логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Скопје, 4-ти октомври 2015 год.- храм на св. Јован Крстител

БЕСЕДА

о. Зоран Велковски:

ОСУМНАЕСЕТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!

Благочестиви христијани драги браќа и сестри, секој од нас сака да успее во овој живот, секој посакува зад себе да има успешна кариера, добро семејство, убаво воспитани деца, сигурна работа. Сите ние се трудиме добро да го осмислиме својот живот и да достигнеме успеси благодарение на нашиот ум и разум на сопствените сили и способности, без помош од Господа Бога и неговиот благослов. Но токму исклучувањето на Бога и Неговиот благослов од нашите животни активности е причина за нашиот целосен неуспех. Ние успехот го немаме, бидејќи не го бараме на вистинското место. Во контекст на ова, светиот апостол Јаков говори „ Посакувате и немате, а немате бидејќи не молите. Просите, а не добивате, оти зло барате, за да го трошите во вашите похоти ,,(Јак. 4.. 2-3)

Ист таков успех сакале да постигнат и светите апостоли, кои едни, според својот обичај ги фрлале рибарските мрежи во Генисаретското езеро, но цела ноќ ништо не уловиле. Кога Господ Исус Христос го видел тоа, им рекол повторно да ги фрлат мрежите. Апостолите го послушале, ги фрлиле своите мрежи, па уловиле голема количина риба, та дури и мрежите им се скинале. Иако тие цела ноќ се труделе нивниот риболов да биде успешен, иако времето било благопријатно, иако езерската вода била мирна и погодна за богат лов, сепак нивните мрежи останале празни. Очајни од ваквиот резултат тие се пожалиле на Спасителот „ Наставниче цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме!,, Но кога по наредба на Спасителот ги фрлиле мрежите и кога сватиле колку вреди и значи Божјиот збор, тогаш се сетиле дека не смеат да работат ништо без Божјиот благослов. Ова е доказ и за сите нас колку многу значи Божјиот благослов, без него сите наши животни активности пропаѓаат. Не треба многу сила или напор да се вложува, ако пред секое започнување на било каква активност, се прекрстиме, се помолиме и да речеме ,,Господи благослови го мојот труд,, сигурно многумина од нас тогаш го почувствувале Божјиот благослов.

Царот и псалмопејач Давид говори: „Ако господ не ја изѕида куќата, залудно ќе се трудат градителите нејзини, ако Господ не го запази градот, залудно ќе бдее стражата. (Псал. 126-1).
Но уште еден момент од денешниот евангелски настан ни остава длабок впечаток. Апостолите иако ловеле цела ноќ и ништо не уловиле тие не паднале со духот, не се предале на мрзеливост, туку со трпение продолжиле и следната ноќ, па Господ откако го видел таквото трпение ги наградил со голем успех.

Евангелието ни сведочи дека Христос влегол во Петровиот кораб и му наредил на Петар да се оддалечи од брегот па почнал да го поучува народот од коработ. Христовото словесно семе се сеело наоколу и се таложело во човечките души, кои го слушале. Петар тогаш и не забележал што говори Христос, но кога спасителотму рекол: „Заплови во подлабокото“, па кога собрал огромен лов на риби, дури тогаш петар го почувствувал плодот од семето на Христовите зборови. Тогаш Петар почувствувал страв, но ја почувствувал и својата ништожност пред Христа, па затоа рекол:,,Оди си од мене, Господи, оти сум човек грешен!“. Но Христос го смирил:,,Не бој се! Од сега ќе ловиш луѓе!“. Од сега нема да ловиш риби туку во големата Господова мрежа ќе ставаш живи човечки души кои ќе ги извлекуваш од бурите, од секојдневните несреќи и искушенија воведувајќи ги во спокој. И навистина Петар оставил сè и тргнал по Христа.
Затоа да не се плашиме туку да сееме врз сите срца, зашто ни претстои да собереме богата жетва, иако и семето и жетвата е Господова. И навистина ќе дојде време за кое и во Евангелието се говори, дека заедно ќе се радуваат и оној кој сее, но и оној кој ја собира жетвата. Амин!

 

 Друго:



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Како што видовте на Светата литургија, на двата јазика, сите заедно ја служевме оваа литургија без да постои прекин или пречка. Познато ми е за да дојдеме до овој момент,...

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Што правиме ние? Најчесто, не се трудиме доволно да ги извршуваме нашите дневни обврски во послушание, свесно и согласно Божјите заповеди – во слава Негова и за добро на ближните,...

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

Непријателот веќе не го попречува духовниот живот, но настојува да го оскверни, а потоа и да го уништи тоа што е стекнато на тој пат. Тој ти всадува славољубие и...

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Освен ова благодатно проникнување, проземање, друг начин на постоење и спасение за нас, христијаните, е невозможен, и незамислив. Ние не сме етичко тело, ние сме Тело Христово – еден со...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Струмички Наум: Компатибилност на човечкиот со демонскиот разум (Архива)

Митрополит Струмички Наум: Компатибилност на човечкиот со демонскиот разум (Архива)

 Знаењето на умот е љубовното познание на Бог (како просветленост или обоженост), додека, пак, знаењето на разумот – само по себе е познание на практичниот опит во овоземните науки и...

 Митрополит Струмички Наум Отсекување на главата на свети Јован Крстител (10.09.2022 15:45)

Митрополит Струмички Наум Отсекување на главата на свети Јован Крстител (10.09.2022 15:45)

Во Ирод четворовласникот го препознаваме самољубието во сите три негови пројави или потстрасти: сластољубие (желба за телесни задоволства), среброљубие (желба за пари и имот) и славољубие (желба за овоземна власт...

Митрополит Струмички Наум: Ако може смирено, без занесување (05.09.2022)

Митрополит Струмички Наум: Ако може смирено, без занесување (05.09.2022)

Затоа што, иако апостолите беа учесници во толку голема благодат, тие сите се откажаа од Христос, а еден од нив и Го предаде. Ваков пад, од таква духовна висина, е...

« »