логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Слово на Неговото Високопреосвештенство, Митрополит дебарско-кичевски г.Тимотеј

изговорено на чинот на осветувањето на конаците Горни и Источен Палат во Бигорскиот манастир (13/26 април 2015 л. Г.)

„Овој е денот што го создаде Господ за да се зарадуваме и да се развеселиме во него“ (Пс. 117, 24).

Ваше блаженство, Ваши високопреосвештенства, почитувани претставници на власта, ваши високопреподобија, пречесни отци и драги браќа и сестри,

Наоѓајќи се во овие Пасхални радосни денови, кога сета вселена, со сите созданија Го прославува најголемото собитие во историјата на човечкиот род, светлото и победоносно Христово Воскресение, и ние денеска имаме повод и причина да се радуваме и да се веселиме. Наоѓајќи се во оваа свештена македонска лавра, богата со илјада годишна традиција, а посветена на светиот Јован Крстител и Претеча Господов, попознат како Бигорски манастир, денес нè собра во неговите свети прегратки. Нè собра за најпрво да го прославиме Господа Бога, а потоа и да го осветиме новоизградениот источен, како и возобновениот северозападен конак или познат како Горни палат. Како секоја институција, која има долга историја, има периоди на искачувања и на паѓања. Овој непишан закон, не го заобиколил ни Бигорскиот манастир.  Тоа се случи на 30 септември 2009 година, кога огнените јазици го проголтаа Горниот палат. Тука должни сме да искажеме благодарност на сите оние што се ангажираа и дадоа сериозен прилог, нештедејќи се себеси гасејќи го пожарот и зачувувајќи ја неоштетена црквата. Во тоа се вгради и месното население, како православното македонско население така и Македонците со исламска вероисповед.

 Ние, да искажеме благодарност на Господа, што сме генерација која учествува во неговото процветување, обновување и што е најважно, живеење според редот и поредокот на еден жив и дејствујушти манастир.

Како архиереј на МПЦ – ОА, со работно и животно делување скоро 34 години на овие простори, имам спомени за временски период кога овој манастир беше сè друго, само не она што треба да биде и за којашто цел и намена истиот е подигнат. Но, тоа е историја која треба да се забележи и да не се заборави. Да не се заборави за да не се повтори. Но, ние денеска, учествуваме во негово ново светло. Изграден, возобновен, украсен, како со своите прекрасни архитектонски решенија, така, уште повеќе го красат и гордеат живите монашки ликови. Оние кои се подвизуваат, се молат во него, како за своите души, така и за македонскиот и за сиот христијански род.

Би биле несправедливи, ако во оваа прилика не го истакнеме значењето, улогата и огромниот придонес на архимандритот Партениј. Тој како игумен на оваа света обител, со неговото братство, кои веќе 20 години се подвизуваат тука и се вградија како живи камења во возобновувањето на оваа свештена обител. Ја користам оваа прилика, најискрено да му се заблагодарам за неговиот труд и за неговиот придонес во заживувањето на ова наше светилиште. Исто така, искажувам благодарност на Владата на Р. Македонија, особено на Министерството за култура, кои дадоа материјална помош за возобновувањето на овие конаци. Исто така, не помала благодарност, искажуваме и кон сите донатори, приложници, благоукрасители, помагачи и посетители на овој свет манастир, чиишто имиња се запишани во Вечната книга на Севишниот, Кој сè знае и сѐ гледа.

На крај им искажувам топла благодарност на Неговото блаженство, на браќата архиереи, на свештенослужителите кои одвоија од нивното време и денес дојдоа со нас да ја споделат и да ја збогатат оваа ретка свеченост, а преку тоа да дадат свој влог во разубавувањето и во историјата на оваа света обител.

Топла и искрена благодарност ви искажуваме и на сите вас браќа и сестри, коишто дојдовте денес во овој свет манастир и зедовте учество во оваа манастирска свеченост. На сите што помогнале, им посакуваме Семилостивиот Господ, стоструко да им возврати со благослов и благодет, а за спасение и вечен живот на нивните души, сега и во сета вечност. Амин!

Извор: Бигорски манастир

Друго:

35.jpg

Осветени конаците Горни и Источен Палат (26.04.2015)

okiril.png

Осветување на конаците Источни и Горни палат

26-ти април, лето Господово 2015 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА за близина на Судијата

БEСEДА за близина на Судијата

За eдeн дeн, братe, мoжeш да ја дoбиeш цeлата вeчнoст. И за eдeн дeн, братe, мoжeш да ја изгубиш цeлата вeчнoст. Ти сe дадeни илјада дeнoви на зeмјата да сe...

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Ми смо створени за вечност. Створени смо да, имајући свако посебан дар, лични, специфичан печат, своју непоновљивост, будемо једно у Господу, будемо једно у Христу, а то јединство се најреалније...

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Бoг му дал мoќ и на нарoдoт да гo знаe вистинскиoт пат, и прeку сoвeста, и прeку прoпoвeдта на Бoжјoтo слoвo, та нарoдoт нe трeба слeпo да ги слeди свoитe...

« »