логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 07. 07.2008 г, н.Капиштец, Скопје

stefan.sv.jovan1.jpg


Денес кога Светата Црква го празнува споменот на Раѓањето на св. Јован Крстител,  Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г.Стефан во сослужение на Митрополит г. Горазд, деканот на Богословскиот факултет, д-р  Ацо Гиревски  и свештенството од Скопска епархија, отслужи Света и Божествена Литургија во истоимената  црква  на светителот,  во населбата Капиштец во Скопје.

stefan.sv.jovan5.jpg

stefan.sv.jovan11.jpg

stefan.sv.jovan13.jpg

stefan.sv.jovan14.jpg

stefan.sv.jovan12.jpg

Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г.Стефан: Беседа на ден 07. 07. 2008 г. 

stefan.sv.jovan7.jpg...Размислувајќи за најголемиот меѓу родениете од жена, за оној којшто  се удостоил да го крсти Господа, мислата ми се задржа на оној податок дека св. Јован уште мал останал без родители, па се повлекол во пустина и таму се подготвувал за големата служба што му претстои. Зошто го нагласувам ова? Најпрво, заради тоа што не само што е тешко да се живее без родители туку туку и заради тоа  што е уште потешко да се избере и да се опстои на вистинскиот пат, како и тоа да се остане пример не само во својата, туки и за сите генерации  во  сите времиња. Одбележувајќи го денес празникот на Раѓањето  на св. Јован Крстител, да размислиме за тоа какви сме ние , каква е нашата генерација, како се снаоѓаме во овие исклучително тешки времиња. Размислувајќи на оваа тема се прашувам што е денес потешко, да се биде родител или да се биде дете.

***

Возљубени во Господа, насочувањето на децата кон изборот и определбата на идниот позив е тешка задача за секој родител. Не е лесно и едноставно,.во кое средно а уште потешко на кој факултет при толку многу наши универзитети.
Но најтешката задача која е потешка и од секое средно, од секој наш факултет, е секако онаа детето да се воспита и да се насочи кон  доброто и во доброто.

И надобрите професии не се најдобри, ако човекот покрај стручноста  во себе нема добрина. Нашите постари родители и дедовци, немаа многу дипломи, немаа познавања од научните области, но знаеа да го разберат, што би рекле , ракописот Божји. Беа исполнети со многу повеќе добродетели, да бидеме искрени  повеќе добродетели отколку ние  што ги имаме,  оваа нашата генерација. Говорејќи за овие во некоја смисла, актуелни, и можеби акутни теми во нашево секојдневие, како  да чувствував  потреба  и да се запрашам, дали конечно ќе најдеме време, ќе најдеме храброст,  ќе најдеме начин  да проговориме за најголемиот проблем меѓу нашите млади генерации .

Злото кое што сите го гледаме и кое .секојдневно уништува и однесува млади животи, уништува цели семејства,...како никој да несака да го спомне, како да се одлага, или ќе речам се премолчува, а таа се повеќе и повеќе се шири, дури според некои информации и во нашите основни  училишта.

Колку само несреќни родители има покрај нас и меѓу нас, колку има такви кои би дале се да го спасат своето дете, од овој наш современ пекол. Во таа насока, во помагањето на тие несреќни млади животи и треба и мора да се направи нешто и од страна на нашата Света Црква. Сите што поскоро треба да го бараме лекот, зашто тоа зло е полошо од сите војни и од сите болести и од сите погрешни професии.

Неодамна слушнавте, дури и татко си го уби синот зависник од дрога и повеќегодишен затвореник заради истото зло. Родителот крена рака  врз  родениот син кој со  своето однесување, со години  ќе речам го убивал својото семејство.

Овој пример верувам дека , за жал  ќе помогне сите ние да размислуваме повеќе, колку и како се грижиме са своите деца, како и тоа, јавно и гласно да побараме од надлежните служби и институции конечно да превземат потребни мерки најпрво за спречување а потоа за отстранување  и се разбира  и за лекување  на зависните од злото на овој век.

stefan.sv.jovan8.jpg
Посветувајќи им  го денешното слово на младите генерации, сакам да го истакнам и видливиот песимизам кога е во прашање нашата македонска иднина. Чести се прилозите во нашите медиуми на темата наталитетот  меѓу македонскиот народ. Прашањето каде одиме како нација со овој просек на едно и помалку,  дете по семејство. Исто така скоро секојднева тема се информациите за испразнетите наши села, па дури за цели територии во Македонија, поради некогашната миграција, село-град, како и печалбарството во шеесетите и седумдесетите години, на минатиот век, процес кој за жал трае сеуште. Во таа смисла се и честите апели да се оженат и омажат оние, кои како на тоа да подзаборавиле.

Тука треба да ги споменеме и честата појава на разводи меѓу нашите млади бракови. Значи сите заедно сме исправени пред многу сериозни проблеми, зашто имаме генерација со многу проблеми и имаме проблеми со се помалку и помалубројни генерации. И за се покрај Бога, ќе речам сами најмногу можеме да си помогнеме..Најдобро е во овие услови во кои што живееме , во овие економски, политички и сите други, проблемите да предизвикаат во нас желба за подобрување на истите со наше учество и сите колку што можеме да дадеме свој придонес за оваа наша земја и овој наш живот, да ни бидат подобри. Не е сета среќа што некои планираат да одат по странство, туку најголемата среќа би била во правењето на подобро живеење овде во родната земја. Ние родените пак овде имаме и обврска да се грижиме , да ја браниме, да ја чуваме , па и да живееме во својата татковина. Само личности со неизградени карактери , личности со недоволно изградено чувство за патриотизам и родољубие, можат своите животи  и животни планови да ги гледаат и планираат единствено во заминувањето од нашава земја. Значи ќе повторам, за се и во се ни е потребно домашното воспитување и насочување. И во поглед на  поведението, и во поглед на учењето, и во поглед на професијата и особено во поглед на нашиот начин на живеење.

Светителите се прекрасни примери кога се во прашање проблемите кои што го измачуваат нашево време, кои што ги измачуваат нашите генерации, кога се во прашање темите  во нашето општествено и црковно живеење. Тие имаат одговор за секоја наша анкета, за секое наше сомневање, и за секоја неизвесност во сегашноста и иднината, за секое оспорување и напаѓање, непризнавање и се друго околу  нашата држава, црква и нација.

stefan.sv.jovan9.jpg

Оној што го љуби Бога ќе најде љубов за се  и за сите. Оној што го носи Бога ќе покаже со делата свои, или оној што знае  која е смислата на црквата Христова на  земјата  ќе најде место и за својата но и за другите цркви, за својот и за другите народи. Ако живееме со Бога, ќе најдеме излез и во најтешките моменти, дури и кога ни е најтешко треба да покажеме подготвеност и да издржиме. Што се не претрпел  св. Јован, денешниот  славеник,  дури и главата ја изгубил но останал вечно да живее во споменот на Светата Црква и неговите почитувачи. Тој денес треба да ни биде пример во тоа што да избереме, што да правиме, и како да ја сакаме вистината и правдата. Нека ни е честит и за многу години денешниов ...празник  и дај Боже да бидеме следбеници на големиот праведник и подвижник Крстителот Господен, св. Јован. Амин

 

stefan.sv.jovan15.jpg

По Литургијата

stefan.sv.jovan17.jpg

Осветување и прекршување на празничниот колач


 stefan.sv.jovan16.jpg

stefan.sv.jovan10.jpg

Посети: {moshits}

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Ние самите себе се осудуваме, ако со своите дела отпаднеме од Оној преку кого сме создадени и Кој е смисла на нашето постоење, од Богочовекот Христос. Сѐ е информација, нашиот...

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

« »

Православен календар

 

08/05/2025 - четврток

+Светиот апостол и евангелист Марко; Свети Анијан епископ Александриски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2025

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2025

Крстот свој во времениот живот носејќи го,на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваасо кои светот сакаше верата во...

Тропар на светиот Христов маченик Сава стратилат и со него седумдесет војници 7 мај/ 24 април 2025

Тропар на светиот Христов маченик Сава стратилат и со него седумдесет војници 7 мај/ 24 април 2025

Седумдесет свеќи се запалија од тебесвет стратилате Саво,кој пламен благодатен од Господа прими,и со таа свита храбро пристапикон војската маченичка...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај/23 април / 2025

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај/23 април / 2025

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная