логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 Blagovestenie.Markov.jpg

Глас четврти:

Денес е почеток на нашето спасение и откривање на вечната тајна: Синот Божји станува Син на Дева, и Гаврил објавува блага вест. Затоа и ние да извикаме кон Богордица: Радувај се, Благодатна, Господ е со Тебе!

Blagovestenie.Markov.jpg

Свето Благовештение

Кога Пресветата Дева наврши единаесет години пребивање и служење во ерусалимскиот храм и четиринаест од раѓањето - значи кога стапи во петнаесеттата година од животот - свештениците ѝ соопштија дека според Законот повеќе не може да остане при храмот, туку треба да пристапи кон веридба и брак. Одговорот на Пресветата Дева беше големо изненадување за тамошните свештеници. Изјави дека Таа себеси Му се посветила на Бога и не сака да стапува во брак со никого.

По Божја Промисла и вдахновение тогаш првосвештеникот Захарија, татко на Св. Јован Крстител, се договори со другите свештеници, па собраа дванаесет безжени луѓе од Давидовото племе за да пронајдат еден на кого што би му ја довериле Дева Марија како на оној кој ќе ја чува Нејзината девственост и ќе се грижи за Неа. Му ја доверија на стариот Јосиф од Назарет, којшто ѝ беше роднина. Во домот Јосифов Пресветата Дева продолжи да живее исто како во Соломоновиот храм, минувајќи го времето во читање на Светото Писмо, во богомислие и ракоделие.

Од дома не излегуваше речиси никогаш ниту се интересираше за светските работи и настани. Малку зборуваше со кого било и никогаш без особена потреба. Најчесто општеше со ќерките на Јосиф. Но кога се исполни времето означено со пророштвото на Даниил и кога Бог благоволи да го исполни ветувањето што му го даде на прогонетиот Адам и на Пророците, на Пресветата Дева ѝ се јави во одајата великиот архангел Гавриил, а некои свештеници пишуваа дека во оној миг Таа го имала пред себе отворено пророштвото на Исаија кој вели: „Ете, девојка ќе зачне и ќе роди син!“ Гавриил ѝ се јави во архангелска светлина и ѝ рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со Тебе!“ И сѐ друго, како што пишува во Евангелието на Божествениот Лука. Со оваа архангелска благовест и со слегувањето на Светиот Дух врз Пречистата Дева, започна спасението на луѓето и обновата на созданието. А историјата на Новиот Завет значи радост за човештвото и за сета твар. (Од Верскиот календар на МПЦ)

Blagovestenie.Markov.jpg


     
Евангелие и поука за 07/04/2021

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Лука 1:24-38

24.     По тие дни зачна неговата жена Елисавета и таеше пет месеци, велејќи:
25.     Така ми направи Господ во деновите, во кои ме погледа, за да го отстрани укорот меѓу луѓето.
26.     А во шестиот месец беше испратен од Бога ангелот Гавриил во галилејскиот град, по име Назарет,
27.     при една девојка, свршена за маж по име Јосиф, од домот Давидов; а името на девојката ? беше Марија.
28.     И кога влезе ангелот при неа, рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!”
29.     А таа, штом го виде, се уплаши од зборовите негови и помисли: „Каков е овој поздрав?”
30.     И ? рече ангелот: „Не бој се, Марија, зашто си нашла милост пред Бога;
31.     и ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе го наречеш со името Исус.
32.     Он ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давида;
33.     и ќе царува над домот Јаковов секогаш, и царството Негово нема да има крај.”
34.     А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа, кога јас не знам за маж?”
35.     Светиот Дух ќе слегне на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји.
36.     Ете и Елисавета, твојата роднина, за која велат дека е неплодна, и таа зачна син во староста своја; нејзе ? е веќе шести месец;
37.     зашто нема да остане во Бога ниеден збор без сила.”
38.     Марија, пак, рече: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!” И ангелот си отиде од неа.

Апостол на празник: Послание на светиот апостол Павле до Евреите 2:11-18

11.     Бидејќи Оној, што осветува, и оние, што се осветуваат, сите се од Еден; и затоа не се срамува да ги нарече браќа, велејќи:
12.     Ќе го возвестам името Твое меѓу браќата Мои, насред црква ќе Те воспеам.
13.     И пак: „Јас ќе се надевам на Него”. И одново: „Ете Ме мене и децата Мои, што Ми ги даде Бог”.
14.     А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, тоа и Он зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној, што ја има власта над смртта, односно ѓаволот;
15.     и да ги избави оние што од страв пред смртта преку целиот живот беа подложени на ропство.
16.     Оти, навистина, не од ангели прими природа, а од потомството на Авраама прими;
17.     затоа должен беше во сe да личи на браќата, па да биде милостив и верен првосвештеник пред Бога, за да ги очисти гревовите народни.
18.     Зашто во она, што Сам претрпе, откако беше искушан, во тоа ќе може и на искушуваните да им помогне.

Паримија на денот: Книга пророк Исаија 26:21;27:1-9

21.     зашто, ете, Господ излегува од Своето живеалиште да ги казни жителите земни за нивното беззаконие, и земјата ќе ја открие голтнатата од неа крв и повеќе нема да ги крие своите убиени.”
1.     Во тој ден Господ ќе го порази со Својот тежок, со Својот голем и јак меч левијатанот – змејот што лета, а левијатанот – лукавиот змеј и ќе го убие морското чудовиште.
2.     „Во тој ден запејте за Него – за саканото лозје.”
3.     Јас, Господ, сум негов чувар, во секој миг го напојувам; ноќе и дење го вардам, за да не влезе некој во него.
4.     Гнев нема во Мене. Но ако некој Ми покаже во него трње и боцки, ќе кренам против него војна, ќе го изгорам сосема, -
5.     освен, ако пребегне кон заштитата Моја и склучи мир со Мене. Тогаш нека склучи мир со Мене.
6.     Во идните дни Јаков ќе се вкорени; Израил ќе пушти гранки и ќе расцути; и вселената ќе се исполни со плодови.
7.     Така ли го поразуваше Он, како што ги поразуваше оние, кои него го поразуваа? Така ли ги убиваше, како што се убивани оние, кои него го убиваа?
8.     Со мерка го казнуваше Ти, кога го отфрлаше; исфрли го со силниот Свој здив, како во ден на источен ветар.
9.     И преку тоа ќе се избрише беззаконието на Јакова; а плод од тоа ќе биде: ќе се симне гревот од него, кога сите камења од жртвениците ќе ги претвори во грутка вар, нема повеќе да стрчат млади шуми и идоли на сонцето.

Паримија на денот: Прва книга Мојсеева (Битие) 9:18-29;10:1

18.     Синовите Ноеви, кои излегоа од ковчегот, беа: Сим, Хам и Јафет. Хам е татко на Хананејците.
19.     Тоа се трите сина Ноеви, и од нив се насели целата земја.
20.     А Ное почна да ја обработува земјата, и насади лозје.
21.     И се напи од виното, па се опи, и легна гол среде шаторот свој.
22.     А Хам, таткото на Хананејците, ја виде голотијата на таткото свој, и излезе, та им го кажа тоа на обајцата браќа свои.
23.     Но Сим и Јафет зедоа облека, и, наметнуваќи ја на рамената свои, појдоа назадешкум и ја покрија со неа голотијата на таткото свој; лицата им беа свртени наназад, и тие не ја видоа голотијата на таткото свој.
24.     А кога се истрезни Ное од виното, дозна што му беше направил помладиот син,
25.     па рече, „Проклет да е Ханан; на браќата свои ќе им биде најдолен слуга!”
26.     И уште рече: „Благословен да е Господ Бог Симов; а Ханан ќе му биде слуга!
27.     Нека го рашири Бог Јафета, и тој нека живее во шаторите на Сим; а Ханан да им биде слуга!”
28.     И поживе Ное по потопот триста и педесет години.
29.     А сe на сe поживе Ное деветстоитни и педесет години; потоа умре.
1.     А ова е родословот на синовите Ноеви: Сим, Хам и Јафет, на кои по потопот им се родија синови.

Паримија на денот: Книга Мудри Соломонови изреки 12:23-28;13:1-9

23.     Расудлив човек го прикрива знаењето свое, а срцето на глупавите ја разгласува својата лудост.
24.     Раката на избраните ќе господари, а на лажливите ќе биде во плен.
25.     Тагата во срцето го притиска човекот, а добриот збор го развеселува.
26.     Праведниот му го покажува патот на ближниот свој, а патот на нечесните ги води во заблуда.
27.     Мрзливиот својот лов не го пече; а трудољубивоста е големо богатство.
28.     По патот на правдата има живот, а во нејзината патека нема смрт.
1.     Мудар син слуша татковата поука, а непослушниот не го слуша прекорот.
2.     Од плодот на устата своја човекот ќе вкуси добро, а душата на беззаконикот ќе загине предвреме.
3.     Кој ја чува устата своја, тој ја чува душата своја; а кој широко ја отора устата своја, тешко нему.
4.     Душата на мрзливиот посакува, но напразно; а душата на работливиот ќе се насити.
5.     Праведиот го мрази лажливиот збор, а нечесниот се срами и нема смелост.
6.     Правдата го чува непорочниот, а нечеснотса го погубува грешникот.
7.     Некој се покажува богат, а нема ништо; друг се прикажува за сиромав, а има големо богатство.
8.     Со богатство човек го искупува животот свој, а сиромавиот и заплашувањето не го слуша.
9.     Светлината на преведниците свети секогаш, а светилото на нечесните згаснува. Подмолните души талкаат во гревови, а праведниците се милостиви и милуваат.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Без дух на покајание, без опит на вистинско послушание, никој не може да стане вистински богослов или свештеник, што значи, личност способна да ги поучи другите на вистинскиот христијански пат.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Тешкотијата да соработуваме со ближниот секогаш произлегува од недостигот на молитва и на љубов! Како што вели Свети Силуан, може да се случи и покрај огнените молитви, напредокот да биде тежок. Покрај тоа, откако успееме во повикот на Името Исусово да заживееме цврсто со некоја личност, стануваме способни да живееме со милиони други личност што и се слични.

 



Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Без дух на покајание, без опит на вистинско послушание, никој не може да стане вистински богослов или свештеник, што значи, личност способна да ги поучи другите на вистинскиот христијански пат.



Значењето и историјата на празникот „Благовештение“

✤✣✤

Огромно и  неприкосновено е значењето на Богородица во животот на Црквата. Таа е Онаа која Му ја даде човечката природа на нашиот Господ Исус Христос; Онаа во која видовме чудесен спој на сите добродетели; Онаа која го исправи старозаветниот престап - преку Ева влезе гревот во човекот, а преку Дева дојде Спасението негово. Некогаш во сетилниот Рај човекот се оддели од Бога, а овде во Црквата, преку Богородица, тој се соединува со Него. Некогаш змијата ѝ шепотеше на Ева, на грев наведувајќи ја, а еве, сега, Архангелот Гавриил, со блага вест Дева ја поздравува, соопштувајќи ѝ за Овоплотувањето кое во неа треба да се изврши.

Ако зборуваме за Христа, „не можеме да ја изоставиме таа што Му даде тело, а кога зборуваме за Богородица, истовремено се осврнуваме и на Христа, зашто таа од Него црпи благодат и значење“ (Митрополит Јеротеј Влахос). И затоа теотокологијата е тесно поврзана со христологијата, што исто така се согледува и во животот на Црквата, во животот на Светиите, чијшто карактеристичен белег е нежната љубов кон Мајката Божја.

„Денес е почетокот на нашето спасение и објавувањето на тајната од вековите...“, се вели во тропарот. И навистина Благовештението е почеток на сите Господови празници, означува „добра вест“ „блага вест“, благоизвестие за најголемата и најрадосната вест во историјата на човештвото, за спасението на човечкиот род, коешто се изврши преку Овоплотувањето на Синот Божји во утробата на Дева Марија.

„Празникот Благовештение е воедно и Господов и Богородичен. Господов бидејќи се однесува на Христа Господа, Којшто беше зачнат во утробата на Богородица, а Богородичен бидејќи се однесува на онаа личност којашто придонесе во зачнувањето и вочовечувањето на Бога Словото“ (Митрополит Јеротеј Влахос).

Воведувањето на овој празник во животот на Црквата може со сигурност да се следи дури од VII век. Но постојат некои факти, според кои неговата историја би можела да го има својот почеток уште од многу порано, односно уште од III век. Имено, постојат неколку беседи кои им се припишуваат на Светите Григориј Чудотворец, Петар Хрисолог и Атанасиј Синајски, но некои истражувачи сметаат дека тие не се автентични. Исто така, во VII век во Назарет постоела базилика посветена на Благовештение, како и базилика во Витлеем, посветена на Раѓањето Христово, што ја изградила Св. царица Елена во куќата каде што се случило Благовештението. Јероним (+420) пишува дека во Назарет, на самото место каде што ѝ се јавил Арх. Гавриил на Пресвета Богородица, постоел храм во спомен на истиот настан. Тогаш зошто не би можеле да кажеме дека овој празник започнал да се слави многу порано, кога веќе уште во   ранохристијанскиот период постоеле храмови посветени на ова свештено собитие? Во прилог на ова се и беседите изговорени во Цариград во V – от век, од страна на Прокло Патријарх Цариградски и Василиј Селевкиски. Нивната содржина зборува за овој настан.

Сигурната историја на празникот може да се следи од VII век, односно од Трулскиот Собор (692 год.), кој предвидува во деновите на Великиот Пост да се служи Литургија на Претходно осветени дарови, освен во сабота и недела, како и на празникот Благовештение.

Богослужбата на овој празник ја пишувале повеќе химнографи, меѓу кои Светите Андреј Критски, Јован Дамаскин, Козма монах, Анатолиј Цариградски, Лав Мудри и други.

 

 

Друго:

Blagovestenie4.jpg

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

Свето Благовештение - Бдение во свештениот Бигорски манастир,

 

1. Свето Благoвeштeниe. Кoга на Прeсвeтата Дeва ѝ сe навршилe eдинаeсeт гoдини
прeстoјувањe и служeњe при храмoт eрусалимски, и чeтиринаeсeт гoдини oд раѓањeтo, значи,
кoга стапи вo 15. гoдина oд живoтoт, свeштeницитe ѝ сooпштилe дeка, спoрeд закoнoт, таа
пoвeќe на мoжe да oстанe при храмoт, туку трeба да сe прстeнува и да стапи вo брак. Нo кoлку
гoлeмo изнeнадувањe за ситe свeштeници бил oдгoвoрoт на Прeсвeтата Дeва дeка таа Му сe
пoсвeтила на Бoга и дeка сака да oстанe дeвoјка дo смртта нe стапувајќи сo никoгo вo брак!
Тoгаш, пo прoмислата и внушeниe Бoжјo, првoсвeштeникoт Захарија, таткoтo на Прeтeчата, вo
дoгoвoр сo oстанатитe свeштeници, сoбрал 12 мажи бeз жeни oд плeмeтo Давидoвo за на eдeн
oд нив да му ја врачат Дeва Марија на чувањe на нeјзинoтo дeвoјчинствo и на старатeлствo за
нeа. И му била врачeна на стариoт Јoсиф, oд Назарeт, кoј имал прeку 60 гoдини, кoј ѝ бил и
рoднина. Вo дoмoт Јoсифoв прeсвeтата Дeва прoдoлжила да живee истo какo и вo
Сoлoмoнoвиoт храм, пoминувајќи гo врeмeтo вo читањe на Свeтoтo Писмo, вo мoлитви,
бoгoразмислувањe, пoст и рабoта. Скoрo никoгаш oд куќата нe излeгувала, ниту сe
интeрeсирала за свeтски рабoти и случувања. Вooпштo, малку сo кoгo гoвoрeла и никoгаш бeз
oсoбeна пoтрeба. Најчeстo вo куќата oпштeла сo двeтe ќeрки на Јoсифа. Нo кoга сe испoлнилo
врeмeтo прoрeчeнo oд прoрoкoт Даниил и кoга Бoг благoвoлил да гo испoлни Свoeтo вeтувањe
дадeнo на изгoнeтиoт Адам и на прoрoцитe, сe јавил вeликиoт архангeл Гаврил вo oдајата на
прeсвeтата Дeва, и тoа, какo штo пишуваат нeкoи свeштeни писатeли, вo мoмeнтoт тoкму кoга
таа ја држeла oтвoрeна книгата на прoрoкoт Исаија и размислувала за нeгoвoтo гoлeмo
прoрoштвo: “Eтe, Дeвица ќe зачнe и ќe рoди Син!” Гаврил ѝ сe јавил вo архангeлска свeтлина и
ѝ рeкoл: “Радувај сe, благoдатна! Гoспoд e сo тeбe!” и oстанататo рeдум какo штo пишува вo
Eвангeлиeтo на бoжeствeниoт Лука. Сo oваа архангeлска благoвeст и сo слeгувањeтo на Свeтиoт
Дух на Прeчистата Дeва, запoчнува спасeниeтo на луѓeтo и oбнoвувањeтo на тварта. Истoријата
на Нoвиoт завeт ја oтвoрил архангeлoт Гаврил сo збoрoвитe: “Радувај сe!” да oзначи сo тoа
дeка Нoвиoт завeт ќe значи радoст за луѓeтo и за сeтo сoзданиe. Oттаму и Благoвeштeниeтo сe
смeта кoлку гoлeм тoлку и радoсeн празник.

2. Св. мч. Пeлагија, Тeoдoсија и Дула. Oвиe три свeти жeни пoстрадалe за Гoспoда.
Пeлагија и Тeoдoсија пoслe самувањeтo и макитe билe заeднo сo мeч исeчeни. А свeтата Дула,
кoја била слугинка, и самата пoстрадала и завршила вo градoт Никoмидија. Три бeли ружи,
пoлeани сo мачeничка крв, ги прeсадил Бoг вo Свoјата нeбeсна градина.

РАСУДУВАЊE
Гo прашалe авва Атанасиј: “Какo e мoжнo Синoт да e рамeн на Oтeцoт?” Тoј oдгoвoрил:
“Какo штo сe двe oчи а eдeн вид”. Прeкрасeн oдгoвoр. Пoкрај oва, ниe мoжeмe да дoдадeмe:
какo штo сe двe уши а eдeн слух. Истo така и за ситe три Бoжји ипoстаси: какo штo има три
свeќи а eдна иста свeтлина.

СOЗEРЦАНИE
Да ја набљудувам Прeсвeта Дeва Марија, и тoа:
1. какo смирeнo, пoслушнo и прeданo Му служeла на Бoга 11 гoдини вo храмoт;
2. какo смирeнo, пoслушнo и прeданo Му служeла на Бoга вo свoјата oдаја вo Назарeт;
3. какo смирeнo, пoслушнo и прeданo ја примила бoжeствeната благoвeст oд архангeлoт
Гаврил.

БEСEДА
за сeмoќта на збoрoт Бoжји
Заштo нeма да oстанe вo Бoга ниeдeн збoр бeз сила (Лк. 1:37).
И рeкoл Бoг да бидe свeтлина и би свeтлина: дoдeка Бoг нe рeкoл, свeтлина нeмалo.
Ниту нeкoј друг ималo штo би знаeл штo e свeтлина дoдeка Бoг нe рeкoл и дoдeка свeтлината
нe пoстанала. Истo така, кoга Бoг рeкoл, тoгаш пoстанала вoдата и сувата зeмја, и свoдoт
ѕвeздeн, и билкитe, и живoтнитe, најпoслe и чoвeкoт. Дoдeка Бoг нe рeкoл, ништo oд сeтo тoа
нeмалo, ниту билo кoј друг oсвeн Бoг знаeл дeка сeтo тoа мoжe да пoстoи. Сo силата на Свoјoт
збoр Бoг сoздал сè штo сoздал на нeбoтo и на зeмјата. Штo и да пoсакал Бoг да бидe, и ќe рeчeл
тoа да бидe, тoа мoралo да бидe, и нe мoжeлo да нe бидe, бидeјќи збoрoт Бoжји e нeoдoлив и
твoрeчки. Сoздавањeтo на свeтoт e гoлeмo чудo на збoрoт Бoжји.
Сoздавајќи ги oвиe твари, Бoг, пак, сo Свoјoт збoр пoставил рeд и начин на пoстoeњe на
ситe твари и oднeсувања на тваритe кoн тваритe. И тoј рeд и начин кoјштo Бoг гo пoставил e
гoлeмo чудo на збoрoт Бoжји.
Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и
начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј e тајна на
Свeтата Трoица, сe случија и сe случуваат oниe пoјави штo луѓeтo ги нарeкуваат пoсeбни чуда.
Eдна таква пoјава e бeзмажнoтo зачнувањe на Гoспoда Исуса Христа вo утрoбата на Прeсвeта
Дeва Марија. Тoа изглeда упаѓањe вo видливиoт и дoстапeн рeд и начин. Тoа раѓањe e
навистина гoлeмo чудo, мoжeби и најгoлeмo чудo штo ни e oткриeнo на нас смртнитe. Нo и
цeлиoт сoздадeн свeт e чудo и цeлиoт видлив и дoстапeн рeд и начин e чудo, и цeлoтo тoа чудo
станалo сo збoрoт Бoжји, истo така, какo штo и Гoспoд сe зачнал вo утрoбата на дeвицата. И oва
и тoа сe случилo сo силата на збoрoт Бoжји. Затoа чудeсниoт Гаврил ѝ oдгoвара на Прeчистата
на нeјзинoтo прашањe, кoe e прашањe за ситe пoкoлeнија: “Какo мoжe тoа да бидe?” - тoј ѝ
oдгoвара: “За Бoга e сè мoжнo штo и да рeчe!”
O Гoспoди Бoжe, Сoздатeлу наш, бeсмртeн и пoстoјан Чудoтвoрeцу, вразуми гo нашиoт
ум за пoвeќe да нe сe сoмнeва, нo да вeрува и вразуми гo нашиoт јазик пoвeќe да нe прашува
туку Тeбe да тe прoславува. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1238
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1561
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная