логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.truba

05 октомври/18 октомври 2020 лето Господово

Митрополит г. Тимотеј


Слово на Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, по повод Бигорското илјадалетие, изговорено во храмот на Чесниот Претеча, пред почетокот на Вечерната богослужба, сабота, 17 октомври 2020 лето Господово

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

Денеска сме собрани во овој свет манастир за да одбележиме два значајни поводи. Едниот е воскресниот ден за кој нашата народна песна вели: „нашата вера е убава, секоја недела е Велигден“. Вториот повод е да ја одбележиме илјадагодишнината од постоењето на оваа света обител.

Уште во дамнешните времиња, Бог го опоменувал избраниот еврејски народ преку устата на пророкот Мојсеј со зборовите: „Гледајте, да не го заборавите заветот на Господа, вашиот Бог, што Он го склучи со вас“ (5 Мојс. 4, 23). Нашиот народ, откако ќе го прими христијанството, ќе започне да се просветува и да се издигнува на нивото на останатите културни народи. Пред примањето на христијанството, не само македонскиот народ, туку и сите словенски народи немаат сериозни показатели на своето културно наследство и не даваат особен придонес во културата во светски размери. Но, со примањето на словото Божјо преку рамноапостолните словенски просветители свети Кирил и Методиј, а особено преку нивните најзнаменити ученици Климент и Наум, делото на светите браќа заживеало, а на нашите простори пуштило особено длабоки корени. Токму Евангелието ги учело нашите предци да го почитуваат заветот Божји, односно евангелските заповеди и да ја негуваат верата Христова.

3.angeli.so.truba
Постојат сигурни податоци дека овој манастир постоел во XI век – време кога Самоиловата држава била поразена од страна на византискиот император Василиј II. Со паѓањето на Самоиловото царство, како на политички, така и на социјален план во животот на нашиот народ, настапила тешка и специфична состојба. На црковен план, пак, исто така нашиот народ се соочил со потешкотии, бидејќи на Охридската црква ќе ѝ биде одземено патријаршиското достоинство и ќе биде рангирана како архиепископија. За прв архиепископ ќе биде избран игуменот Јован, кој бил старешина на некој манастир во Дебарскиот крај. Во подоцнежниот период, со падот на Византија и настапувањето на османлиската власт, нашиот народ ќе доживее уште потешка судбина, бидејќи во XV век, Oсманлиите ќе се служат со секакви средства со цел да го исламизираат христијанското население. Тие на христијанското население ќе му нудат различни привилегии, на материјален, социјален и друг план, со цел да ја прифати исламската вера. За жал, еден дел од населението на овие краишта, во подоцнежниот период нема да успее да одолее на овие понуди и ќе го прими исламот. Но, најголем дел од населението на овие простори ревносно ќе ја сочува верата, јазикот, писмото и народноста. Тоа е така најмногу благодарение на дејноста на ова светилиште, кое постојано ги потсетувало нашите предци на заветот Божји.

Во поновата историја, нашиот народ како и другите преживеал големи миграции од село во град, а во поново време и во други земји. Но, верата и јазикот македонски нѐ поврзуваат со нашата родна татковина Македонија, а манастирите како што е Бигорскиот манастир, нѐ опоменуваат и предупредуваат да не ги заборавиме татковските корени, верата на нашите предци и македонските обичаи и традиции. Овој јубилеј од илјада години нека ни послужи да се потсетиме и на дамнешната историја, да помислиме на денешницата, но да размислиме и за заветот кој треба да го оставиме на идните поколенија. Оваа света обител светела и го осветлувала патот на нашиот македонски народ низ долгата и тешка историја. Таа и денеска свети и просветлува и ја осветлува секоја душа која ќе го посети овој наш духовен и национален стожер. Да се обратиме со молитва кон Господа, Тој да ја излее својата благодат врз оваа света обител. Како до сега, така и од сега, таа да свети и да нѐ утврдува за да одиме по Христовиот пат, да го зачуваме националниот македонски бит и верата во Христа воскреснатиот. Да се надеваме на милоста Божја за и во иднина овој манастир да биде за прослава на Севишниот Бог и за спасение на нашите души. Амин.

 

Извор:

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/slovo-na-mitropolit-g-timotej-za-1000-godishninata-na-bigorski/

 

 18ти октомври 2020 лето Господово

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од...

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до...

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку...

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач....

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

 Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство....

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7). Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe...

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега,...

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не...

« »