логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 

Тропар на светиот Хриситов
великомаченик Теодор Стратилат
8 јуни / 21 јуни

    Вистински воин на Словото, Теодоре мачениче,
      со оружјето на верата мудро вооружувајќи се,
       на Небесниот Цар предобар војвода постана,
      победувајќи ги демонските полкови,
                       се покажа како победоносен страдалник,
                         затоа со вера секогаш те прославуваме.

 Извор МПЦ – ОА

 

Тропар на светиот патријарх
Ефрем Антиохиски
8 јуни / 21 јуни

Низ оган беше пробана ревноста твоја
Ефреме свети и низ оган испитана
верата која спасува о, епископе Христов.
Пастирскиот омофор го исповеда
Патот, Вистината и Животот
на Кого ти секогаш моли се
да се спасат нашите души.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светата
Христова маченичка
Калиопа
8 јуни / 21 јуни

Блажена девојко, Калиопо света маченичке,
радост на ангелите, красото на слободата,
во страдањата твои ја видовме слабоста наша,
и чествувајќи го светиот спомен твој,
пред Господа коленичиме,
и на твоите молитви се надеваме.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Христови маченици
Никандар и Маркијан
8 јуни / 21 јуни

Сотрудници на мачениците,
браќа на исповедниците,
венцоносни преславни Никандаре и Маркијане,
гласот Господов над вашите страдања се спростре
и слава ви донесе, вам исповедници
и молитвеници на душите наши.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобниот отец
Зосим Финикиски
8 јуни / 21 јуни

Слуго Божји, Зосим свети, тебе Господарот со секое добро
заради послушанието те награди
и учител во пустината те постави
за да многумина приведеш кон Патот кого ти го гледаше.
Радувај се и за нас моли се оче преподобен
домот наш – дом Христов да постане.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

 

 

 Од Верскиот календар на МПЦ (21.06.2020)

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

 Од Верскиот календар:

Свети Ефрем, патријарх Антиохиски

Во времето на византискиот цар Анастасиј Ефрем беше војвода од источните страни. Им беше познат на сите заради неговата голема побожност и милосрдие и за ова беше многу ценет. Кога требаше да се обновува Антиохија, разурната од земјотрес и оган, царот го одреди војводата Ефрем да раководи со таа работа. Својата должност овој си ја исполнуваше со прилежност и љубов. Меѓу обичните работници ѕидари кај него имаше и некој епископ, којшто од непознати причини го беше оставил епископството и работеше како обичен работник, па никој не знаеше дека тој човек е епископ. Еден ден овој човек прилегна да се одмори од тешкиот напор со останатите работници и заспа. А војводата Ефрем виде како од него се извива огнен столб до небесата. Зачуден и ужаснат Ефрем потоа го повика човекот и го заколна да му каже кој е тој. А човеков долго се стеснуваше, но најпосла призна дека е епископ и му прорече на Ефрем дека набрзо ќе биде посветен за патријарх Антиохиски (местото на патријархот беше испразнето, зашто во земјотресот загина стариот патријарх Енфрасиј). И навистина, тие денови Ефрем беше избран и посветен за патријарх. Заради неговата добрина, чистота и ревност за Православието, Бог му даде голем дар на чудотворство. Еднаш, за да убеди еден еретик дека Православието е вистинито, тој го стави во оган својот омофор, а самиот Му се молеше на Бога. Омофорот стоеше во оган три часа и остана неоштетен. Штом го виде тоа еретикот се преплаши и ја отфрли ереста. Во 546 година Свети Ефрем мирно се упокои и се пресели во Царството Божјо.

Преподобен Зосим Финикиски

Овој светител се роди во селото Синди, во околината на градот Тир. Се подвизуваше во својот манастир близу градот Тир. Бидејќи немаше никакви облаци на својата совест, беше проѕорлив со духот на далечина и знаеше што се случува во светот. Така го проѕре и го виде падот на Антиохија од земјотресот и плачеше горко спрострен на земја за да не го погуби Бог докрај овој град. Еднаш се случи кога патуваше магарето му го изеде лав. Светителот му нареди на лавот да му послужи како магаре и да му го понесе товарот. Лавот се покажа пред него кроток како јагне, го прими товарот и го носеше сѐ до портите на градот Кесарија, каде што Свети Зосим го ослободи од својот товар и го пушти. Овој светител се упокои мирно во 6 век.

Пренос на моштите на Светиот великомаченик Теодор Стратилат

Се празнува на 8 февруари и под тој датум е опишано житието на овој светител. Но на 8 јуни се празнува преносот на неговите мошти од Ираклија во Евхаита, зашто Свети Теодор му заветуваше на својот слуга Вар кога страдаше: „Телото мое положи го во Евхаита, на имотот на моите предци“. Свети Атанасиј Синајски запиша едно чудо од иконата на Свети Теодор. Во местото Карсата близу Дамаск имаше една црква посветена на Свети Теодор Стратилат. Кога Сарацените го покорија Дамаск, една група Сарацени со жени и деца се населија во таа црква. На ѕидот имаше фреска со ликот на Свети Теодор. Еден од Сарацените зеде стрела и со неа го удри лицето од ликот на светителот. Одеднаш од лицето потече крв. А наскоро потоа сите Сарацени од оваа група изумреа овде во црквата. Свети Атанасиј вели дека самиот лично бил во таа црква и го видел ликот на светителот со траги од засирена крв.

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1603
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2054
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1810
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ПЕДЕСЕТНИЦА (19.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: ПЕДЕСЕТНИЦА (19.06.2021)

И после сѐ, како вообичаено, настана расправија за Него, и меѓу народот, и меѓу началниците и фарисеите. Меѓу оние со отворено и оние со закоравено срце. А секогаш, при која...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  за двoјната сила на тајната брак

БEСEДА за двoјната сила на тајната брак

Гoлeма e тајната вo тoа штo чoвeкoта гo oстава свoјoт таткo и свoјата мајка и сe прилeпува кoн свoјата жeна. Самиoт апoстoл, кoј сe вoзвишил дo трeтoтo нeбo и видeл...

Епископ Партениј, Игумен Бигорски: Христовото Вознесение – издигнување и обожение на човечката природа

Епископ Партениј, Игумен Бигорски: Христовото Вознесение – издигнување и обожение на човечката природа

Фактот за Неговото Воскресение, Вознесението и испраќањето на Светиот Дух врз Апостолите е потврден и потпишан со крвта, телесна и духовна, на безбројните Маченици. Сите тие не умреле за некаков...

 протоереј Златко Ангелески - ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН

протоереј Златко Ангелески - ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН

За разлика од Воскресението, Христовото Вознесение многумина го виделе, кога тоа се случило. Така било, зашто верата кај многумина веќе созреала за ова божествено созерцание. А така било и заради...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Ереј Игор Острески: Слепиот

Ереј Игор Острески: Слепиот

Зборувајќи за растот на верата во Бога во човековата душа и за нејзиното значење во животот на луѓето, нашиот Спасител вели: „Ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Самарјанката (29.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Самарјанката (29.05.2021)

Благодатта на Светиот Дух Господ, од часот на нашето Крштение се наоѓа внатре во нашето срце. Но, не е доволно само да сме крстени во Црквата, па да се подразбира...

Митрополит Европски Пимен: На Св. Кирил Солунски - Во Рим 24.05.2021г.

Митрополит Европски Пимен: На Св. Кирил Солунски - Во Рим 24.05.2021г.

Зашто, преку тебе го научивме словото за Христа Бога. Зашто, големо е делото твое да покажеш дека нема избрани јазици за проповед на Големината Негова, туку дека најдобар јазик за...

« »