логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

Недела пред Богојавление
17ти јануари 2021, лето Господово,

манастир во Калишта-

Рождество на Пресвета Богородица

3.angeli.so.truba

 

„Во овој краток живот, браќа, треба да се погрижиме за своето спасение.

Да имаме страв од нашиот Господ, надевајќи се дека ќе ги примиме оние неискажливи благослови и небесниот живот со ангелите и со Бога, онаа неискажлива слава и онаа светла одаја, во којашто престојува црковниот Младоженец, заедно со Својот Отец и со Светиот Дух.
Ние слушнавме како благовестат евангелистите за овие нешта. Додека сме живи, да ги прифаќаме и да ги исполнуваме.

А како говори апостол Павле? – Често да одиме во црква. Да плачеме и да се каеме за поранешните гревови и да се молиме пак да не паднеме во нив.

Не знам кога ќе налета безбројно мноштво пламени ангели, за да ги грабнат нашите души, кои не направиле некакво добро. Да бидеме Божји угодници, љубезни кон луѓето, да оставиме добар спомен на земјата; да пристапиме добро кон небесата.

 

 

 

 

 

 

Да бидеме вистински христијани, а не само по име. Целото свое тело да Му го предадеме на Бога, откако ќе го одземеме од ѓаволот.

Пред сѐ, да ја допираме земјата со својата глава пред Него, а не да им се закануваме на нашите браќа со неа. Со своите очи да лееме солзи пред Него, а не со нечисти очи да гледаме на успехот на другите. Своите раце набожно да ги подигаме кон Него и да ги простираме за да даваме добар дар; не „да даваме овци, а да одземаме волови“; не „десеткратно да одземаме, а едно од две да даваме“. А и стомакот да си го воздржуваме од многу храни. Со своето срце да воздивнуваме; со душата своја да трогнуваме. Колената често да ги преклонуваме на молитва. Со нозете да трчаме кон Црквата, како Петар и Јован кон гробот Господов, и заедно со нив да станеме учесници во Царството Небесно, во оној светол ден, кога ќе дојде праведниот Судија на облаци, носен од огнени ангели, украсувајќи ги Своите светии со светли венци, а горејќи ги грешниците со огнен пламен. Тогаш Тој ќе ги раскине длабочините на срцата, преку проникнување на Својата мудрост, и ќе оддели мајки од ќерки, синови од татковци, браќа од браќа, сопрузи од сопруги и, општо, ќе ги оддели незнабошците како кози од овци. Тогаш ќе се расплаче од тага секоја душа која го пропуштила времето за покајние. Праведниот Судија ќе каже: „Вие, коишто ве трпев многу, одете од Мене, проклети, во вечен оган!“ И пак ќе рече: „Дојдете вие, благословени од Мојот Отец, наследете го Царството приготвено за вас од создавањето на светот!“
Дај Боже, сите ние да го примиме ова Царство, по молитвите на Света Богородица и на сите светии. Амин!“


Свети Климент Охридски

 3.angeli.so.truba

Преминпортал

Јануари 2021 лето Господово

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021 )

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021 )

Христос нѐ потсетува сите дека нашето Царство не е од овој свет и дека во овој живот нѐ очекуваат и страдања. Со оваа вистина треба да сме начисто и да...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците...

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Срцето на овој степен сè уште е заробено од страстите, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, однатре, го наведува човекот на грев. Колку што човекот слободно му...

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогашна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос –...

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

 Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста,...

Митрополит Струмички Наум:  ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум: ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Севкупниот Домострој на нашето спасение е дело на нашиот Бог – Света Троица, од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух. Овој Домострој е Христоцентричен (исто како и нашиот живот во...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Во животот неизбежно ќе страдаме и ќе носиме крст, сакале или не, и ќе бидеме распнати, сакале или не, и ќе умреме на него, сакале или не, но на крстот...

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

 Во секое наше лично страдање Го препознаваме првенствено Христос и го надградуваме нашиот личносен однос со Него. Самото страдање е реално, но тоа останува во втор план, затоа што преку...

« »