логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Rozdestvo.Hristovo.sr.jpg

 

Во годината има неколку денови  кога луѓето се спремни  да заборават  на своите овоземни грижи  и вперувајќи го  својот поглед во евангелските случувања  да   се сеќаваат на својот највозвишен призив за вечен живот, да се потсетуваат  дека на небото постои Бог, дека на земјата, меѓу нив,   постои невидливо присутниот Христос, дека постои вистината, дека постои добродетелта. 

Во овие малубројни денови, каков што е и Божиќ, нам,  о пастири на Црквата,  нам ни се враќаат нашите овци расеани по карпите и  долините на светот!
 Тие тогаш не гледаат и го бараат Христа во нашите зборови,  молитви и дела . „Каде Хростос се раѓа?“
Од каде да земеме такви духовни дарови за да го исползуваме овој момент на блесок во нашата темнина и да го возвишиме религиозното расположение на деновите во кои Христос,  постепено проникнува во сиот живот на нашето општество и народ?
 
Но  пред било кој да стигне  да го изусти одговорот,  ќе се чуе од сите страни:  
 „ Ве молам, за какво возвишување на религиозниот живот може да се зборува пред владата да ги подобри условите на нашиот секојдневен живот, да ни обезбеди издржување,  да не осигура од грубите упади на светските власти, пред да не ослободи од светската зависност итн.“

 Што да се каже на овие аргументи?
Да речеме дека се тие точни, да речеме дека надворешните услови на пастирството кај нас се неповолни,
 но сепак, зошто да ги одбиваме средствата за исполнување  на нашата должност и заклетва, кои ни се достапни во секое време и во сите услови од нашиот секојдневен живот и државна положба?

Овие средства  се состојат во  просветување на нашите сопствени  срца со оние вистини на откровението кои што во некои денови од годината сепак, го возвишуваат духот на целиот народ,  над светот и неговата злоба.
 
Ако се загледаме во таква вистина, која  нам ни ја  откриле настаните  на Христовото Раѓање, ќе најдеме во нив  јасно укажување на основните и суштински правила на пастирскиот живот и дејности,  така што денот на раѓањето на Искупителот, Велик и Свет  за сите христијани, има посебно значење за  пастирската свест , зашто,   Оној Кој се роди  e   Пастироначалник и Пастирот  добар,  Кој што дојде во светот за да  го спаси пропаднатото, и да  ги просвети оние  кои седат во мрак и во сенка смртна.
 „Се откри нова тајна “ вели Свети Григориј Богословов, нова  тајна се откри:   Божјиот  човекољубив домострој  за паднатиот низ непослушанието. 
Заради ова е раѓањето и Дева,  заради ова  се јаслите и Витлеем“.  А какви вистини на пастирството  можеме да  зафатиме во оваа нова тајна , во јаслите и Витлеем?
 
Овде гледаме соединување на небесната слава и земната  ништожност,   ја гледаме пештерата но и Ангелите  што пеат  ги созерцуваме,
  јаслите пред себе ги   гледаме,  но над себе,  патеводното небесно светило.|

Повеќе

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

20/06/2026 - сабота

Петровденски пости; (риба)

Светиот маченик Теодот Анкирски; Светите маченички Кирјакија, Валерија и Марија; Светиот свештеномаченик Маркел, папа Римски; Светиот свештеномаченик Маркелин, папа Римски; Преподобен Даниил Скитски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная