логоFacebookTwitterYouTubeeMail


lazareva.sabota.jpg
ЛАЗАРЕВА САБОТА

Пред Твоето доброволно страдање, Христе Боже, си им дал на сите луѓе уверување во општото воскресение: зашто во Витанија си го подигнал Лазара четвородневниот со Својата семоќна сила и како Светлодател, Спасителе, си направил слепите да прогледаат. Со своите ученици си влегол во Светиот град, седејќи на осле како на Херувим и така си ги исполнил зборовите на пророкот. Децата еврејски, земајќи палмови гранки, Ти излегоа во пресрет. Затоа и ние, носејќи палмови и маслинови гранки, благодарно Ти воскликнуваме: Осана во висините! Благословен е оној, кој доаѓа во името Господово!
Утрена, Лазарева сабота

 Поуки од светите отци: Внимавај! Предупредувам и сведочам и го објавувам ова со глас разбирлив за сите: ...„Никој кој има непријател да не се приближува до Чесната Трпеза, ниту да го прими Телото Господово.“
Свети Јован Златоуст

Молитва:
 Господи, да се придружиме и ние на пофалната песна за Тебе, Твоето свето и благословено Име нека е прославувано навек! Помогни ни, Господи, да го бараме најнапред Твоето Царство, ништо не претпоставувајќи му, за во сè да се изврши Твојата волја. Амин.

 Читање од Светото Писмо:
 Битие 49, 1-2; 8, 12
 Софониј 3, 14-19
 Захариј 9, 9-15

 Послание до Евреите 12, 28; 13, 8
 Свето Евангелие по Јован 11, 1-45
 
  Созерцание: А Исус и рече: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее.“
Свето Евангелие по Јован 11, 25

Подготви: А.Л.


Од Верскиот календар на МПЦ  


Свети Марко Исповедник, епископ Аретусиски
(во Сирија)     11/04/2009

За неговото страдање известуваат Св. Григориј Богослов и блажениот Теодорит. Според тие извештаи Марко разурнал некој незнабожечки храм во времето на царот Константин и многумина ги превел во христијанската вера. Но кога на царскиот престол седна Јулијан Отстапник, со отпаѓањето на овој цар од верата во Христа и некои аретујски граѓани се одрекоа од Христа и се вратија во незнабоштвото. Сега тие се кренаа на Марко затоа што им го разорил нивниот храм, па побараа или да им изгради храм или да им плати некоја поголема сума пари. Бидејќи старецот Марко се откажа да им направи како што бараа, го биеја, го навредуваа и го влечеа по улиците. Потоа со тенок и јак конец му ги одрежаа ушите, а потоа го разголеа и го намачкаа со мед, па го оставија врзан за едно дрво на летната жега за да го касаат осите, комарците и стршените. Но Христовиот маченик претрпе сѐ без збор. Беше сосем стар, а лицето му светеше како на Господов ангел. Незнабожците ја спуштаа цената за својот храм сѐ пониско и на крајот му побараа на маченикот една сосем незначителна сума којашто тој лесно можеше да им ја плати, но Св. Марко одби да даде и најситна паричка за таа цел. Неговата трпеливост направи огромен впечаток врз граѓаните и за ова почнаа да му се восхитуваат и да сочувствуваат со него и заради ова ја спуштија цената на својот храм речиси на нула, само за да остане жив. Најпосле го пуштија на слобода и еден по еден повторно сите примија од него поука и се вратија во Христовата вера. За слично дело во тоа време пострада и ѓаконот Кирил од градот Илиопол под гората Ливан. Тој беше разбил некои идоли за време на слободата на христијанството, а под Јулијан за ова беше луто мачен. Незнабожците беа толку озлобени на него, што кога го убија со заби му ја распараа утробата. Истиот ден пострадаа со него и многумина други. Злобните незнабожци ги исекоа нивните тела на парчиња, ги помешаа со јачмен и им ги дадоа на свињите. Но набрзо ги постигна казна: забите им испопаѓаа, а на усните им изби неподнослива смрдеа.
 
Преподобен Јован Пустиник     11/04/2009

Син на една христијанка Јулијана во Ерменија. Уште како момче ја остави мајка му и побегна во пустина. Сиот пламтеше од љубов кон Господ Христос. Во пустината најпрво се предаде на раководство на духовникот Фармутиј, којшто толку се беше удостоил кај Бога што ангел Божји секојдневно му носеше леб. По извесно време младиот Јован се оддалечи и се повлече во осаменост. Се спушти во еден сув бунар и внатре помина цели десет години во пост, молитва и бдеење. Св. Фармутиј му носеше од ангелскиот леб и му даваше да јаде. Бидејќи ангелот Божји не сакаше лично да му дава леб на младиот Јован, за да не се погордее, затоа леб му се даваше преку Старецот Фармутиј. По десет години тежок подвиг во бунарот, Свети Јован се престави кај Господ, а неговите мошти се покажаа чудотворни. Поживеа и се прослави во 4 век.

lazareva.sabota.jpg


Лазарова сабота     11/04/2009


На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар, во она време извршено од Богочовекот Исус Христос. Како што сведочи Светото Евангелие, овој настан бил многу непосредно (или шест дена) пред предавството и убиството на Исус Христос на Голгота. Толкувачите гледаат во него предобраз и своевидна духовна подготовка на тогашните сведоци за претстојното Христово воскресение. Во секој случај, своевремено Лазаровото воскресение беше доживеано како најсилен доказ за Божественоста на Господ Христос пред тогашните Јудејци и постана камен на сопнување за мнозина. Но оттогаш мнозина и поверуваа во Него како во Спасител. Некои богослови особено ја растолкуваа човечката и Божествената природа Христова кај Лазаровото воскресение, велејќи дека Господ плачеше пред гробот на Лазар заради Својата човечка љубов кон него како мил пријател, а го воскресна со Својата Божествена сила како Бог.

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2871
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2683
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…