логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

Прeп. Наум Oхридски Чудoтвoрeц -

Божествена Литургија во манастирот на св.Никола, с.Љубанци(05.01.2021)

3.angeli.so.truba

На 5ти јануари 2021 година, во Неделата на Светите Отци, кога Македонската православна црква - Охридска архиепископија - Јустинијана Прима  молитвено го прослави споменот на Прeп. Наум Oхридски Чудoтвoрeц, во манастирот св.Никола во скопско Љубанци, игуменот на манастирската црква Успение на Пресвета Богородица од Берово, отец Фотиј   отслужи Божествена Литургија.

3.angeli.so.truba


Дали Бог ќе го послушате во секојдневниот живот или не, тоа е ваш избор.Зошто? Затоа што постои голем тренд  да имаме една реалност во манастирот или храмот а друга реалност надвор од него.Не постои таква подвоена реалност. Јас сум монах и тука, и на Аљаска,и во Јапонија и во Кореја,секаде сум истиот. Христијанин сум секаде,човек сум секаде. Вие сте христијани и на Нова Година, и во ресторан, и на слава,и секаде. Како духовник јас не сум со вас на тие места, но Светиот Дух е со вас. И сами да останете на Земјата,Светиот Дух повторно ќе биде со вас.

3.angeli.so.truba


Вам ви пречат сите, постојано се правдате, ете и сами да останете во пустина, никого да не гледате ниту слушате, можете толку многу да згрешите самите да се ставите во пеколот а може и со мнозина луѓе да бидете, никогаш на никого да не погрешите, никогаш да не го прекршите зборот Господов и да бидете во Рајот со сите. Како? Едноставно постапувајќи по зборовите: “Мојот брат е мојот живот”. Или мојата сестра е мојот живот.Или секој што е до мене е мојот живот. Што не посакуваш за себе, не посакуваш и за својот ближен а што посакуваш за себе посакуваш и за него. Св.Јован Кронштатски ќе рече: “Биди дарежлив кон другите и немој да им даваш според заслугата туку според нивната потреба. Сето добро што им го правиш на другите, ќе ти биде вратено порано или подоцна, како што и сето зло што си го нанел некому се враќа во твоjата внатрешност”.

3.angeli.so.truba


Мачениците се срамот наш,бидејки ние не сме застанале на здрави нозе,не сме ги сфатиле зборовите што Господ ги кажува и едноставно немаме никакво оправдание за нашиот живот.” – рече во дел од својата проповед отец Фотиј


На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

3.angeli.so.truba

 

 За Преминпортал Симеон Стефковски

2021 лето Господово

 

 

Друго:

3.angeli.so.truba

 

 

 



 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

  Господ Исус Христос донел со Себе и претставил пред луѓето безбројни и незамисливи богатства небесни и ги поканил сите да земаат без мерка, јавно и слободно, но само под...

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

  На првиот степен од духовниот раст вистинско допирање до Христос е очистувањето на срцето од страстите преку исполнувањето на Неговите заповеди, во рамките на целосрдечното послушание. На вториот степен...

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Митрополит Струмички Наум: Свињарски идентитет (27.11.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свињарски идентитет (27.11.2021)

Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? Поради задоволувањето на нашите страсти, кои ни станале поважни од Него. Примерот со луѓето од земјата Гадаринска ни покажува дека ним им беа многу...

 БEСEДА  за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

БEСEДА за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

Ангeл Гoспoдoв ќe вoјува за oниe кoи сe бoјат oд Бoга. Тoа сe пoкажалo јаснo мнoгупати, штo e запишанo, и бeзбрoј пати штo нe e запишанo. Архангeлoт Михаил гo oдбранил...

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

« »