмичката епархија, па потоа ја обновив Струмичката епархија како самостојна кадешто бев 5 години. Најмногу бев во Европската епархија - 12 години и таму од 14 црквени општини во Европската епархија ги направивме 31 црковна општина. Поставивме големи темелници на МПЦ. Ги возобновивме и организиравме скоро во сите држави, а особено во Германија -  14 црквени општини. Така да задоволни сме со нашата 30 годишна дејност.
Оваа година МПЦ одбележува 40 години од автокефалноста и јас сум во тоа славје. Имам 40 години свештеничка служба и со деветте години Богословија и факултет значи дека пола век сум посветен на Македонската Православна Црква и ценам дека таа се движи на добар пат и ќе дојде време кога ќе и ја признаат автокефалноста, којашто и сега ја има. Правото сепак е на наша страна.“


 

ПреминПортал

 

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

Целиот овој настан го сметаме за чудесен, го нарекуваме чудо, гледаме на сето тоа како на нешто невообичаено, нешто што е неможно според нашето разбирање на нештата. Но, Бог прави...

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Сега, прво ќе го цитираме великиот свети Јован Лествичник: „Бесчувствителниот... е безумен философ, учител кој со своето учење се осудува самиот себе, адвокат кој ја застапува противничката странка, слепец кој...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

18/08/2025 - понеделник

Преображенски и Богородичен пост; (строг пост )

Св. маченик Евсигниј; Св. свештеномаченик Фавиј (Фавијан), папа Римски; Св. маченик Понтиј; Света Нона;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Евсигниј 18 август/5 август  2025

Тропар на св. Христов маченик Евсигниј 18 август/5 август 2025

Велики Евсигние на земните цареви војниче,Бог те удостои да посведочиш за Неговата љубов према родот човечки,годините на земниот живот ти...

Тропар на светите седум Отроци  17 август/4 август 2025

Тропар на светите седум Отроци 17 август/4 август 2025

Големи чудеса на вератасе покажаа во пештерата која како царска одаја послужи на Светите седум Отроци,умирајќи без тело, по многу време...

Тропар на св. Божји угодници браќа Макавеи – Авим, Антониј, Гуриј, Елеазар, Евсевон, Алим, Маркел, и нивната мајка Саломија 14 август/1 август   2025

Тропар на св. Божји угодници браќа Макавеи – Авим, Антониј, Гуриј, Елеазар, Евсевон, Алим, Маркел, и нивната мајка Саломија 14 август/1 август 2025

Господе Боже наш, Ти Кој поглед од човека не свртуваш,смилувај се на нас кои на Тебе забораваме,еве во труд срцата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная