логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар за страдањето
на светиот маченик Христов
Теодот Анкирски
7 јуни / 20 јуни

Мачениче свети Теодоте,
денес Христос под Крстот те приведе,
пофалба возвестувајќи во црквата Негова,
крст маченички од раката Божја примајќи,
Името свето Господово го прослави,
оче свети од небесните одаи моли се,
да се спасат нашите души.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобниот отец
Данило Скитски
7 јуни / 20 јуни

Учителу на верата Христова која спасува,
сведоку на надежта која смртта ја надминува
монаху кој жезолот пастирски во покров
над браќата го развеа,
Данило преподобен оче
за нас моли се пред Животот вечен.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов маченик
Лукарион
7 јуни / 20 јуни

Славејќи го денес твојот свет спомен Лукарионе,
зборовите Христови душа ни галат:
но змии и шкорпии ќе нагазувате
и никаков отров нема да ве повреди.
На твоите свети молитви надевајќи се
кон тебе повикуваме: радувај се Ликарионе
свет Христов мачениче чие име на небесата е запишано.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Маркел папа Римски
и останатите со него
7 јуни / 20 јуни

Како орел се надви над своите пилиња
свети епископе Маркеле,
и како добар татко ги хранеше со Христовите дарови
свети свештеномачениче,
поругата како награда од светот ја прими,
а од Христа - венец на славата.
Моли се за нас свет пастиру,
пред Оној Кој ги зеде гревовите на светот.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светите
Христови маченички
Марта, Марија, Кирија,
Валерија и Маркија
7 јуни / 20 јуни

Постот, молитвите и бденијата, одаи небесни
ви припремија о блажени девственички
Марта, Марија, Кирија, Валерија и Маркија,
но Небото ве повика уште повисоко да восходите,
затоа залеани со благодат, семе маченичко за нас постанавте, на чии молитви пред Христа секогаш се надеваме.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче 

 

Тропар на светата
Христова маченица
Потамијана
7 јуни / 20 јуни

О, гулабице Христова, девственичке облагодатена, Потамијано света. Радувај се ти Христов миомирису,
кој во купелот од овој свет телото го смири,
и преку страдањето привремено,
во светлината на својот Господ пристигна,
и за нас моли се ти јагне Божјо
од Царството Небесно.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче 

 

Тропар на светиот
свештеномаченик Христов
Маркелин папа Римски
7 јуни / 20 јуни

Покајанието твое свети Маркелине,
нѐ удостои да го видиме венецот на оние
кои себе се понижуваат,
преумувајќи се и горко ридајќи за своите падови.
На твоите молитви сега надевајќи се
Го прославуваме Бога Троичниот
Кој нѐ удостои вакво смирение да видиме.

 


Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

 

 

Од Верскиот календар на МПЦ (20.06.2020)

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

Од Верскиот календар:

sv.Andonik.podvig.jpg



Светиот маченик Теодот Анкирски

Овој Христов маченик беше потаен христијанин и како таков ја помагаше Црквата и чесно ги погребуваше телата на Светите маченици. Така погреба и седум девојки кои пострадаа за Христа. Кога незнабожците дознаа за него, го удрија и него на маки и го погубија (под 18 мај).

Светите маченички Кирјакија, Валерија и Марија

Овие три маченички беа од Кесарија Палестинска. Кога беа прогонувани христијаните, тие се повлекоа од градот во една колиба и таму непресушно Му се молеа на Бога, постејќи и плачејќи, верата Христова да се спростре по целиот свет, а гонењето на Црквата да престане. Некој ги наклевети, па ги изведоа на суд. Мачени и убиени во 304 година. Тогаш овие славни девици се украсија со невенливи маченички венци.

Светиот свештеномаченик Маркел, папа Римски

Во времето на Максимијан беше осуден да чува добици на едно место. За да му угоди на Диоклецијан, којшто го зеде за соцар, Максимијан почна да ѕида во Рим бањи, т. н. Терми и ги гонеше христијаните на тој труд како некогаш Фараонот Евреите во Египет. Мнозина христијани тогаш пострадаа. Пострада и ѓаконот Киријак, којшто имаше голема моќ над демоните и којшто ја исцели демоноопседнатата ќерка на Диоклецијан, Артемија, па и ќерката на персискиот цар, Јовија, и ги крсти и едната и другата. Пострада тогаш и таа Артемија и ѓаконите Синисиј, Смарагд и Ларгиј, другарите на Киријак и ѓаконот Апронијан, и двајцата новокрстени римски војници Папиј и Мавр, и старецот Сатурнин, и Крискентијан, и блажените девици Прискила и Лукина, коишто од своето богатство направија гробници за испоубиените христијански маченици. Светиот папа Маркел долго ги чуваше добиците, па најпосле во глад и понижувања, гнетен од војниците издивна и Му ја предаде својата душа на Бога.

Светиот свештеномаченик Маркелин, папа Римски

Му беше претходник на престолот на римскиот папа Маркел. Па кога Диоклецијан го повика и му се закани со маки, тој им принесе жртва на идолите, заради што царот богато го даруваше со скапоцена облека. Маркелин луто се покаја и плачеше дење и ноќе за своето одрекување од Христа, како некогаш апостолот Петар. Во тоа време имаше некој епископски собор во Кампанија. Папата се облече во кострет, си ја посипа главата со пепел, па влезе во соборот и го исповеда пред сите својот грев просејќи од нив да му судат. Отците му рекоа тој самиот себеси да си пресуди. Тогаш рече: „Се лишувам себеси од свештеничкиот чин, за којшто не сум достоен и уште: телото по смртта да не ми се погребува, туку да се фрли на кучињата!“ Тоа го рече и изрече клетва врз оној којшто би се дрзнал да го погребе. Потоа отиде кај царот Диоклецијан, му ја фрли онаа скапоцена облека, ја исповеда својата вера во Христа и ги нагрди идолите. Разјарен царот нареди, та го мачеа и потоа го убија надвор од градот заедно со тројцата добри мажи: Клавдиј, Кирин и Антонин. Телата на овие тројца беа веднаш погребани, а телото на папата лежеше триесет и шест дена. Тогаш Свети Петар му се јави на новиот папа Маркел и му заповеда да го погребе телото на Маркелин зашто, му рече: „Оној што се понизува себеси ќе се возвиси“.

Преподобен Даниил Скитски

Игумен на прочуениот Скит Мисирски. Ученик на Свети Арсениј и учител на мнозина. Многу од неговите зборови и поуки се ѕвезди патокази за монасите. Еднаш кога варварите го нападнаа Скитот, го викнаа браќата да бега заедно со нив. Тој им одогвори: „Ако Бог не се грижи за мене, што ќе ми е да живеам? “ Уште велеше Даниил: „Колку што телото твое се дебелее, толку душата ти слабее“. Четириесет години се подвизуваше во општежитие, а потоа, во 420 година, се повлече во пустина. Свети Даниил се најде во Александрија кога еден изопачен свекор ја уби својата снаа, Света Томаида, заради нејзиното целомудрие (под 13 април). Тогаш заедно со својот ученик овој светител ја погреба светата страдалница.

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1128
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1256
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1125
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од...

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до...

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку...

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач....

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

 Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство....

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7). Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe...

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега,...

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не...

« »