логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Chudo.sv.Martin.jpg

Chudo.sv.Martin.jpg

Ги поздравуваме напорите на експертите при НУ Конзерваторски центар за научно докажување на појавата со фреските во скопскиот храм „Свети Димитриј“. Ни претставува особено задоволство што со својот ангажман докажаа на многумина злонамерници дека ниту човечка рака, ниту, пак, некое средство учествувало во чистењето на фреските. Но од друга страна, изразуваме и огромно чудење и сомнеж  во резултатот од истражувањата на оваа наша реномирана установа, иако разбираме дека под притисок на јавноста мораше да се изнесат какви-такви видувања.

Многу аспекти нè наведуваат на нашиот заклучок, зашто како е можно со толку произволен пристап да се донесуваат конечни решенија. Имено, заради поподробно запознавање на пошироката јавност, ако причината за самочистењето на фреските е влагата, која доаѓала од тоа што „подот се трие и се чисти со плискање вода од кофи“, веднаш укажуваме дека подот не се чисти на тој начин, бидејќи храмот нема одвод, туку се чисти со помошно средство-џокер кое само се навлажнува во вода. Оттаму, толку ли е големо ова количество на вода, па да придонесе до таков степен на влага и кондензација, односно да покрие толку голем простор. Второ, храмот не се чистеше на овој начин само пред минатогодишниот Велигден, тоа се случува откога тој постои.

Истовремено, се прашуваме, во контекст на аргументите на експертите дека за самочистењето се „виновни„ „обилните дождови и новоградбите кои ja спречуваат циркулацијата на воздухот“ - како процесот продолжи и во изминатиот период, односно по првичната појава процесот продолжи, кога ниту имаше дождови, ниту влага и зошто сето тоа не се случи порано, особено во зимскиот период минатата година, кога имаше обилни наноси на снег и вода? И, дали ќе следат објаснувања или повторно ќе се постават дилеми – како се појавува нова нијанса на бојата, а зографите, од кој еден е жив, тврди дека не биле сликани така, или од каде е црвената боја која се слеваше по фреските, или, пак, зошто појавата на самоочистување се случи и на иконите во крстилницата, или зошто еден од ангелите на една од Литургиите блесна целиот само во бела боја, а вистинската нијанса е друга, а потоа се врати во претходната состојба и многу други или.... По оваа „научна“ логика, колку ќе се очистат фреските и иконите по последниве обилни дождови?

Ги известуваме верниците на Македонската православна црква дека Светиот архиерејски синод веќе го разгледуваше ова прашање и го задолжи надлежниот архиереј на Скопската епархија да ја документира „оваа пројава на Божјата благодат“, за што е формирана комисија која ги следи необичните појави на фреските и иконите во „Свети Димитриј“, за што се очекува да поднесе и свои видувања и оценки за чудото во овој скопски храм.

СКОПСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА

Лето Господово 2012

 

Друго:

 http://vecer.com.mk/?ItemID=885F656CA6DE1343AE0C532E295B1015

 

 

Друго:

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Кој може да биде ученик Христов (01.12.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кој може да биде ученик Христов (01.12.2020 )

Тоа го направиле мачениците, тоа го направиле вистинските монаси, тоа го направиле сите свети.Во очите на светот тоа изгледа како омраза кон татка си и мајка си, жената и децата...

Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

Сите ние сме гости на овој свет, кои повеќе – кои помалку, повредени од демоните – разбојниците, сместени од милостивиот Самарјанин – Христос, на лекување во гостилницата – Црквата. Гостилничар...

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од...

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до...

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку...

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач....

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

 Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство....

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7). Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe...

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега,...

« »