логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Повод: Недела на Православната вера
ДА ЈА ЧУВАМЕ ВЕРАТА ПРАВОСЛАВНА

Во овие обременети и турбулентни времиња често пати луѓето прашуваат: како денес да останеме православни христијани? Како вистински да живееме според нормите на Православната вера? и, каква е наградата или ползата од нашето верување? Одгворот на овие прашања не треба да го бараме на друго место освен во Црквата. Преку нејзиното учење за Бога, за верата и за моралот овозможено ни е да дојдеме до вистинскиот и прав одговор. Впрочем, определувајќи се за Православната вера ние, всушност, се определуваме за Вистината, бидејќи нашата Православна вера не е ништо друго туку - служење за Вистината. Па така служејќи на Вистината лесно ќе се ослободиме од разни предрасуди во овој свет. Затоа велиме, да не лутаме и да не бараме одговор на друго место освен во Црквата Христова.

Hristos.prestol.Kiprijan.jpgКако потврда на ова Господ Исус Христос во светото Евангелие ни советува: “Ќе ја познаете Вистината и Вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:32). Значи, прво и најважно е познавање на Вистината, Кој е Христос Господ. Тука не се мисли на вистината како идеја или мислење, туку Богочовечката личност како мерило за сите и на се’. Оти без познавање на Ви?тината, односно без познавање на Христа ние не можеме да го најдеме вистинскиот одговор на овие и на многу други прашања кои го обременуваат современиот човек.
Во секојдневниот живот соочени сме со разни предизвици. Пред отпочнување на секоја работа, потфат или подвиг се прашуваме: која е целта на сето тоа!? Зошто треба да ја работиме и да ја завршиме оваа или онаа работа? Знаејќи ја, пак, целта ние ги одредуваме мерките, трудот и напорот што треба да го вложиме. Така е и во верата. На самиот почеток на патот на подвигот кон верата, се соочуваме со прашањето: која е целта на Православната вера и зошто треба да веруваме? Одговорот ни го даваат Христовите зборови: “Бидете совршени како што е совршен вашиот Отец Небесен“ (Мат. 5:48). Значи целта на нашата вера и нашето верување е - духовното совршенство слично на Бога. Тоа е најголемиот дострел на човекот во Православна вера. Мораме да признаеме дека такви удобности и привилегии не нуди ниту една филозофија во светот, никоја наука па ниту било која друга религија.
Понатаму Господ Христос низ Евангелието ја одредува програмата, ни го дава рецептот, начинот и патот како да го достигнеме ова совршенство, па вели: “Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе си, и нека го земе својот крст, и нека врви по Мене“ (Лука 9:23). Тука Христос најпрво ни дава до знаење дека подвигот во верата е доброволен и слободен избор на секого и затоа вели: “ако некој сака да врви по Мене“ Во верата никој не е присилен ниту пак приморан дека мора тоа да го прави. Доколку, пак, сакаме совршенство рецептот за негово достигнување е следниот: “нека се одрече од себе си, и нека врви по Мене“. Зборовите “нека се одрече себе си“ не значат дека треба да се изгубиме себе си, туку напротив Он ни советува да се познаеме себе си, кои сме и од каде сме и, преку нашата боголикост и преку подвигот – носење на крстот – да бидеме вистински следбеници Негови. За оние кои ќе ја исполнат оваа програма и овој подвиг ветена е награда – посиновување, односно ќе постанат синови Божји. Да се познаеме себе си значи да сватиме дека сме ние чеда Божји, создадени и дојдени на земјата по Негова волја и по Божјо допу
штение, и дека земниот живот е само време на подготовка за идниот вечен живот и наше повторно враќање кон Бога.
Дека е така ни го потврдува нашиот живот овде на земјата. Во тие зборови и тој подвиг што ни е зададен како задача се содржи вистинската цел и вистинската смисла на нашето живеење. Во тоа е смислата и на нашата Православна вера и на нашето верување кое не е ништо друго, туку - усогласувањето на нашиот живот според христијанските морални норми и исполнување на христијанските вредности. Животот без верата е бесмислен и празен. Ние, луѓето, можеме да се противиме еден со друг, можеме да изнесуваме и говориме разни зборови вака или онака, можеме да изнесуваме разни теории за постанокот на светот и на човекот, но ништо од сето тоа не може да се спореди со животот. Животот т.е. душата на човекот е најголемото богатство и најголемата вредност која треба да ја чуваме. Каква полза или корист ќе имаме ако и целиот свет го спечалиме, а душата ја изгубиме? - вели црковната песна од чинот на погребението. Нашиот живот е потврда на нашата вера, а никако празна или бессмислена приказна, ниту пак мометално мислење кое бргу заминува и се губи или заборава со времето. Затоа знаејќи го ова тогаш многу лесно ќе дојдеме до одговоро
т на предходно поставените прашања.

Причесници Божји
Ние, Православните христијани, сме соучесници во Светоста на Телото и Крвта Христова и, преку благодатта Божја, причесници со Божјите Дарови кои ги добиваме на светата Литургија преку Светата Причест. Но и покрај таквата привилегија не треба да сме затворени во себе и оптеретени само со своето и со себе си. Секогаш треба да сме отворени кон сите и секого. Не смееме да бидеме себични и само за себе, и да не чувствуваме страв од другиот, ниту пак омраза кон некого. Раководно начело треба да ни биде љубовта кон Бога и љубовта кон луѓето. Љубовта треба да биде средство и единствено мерило за нашиот однос кон секого. Без љубов не можеме да бидеме вистински Православни христијани. Ако ја оставиме љубовта и се одвоиме од неа тоа значи дека се двоиме од Христа и постануваме робови на земните и секојдневни стихии. Тогаш постануваме обременети со разни телесни нагони, а и страстите ќе не сопнуваат постојано, а сето тоа ќе не одведе во безизлез и пропаст. Ова ни го потврдуваат многу случаеви од секојдневниот живот.
Ако не постанеме Христови следбеници носејќи Го Христа во себе и носејќи го крстот свој тогаш ќе се оптеретуваме со непотребни работи кои се минливи и празни. Во тој случај телесните нагони и страсти ќе не спуштат толку ниско правејќи нe’ служители само на материјалното, телесното и земното кои, пак, во вечниот живот немаат никаква вредност. Преголемата желба за материјалното од една страна и постојаниот страв и несигурност од друга страна, ќе не’ ослабат не само духовно туку и телесно. Губејќи ја надежта во Бога мислиме дека сите околу нас се злобни и подготвени да ни направат најголемо зло па ние мораме да се браниме и со иста мерка да им возвраќаме. Вистинскиот христијанин не треба така ниту да мисли, а уште помалку да прави. Но, за жал, тоа се случува и ние тоа го правиме!? Одејќи во крајност некои христијани тоа го прават по наговор на некои бајачи и некакви “гледачи на судбината“ или под влијание на разни митолошки, магиски и кривоверни сваќања. Не ретко се случува тие “одредувачи на судбината“ гатачи и гледачи со нивните “прогнози и гледања“ да поттикнуваат непријателство и раздор и во фамилиите к
ако и во односите со ближните. Верувајќи на таквите појави ние постануваме злонамерни, а со тоа и служители на злото. И, наместо преку подвиг и истрајност да бидеме соработници Божји преку благодатта, ние брзоплето постануваме играчки во рацете на опасни лажговци. Всушност, отфрлајќи го духовното ние стануваме служители на ѓаволот. Затоа за да ги избегнеме таквите замки на лукавиот неопходно е добро да ја познаваме Православната вера и добро да ја разликуваме вистинската вера од суеверието и празноверието. Да не бидеме човекопоклоници, туку Богопоклоници. Оти речено е: “Проклет да е секој кој се надева на човек“. Ова не значи дека треба да се оддалечуваме од луѓето, туку напротив го одредува нашиот однос и кон луѓето и кон Бога – Кој е наша единствена Надеж и единствен Спасител. Присуството на такви магиски, митолошки и кривоверни појави зборува за отсуството на вистинската и права вера.

Земни задоволства
Нам често пати замислената среќа и задоволство ни стануваат замена за се’ и сешто па така го избираме широкиот и краток пат што не’ води во пропаст, наместо другиот долг и тесен пат што не’ води до одредената цел – живот вечен. Одрекувајќи се самоволно од целта која е определена од Бога ние го губиме сознанието дека “се е можно за оној кој верува“ (Мат.17:20), оти Бог, за Кого се’ е можно, ни го дарувал тоа преку вистинската вера. Затоа е неопходно сите наши постапки да ги усогласиме и усовршиме во согласност со верата. Низ сите денови на животот, во сите радости и жалости, низ сите добивки и загуби, неопходно е да ја сочуваме верата, оптимизмот и будноста. Овде на земјата да бидеме сведоци на небесните вредности и така секој да се труди да биде “нов човек“.
Таквите возвишени постапки не’ ослободуваат од стравот за пропаст кој, пак, создава несигурност за денес и за утре. Во таквата несигурност некои се оддаваат на разни суеверни работи. Треба да запаметиме дека во вистинската вера нема место за никакви амајлии, магии или било какви кривоверни работи. Нема место за некаков празен мистицизам. Да го бараме она што е највредно и од Бога дадено – вечното спасение. Оти е речено: “Барајте го најпрво Царството Небесно и Неговата правда, а се друго ќе ви се придаде“ (Мат.6:33). Овој редослед на барање е патот на сите оние кои Го бараат Бога и кои Го наоѓаат. Спротивно на нив оние кои се раководат по начинот “земи ден укради“ или “земи се’ што ти пружа животот“ е, всушност, бесцелно лутање лево-десно. Затоа вистинските христијани не треба да губат време ниту да се занимавање со преодни, земни, работи кои денес ги имаме, а утре ќе ги немаме.

Светителите kako пример
Да не мислиме дека ова е тешко за исполнување. Многубројните светители преку нивниот живот не’ поучуваат и ни даваат добар пример дека е можно да се биде вистински христијанин како во минатото така и денес и во секое друго време. Но, ова е можно само доколку го доживуваме на заедничката молитва во храмот, на светата Литургија, како причестени учесници во животот и верата. Ако, пак, целото свое верување во Бога го сведеме само на обично доаѓање в црква и тоа, често пати на крајот од службата, или, пак, само на палење свеќи, тогаш самите се оддалечуваме од Црквата и Нејзината цел, а и од вистинската вера во Бога и се’ преходно реченото ќе ни биде мачно и тешко за исполнување.

 Друго:

 prota.ilijadonev.jpg ГРИЖАТА НА ЦРКВАТА ЗА ВЕЧНОТО СПАСЕНИЕ НА ЛУЃЕТО

 прота-ставрофор ИЛИЈА ДОНЕВ - Македонско православие

 

 

 Посети: {moshits}

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2871
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2683
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…