логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Rim_3-001

Значењето на Свети Климент Охридски кој го продолжи делото на светитите Кирил и Методиј е огромно. Неговиот живот е исполнет со значајни дела за кои денес сме благодарни. Тој учествувал во значајната моравска мисија од каде подоцна пристигнува во Рим за да сведочи благословот и потврдата на делото на неговите учители. Својата најзначајна работа ја започнува со доаѓањето во Охрид ...

Со отворање на изложбата „Св. Климент Охридски и неговите претстави во ликовната уметност“ и концертот на гитаристот Дарко Багески вечерва во Рим почна 48. традиционална манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“.

Изложбата која е поставена во Понтификалниот универзитет „Урбанијана“, ја отворија претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, а се обрати и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Изложбата е во организација на Заводот и музеј од Охрид, а е посветена на ликот и делото на свети Климент Охридски. Содржи 38 дела, односно вредни икони поврзани со ликот и делото на свети Климент, копии од фрески од повеќе цркви и манастири во Македонија, како и фотографии од објекти во кои се изложени моштите на охридскиот заштитник. За изложбата е изработен и двојазичен каталог со пригоден текст за св. Климент Охридски и неговото значење за македонскиот народ, како и за неговите ликовни претстави во Македонија и на балканските простории.

Со изложбата се одбележуваат 1100 години од упокојувањето на светителот Климент.

Манифестацијата посветена на светите браќа сесловенските и рамноапостолни  просветители Кирил и Методиј според претседателот на Собранието на Република Македонија е повод за кој сите сме собрани во Рим и се спојуваат патиштата.

Празнувањето на оваа манифестација, смета Вељановски е особено значајно поради единственото историско културолошко и епохално значење на светите Кирил и Методиј произлезено од нивната просветителска мисија.

- Значењето на Свети Климент Охридски кој го продолжи делото на светитите Кирил и Методиј е огромно. Неговиот живот е исполнет со значајни дела за кои денес сме благодарни. Тој учествувал во значајната моравска мисија од каде подоцна пристигнува во Рим за да сведочи благословот и потврдата на делото на неговите учители. Својата најзначајна работа ја започнува со доаѓањето во Охрид.Свети Климент подигнал цркви и манастири и ја основал охридската книжевна школа претворајќи го Охрид во центар на македонската и сесловенска писменост, рече Вељаноски.

Меѓу другото, потенцира тој, за Свети Климент се вели и дека е еден од првите и најистакнати писатели на старата словенска литература, и дека е еден од првите и најистакнати писатели на старата словенска литература.

- Тој во своите пишани зборови и толкување на евангелијата високо ја вреднува милостината советувајќи „гладен да нахраниш, жеден да напоиш, патник да прибереш и гол да облечеш, чест на презвитери да правиш...“. Неговите зборови и денес можат да се применат во секојдневието на нашето современо живеење како начин да се достигне благост, рече Вељаноски отворајќи ја изложбата „Св. Климент Охридски и неговите претстави во ликовната уметност“.

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска рече дека изложбата е несомнено еден придонес во непроценливото наследство што го оставија светите браќа Кирил  и Методиј и нивните следбеници свети Климент и свети Наум, наследство, како што рече, кое и денеска се огледува во живиот и динамичен јазик и култура кои опстојуваат од Западна Европа до крајниот Исток на евроазиското тло.

Rim_-002

- Историјата потврдува дека Македонија уште во далечниот деветти век и даде извонреден пример на Европа докажувајќи дека старата медитеранска култура и цивилизација може своето акумулирано знаење да го пренесе низ големите отворени пространства на континентот, истакна Канческа Милевска.

Изложбата содржи книжевно богаство од над 350 илјади книги напишани на повеќе од 530 светски јазици.

Пред присутните се обрати и амбасадорот на Републка Македонија во Ватикан, Звонимир Јанкуловски, кој оцени дека изложбата е повеќе од уметност и на посетителите нуди духовно доживување.

Присутните ги поздрави и ректорот на Универзитетот каде што е поставена изложбата  Алберто Тревизиол.

Во текот на изминатите години, во рамки на традиционалното чествување на делото на светите браќа Кирил и Методиј во Рим, со поддршка од Министерството за култура беа претставени вредни изложби, меѓу кои: „Македонски бронзи“, „Антички теракотни фигурини од Македонија“, архивската изложба „Македонија низ вековите“, „Словенски ракописи од Македонија од 13 до 19 век“ кои беа презентирани во престижните Ватикански музеи, изложбата на „Македонска резба“ која беше поставена во монументалниот простор на комплексот Виторијано во Рим. Со годинашната изложба на Заводот и музеј од Охрид насловена „Св. Климент Охридски и неговите претстави во ликовната уметност“, Република Македонија го продолжува континуитетот во претставувањето на високите вредности на македонското културно наследство и творештво пред европската и светската јавност.

Во рамки на манифестацијата, утре македонската црковно-државна делегација ќе присуствува на Молебен на гробот на свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим со која ќе чиноначалствува митрополитот Тимотеј.

Традиционалниот прием на македонската делегација кај папата во рамки на оваа манифестација годинава се одржа на 16 мај поради обврски на папата Франциско.

Овој празник традиционално се одбележува со посета на државна делегција од Македонија од 1960 година. Денот во Македонија првпат е одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Света Богородица, а црквата во 11 век го прогласила 24 мај, односно 11 мај по стар стил за ден на светите Кирил и Методиј. Датумот е избран бидејќи го означува почетокот на Моравската мисија.

Rim_-003

Извор: Министерство за култура на РМ



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос...

Извлекување од длабочината на тагата

Извлекување од длабочината на тагата

 Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот –...

 Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се...

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

Но, зошто Бог бара од луѓето благодарност? Поради Својата бескрајна љубов кон луѓето; Бог бара од нас да Му принесеме благодарност. Благодарноста од луѓето нема да Го направи Бога поголем,...

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Кој момент од нашиот живот посебно го чека и користи демонот за да направи обид за преземање на нашиот разум? Демонот постојано си подготвува терен, и преку општата атмосфера што...

БEСEДА  за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

БEСEДА за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

“Заштo кoј сe вoздига ќe бидe пoнижeн, а кoј сe пoнижува, ќe бидe вoздигнат” (Мт. 23:12).Акo нe сe пoнижимe спoрeд дoбрoдeтeлта, ќe нe пoнижи грeвoт. Дoбрoдeтeлта вoди кoн дoбрoвoлнo и...

« »

Православен календар

 

19/01/2026 -понеделник

Богојавление-Водици

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Собор на  св Јован Крстител  20 јануари/   7 јануари  2026

Тропар на Собор на св Јован Крстител 20 јануари/ 7 јануари 2026

Глас 2     Споменот на праведникот е со пофалби,  а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа, Претечо, оти навистина...

Тропар на Богојавление 19 јануари/ 6 јануари /  2026

Тропар на Богојавление 19 јануари/ 6 јануари / 2026

     Кога во Јордан Те крштеваа Тебе Господи,       се покажа поклонувањето на Пресвета Троица:      Родителскиот глас сведочеше...

Тропар на св. Христова девственица блажена Синклитикија  18 јануари/5 јануари 2026

Тропар на св. Христова девственица блажена Синклитикија 18 јануари/5 јануари 2026

Блажена, целомудрена мајко наша Синклитикио, смиреномудрието дишење ти стана, милосрдието – солза со којаги миеше душите на натажените,подвигот телесен ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная