логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 22.jpg

  12.jpg

Литија на единството, мирот и љубовта во Струга

24 април/7 мај 2015 лето Господово


09.jpg

10.jpg

12.jpg
Светлото празненство и ликување во Рајчица од изминативе два дена, во чест на светиот и славен Великомаченик Георгиј Победоносец, денес во полнота се премести во нашата прекрасна Струга. И не само што се премести, туку уште и како со царски венец се круниса со торжествената традиционална струшка Еордија. Најпрво, на празничната ктиторска вечерна богослужба, со која началствуваше нашиот надлежен Митрополит Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, во сослужение со Митрополитот Повардарски, г. Агатангел и бројното свештенство од нашата епархија, недогледниот верен народ, собран во соборниот храм на св. Георгиј и надвор околу него, молитвено го прослави светиот Великомаченик и Победоносец, но си спомна и за блажените ктитори, преродбеници на Струга и помагачи на православните светињи, принесувајќи усрдни молитви за покој на нивните души. После оваа силна соборна молитва, нашите почитувани архипастири, заедно со свештениците, ѓаконите и сиот верен народ, насобран од сите краишта на нашата Татковина, наредени во една раскошна празнична поворка со светите мошти и чудотворната икона, и проследени со прекрасните мелодии на победничките тропари во изведба на Градскиот оркестар на Скопје, се упатија низ главните улици на Струга, излевајќи го насекаде благословот на светиот Победоносец. Како незапирливи водоскоци на благодат на чело на свечената литија, светите мошти на Великомаченикот Георгиј, носени оваа година од г. Владимир Кутановски, г. Антон Миса, г. Доне Прентоски и г. Трпе Дејкоски, сјаеја со небесна убавина, небаре најблагоухан цвет среде цветниот балдахин, и со своето неискажливо благоухание го осенуваа воздухот и го привлекуваа Божјото благоволение врз струшките жители. И бидејќи со своите бројни чудеса се покажал како голем закрилник на децата, подобно беше светиот Победоносец да биде најтопло и најсрдечно поздравен токму од најмалите, најмладите членови на КУД „Илинден“ - Струга, кои облечени во народни носии, со радосни восклици и развеани знаменца, заедно со другите дечиња, ги пречекуваа неговите свети мошти, опсипувајќи ги со облаци од цвеќе. И беше толку восхитувачко за душата да се гледа таа долга река од народ, кои со озарени лица и со свештена почит кон Победоносецот Георгиј радосно се движеа низ струшките улици, привлекувајќи ги погледите на мнозинството народ кои сето ова го набљудуваа отстрана и поттикнувајќи ги и тие самите да се придружат на оваа молитвена поворка. Секоја година, оваа веќе шеста по ред откако се возобнови древната струшка Еордија, на иницијатива на нашиот Старец, Архимандрит Партениј и свештеникот Васко Голабовски од Струга, а со благослов на достојнопочитуваниот надлежен архиереј, митрополит Тимотеј, реката народ е сè подолга и подолга, сè повеќе верници доаѓаат од секаде од Македонија за да земат учество во Струшкото торжество. Доаѓаат и си заминуваат вчудоневидени, побогати за едно несекојдневно духовно искуство, понесувајќи го со себе благословот и небесното застапништво на преславниот Великомаченик и Победоносец Георгиј.

Секогаш имаме потреба од твоите свети молитви и смело застапништво, славен наш Победоносецу Георгие, но сега нашите срца со особена усрдност ти се обраќаат тебе, просејќи да ја закрилиш нашата православна Татковина и со своето копје да ги развееш облаците на непријателството што се надвиснале над неа. Прими го нашето смирено молење, простри го својот благослов на целата наша земја, и испроси од Бога благодатна заштита, отклонувајќи ја опасноста од внатрешни раздори и поделби, и извојувајќи победа над мрачните искушенија, зашто ти имаш голема смелост пред Бога милостивиот.

14.jpg

13.jpg

15.jpg

24.jpg

 28.jpg

30.jpg

31.jpg

34.jpg

36.jpg

37.jpg

 

Извор: Бигорски манастир



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

 БEСEДА  за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

БEСEДА за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

Ангeл Гoспoдoв ќe вoјува за oниe кoи сe бoјат oд Бoга. Тoа сe пoкажалo јаснo мнoгупати, штo e запишанo, и бeзбрoј пати штo нe e запишанo. Архангeлoт Михаил гo oдбранил...

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

« »