логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 01.jpg

 02.jpg

Рождеството на Претечата – торжество за Бигорски

24 јуни/7 јули 2016 лето Господово

04.jpg

Не бој се, Захарија, зашто се услиша твојата молба и жена ти Елисавета ќе роди син, и ќе му ставиш име Јован. И ќе бидеш радосен и весел, и мнозина ќе се зарадуваат поради неговото раѓање (Лука 1,13-14).

Рождеството на славниот Претеча е радост преголема, радост сеопфатна. Зашто, ова необично Рождество е предвестие и претеча на полнотата од радоста Божествена од неискажливото воплотување на Словото Божјо. Одблесок на таа Иванденска радост најсилно се читаше на облагодатениот лик на нашиот возљубен Старец и верен служител на Крстителот, Архимандрит Партениј, како и кај целото наше братство и сестринство и огромното мноштво верни, кои пристигнаа на торжествената, сеноќна, роденденска прослава во Свештената Обител Бигорска. А заедничкото славење на овој значаен настан од спасението на човечкиот род, го донесе во Манастирот нашиот драг и пријатен гостин и поранешен бигорски собрат, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, кој претстоеше на долгото и преблагодатно молитвено собрание. Повеќечасовниот молитвен подвиг не ги спречи сепак ни најмалите од кампот за веронаука, со своите чисти детски гласови, да го воспеат Раѓањето на оној кој уште од утробата беше избран да биде гласник и претшественик на Словото Божествено. Утрото, пак, Манастирот со својот празничен амбиент направи достоинствен пречек на нашиот возљубен архипастир, Митрополитот Тимотеј, како и на многупочитуваниот Митрополит Тетовско-гостиварски, г. Јосиф, уште една фиданка од бигорскиот духовен расадник. Беше тоа една чудесна Света Литургија возглавена од нашиот надлежен архиереј и украсена со вдахновеното духовно наѕидание и пофално слово кон „најголемиот меѓу родените од жена“, со кое ги удостои присутните Митрополитот Јосиф:

35.jpg

„Свети Јован, денешниот славеник, уште пред да се роди бил навестен дека ќе биде голем пред Господа, кој со својата личност и дело ќе обрати многу синови Израилеви кон Господа (Лука, 1,15-16). Токму Господ Исус Христос, говорејќи за свети Јован, го запрашал своjoт народ: Што излеговте да видите во пустината? Трска ли што се лулее на ветар? – Ви велам: меѓу родените од жена нема ниеден поголем пророк од Јован Крстител (Лука 7,24-28).

Свети Јован живеел на границата меѓу Стариот и Новиот завет. Тој е последен старозаветен пророк, а како Христов Претеча го подготвувал Неговото доаѓање, станувајќи учесник во новото Христово Царство, зашто тој е глас што вика во пустината: Подгответе Му пат на Господа, прави направете ги во пустината патеките за нашиот Бог... (Иса. 40,3-5). Црковното предание го именува и како голем пророк, силен со духот, истраен подвижник, земен ангел и ангел во тело, светилник на светот, деница на незаодното Сонце итн. И има ли поголем дар од тоа што тој, по промислата Божја, но и заради своето срце, се удостоил да биде Претечата и предвесникот Христов – и на земјата, и во адот. Свети Јован е дотолку голем, што се удостоил да го впери прстот во Христа и да ги искаже зборовите пред кои целата природа и целото човештво занемеле: Еве Го јагнето Божјо, Кое врз Себе ги зема гревовите на светот.

Наоѓајќи се денес во едно од најголемите современи македонски духовни светилишта, во оваа лавра на македонското монаштво и македонските манастири, можеме само да потврдиме каков и колкав впечаток оставиле ликот и делото на свети Јован врз подвигољубивите и монахољубивите души од целиот човечки род. Не без цел му пееме во пофалните песни: Радувај се, Јоване, началнику на пустиниците и тврда и неразрушлива крепост на испосниците, зашто преку тебе, Христос даде образец за пустинскиот живот. Каков поттик дава овој најблагословен пророк – е доказ и ова братство. Љубовта кон Бога, послушанието кон Божјата промисла е смисла за секое добро и спасително дело.

А свети Јован беше сè за Бога: и пророк, и апостол, и праведник, и маченик. Тој е образец и за современиот човек – образец за скромност, вистинољубивост и правдољубивост, за трпеливост, доблести што на модерниот човек му недостасуваат. И еве ги личностите што вистински оставиле трага во историјата. Еве какви треба да бидат нашите примери. Не тоа да се современите идоли кои младите ги обожаваа, а кои ниту учат ниту говорат за вистинските вредности. Нам и на нашите деца, пример за следба, лични херои треба да ни бидат луѓето кои во себе го вселиле Христа, кои станале Христоси.

Кога денес се соочуваме со искушенија на сите страни, треба да сме благодарни што имаме тивко пристаниште како овој Јованов дом, а уште повеќе што во овој дом имаме домаќини полни со љубов и гостопримство, кои доследно го исполнуваат делото на отецот на православното монаштво, кои како претечи го најавуваат и пророкуваат Евангелието таму каде што тоа повеќе не се слуша или се заборавило, кои како крстители – покрстуваат со вода и дух, но и во покајание и покајнички солзи, кои воведуваат во верата и насочуваат кон преданието на Црквата.

Животот и делото на свети Јован Крстител нека ни бидат секогаш пред очи, нека нè поттикнуваат да не забораваме дека сме Господови и дека волјата Божја треба да ја исполнуваме со смирение и кротост, во покајание и молитва.

На игуменот на оваа Света Обител, Архимандритот г. Партениј, на братството и на сестринството од метохот, им го честитам денешното торжество на роденденот на патронот на овој манастир. Светата Литургија нека е на здравје и спасение. Амин!“

07.jpg

 08.jpg

09.jpg

10.jpg

 11.jpg

 12.jpg

14.jpg

 15.jpg16.jpg

 18.jpg

19.jpg

 20.jpg

 25.jpg

 25.jpg

 28.jpg

 31.jpg

33.jpg

36.jpg

39.jpg

40.jpg

 41.jpg

44.jpg

45.jpg

46.jpg

Извор: Бигорски манастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

« »

Православен календар

 

29/04/2024 - понеделник

Велигденски пости; (строг пост)

ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК – Св. мч-чки Агапија, Хионија и Ирина; Св. мач. Леонид

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски  17 април / 30 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 17 април / 30 април 2024

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная