логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

 

ivica.slava9.jpg

Единственото нешто што ни остана во овој наш отпаднат свет, од благословениот од Творецот начин на постоење во рајската градина, е семејството.
Од самиот момент на нашето отпаѓање како човештво - преку прародителите Адам и Ева - од нашиот Творец и од Неговото Царство, па низ сите векови, семејството ни ја сведочеше, не поучуваше и не воведуваше во врвната смисла, сила и мотив на постоењето - љубовта.
Во својата книга “Уметноста на љубовта” Ерих Фром ќе напише:

“Љубовта е активна сила на човекот, сила што ги пробива ѕидовите кои го раздвојуваат човекот од неговите ближни, која го соединува со другите.” 

А јас ќе додадам дека највидливо, најсилно и најдлабоко силата на љубовта ги поврзува личностите кои сочинуваат брак и семејството. Во нив, како плод на силата на соединувањето - доколку семејството е втемелено на вистинските духовни вредности - меѓуличносните односи (маж - жена, родители - деца, деца - родители, семејство - општество) до тој степен се исполнуваат со жртвена љубов што се разгоруваат како силен оган кој ја одржува светлината и топлината на животот и постоењето во овој наш свет. Без овој љубовен оган кој немилосрдно ги гори сите инфекции кои во нашата личност доаѓаат од злото (завист - гордост - егоизам  - лага - саможивост - желба за уништување и самоуништување. . .) би било невозможно постоењето и опстојувањето на човештвото. И затоа низ сите векови и за сите народи семејството постанало и останало Училиште за Љубов и Живот. Односно, чудесна заедница во која љубовта се прима, дава, за неа и од се учи, во неа се расте, усовршува и уподобува на Оној Кој е Извор на љубовта, затоа што самиот е Љубов (1. Јован. 4, 8)
Калил Џубран во својот “Пророк”, поточно во песната посветена за свадбата  ќе ја исткае со стихови следната вистина која треба да ја разберат сите што се допрени од љубовта:
“Подајте ги своите срца, еден на друг
но не за да ги поседувате,
зашто само раката на Животот
ги држи во прегратка вашите срца.
Стојте заедно, еден до друг, но не преблиску,
зашто и столбовите на храмот се одвоени,
а и дабот и борот не растат во сенката на едниот или другиот.”

 Во духот на горенапишаното би дополнил дека љубовта, животот, бракот и семејството, освен што ни се блиски и соприродни, како воздухот,  водата, земјата. . ., тие се за нас и огромна тајна. И како што многу тајни растајнуваме со учење, така и за љубовта, животот, бракот и семејството - како врвни тајни и вистини - треба да учиме. Причината за големата криза во која денес се наоѓа бракот и семејството во нашето општество, пред се и над се, ја гледам во тоа што огромен процент од современите македонци не сакаат да учат за љубовта, животот, бракот и семејството туку сакат веднаш, неподготвени, да ги конзумираат, и тоа онака, површно, егоистично и себеугодливо. Но, духовните закони ни велат дека такво нешто не може да помине без суд, односно криза, затоа што љубовта, животот, бракот и семејството не се наша своина, туку дарови што Творецот ни ги дарува, а ние преку учење, мудрост, духовност, жртва треба да ги внедриме во себе. И навистина, доволно е да се погледнат статистиките и анализите за тоа колку се големи процентите на разведени бракови, абортирани деца, крајно намалено раѓање на нови личности (наталитет), неплодност, семејни несреќи, полова изопаченост (хомосексуализм, педофилија), демоноподобен хедонизам (блуд, прељуба) безживотност, бесмисленост, зависност од разни видови дроги, апатија, саможивост. . . и се затоа што сакаме да го живееме “својот” живот,  да љубиме и да бидеме љубени, без да знаеме како сето тоа да го правиме и плус со многу сомнителна основа и мотивација.
 Богоизбраниот цар и пророк Давид во еден свој псалм не насочува на следниот начин од каде треба да учиме за љубовта, животот, бракот и семејството:

Блажен е оној што не го следи советот на безбожниците,
не застанува на пат на грешници
и не седи во друштво на развратници,
туку му омилел Законот Господов и за Законот Негов ден и ноќ размислува;
тој е како дрво посадено крај вода изворска, кое својот род го дава навреме и чиј лист не венее  и во се што прави - напредува.
Не, не се такви безбожниците; тие се како прев што ги разнесува ветрот.”
(Псалм 1, 1 - 4)”

 Под Закон Господов учениците Христови ги подразбираат вистините, насоките, советите, заповедите, откровенијата, правилата што нашиот Творец, Отецот и Синот и Светиот Дух, му ги откриваше низ историјата на од Него отпаднатото човештво за истото да не се изгуби низ смртосмрдливите лавиринти на лукавите демонски лаги и искушенија. Самиот Месија (Христос/ Помазаник) го вели следното:

“Одете додека има Светлина за да не ве опфати темнината, а кој оди по темнина, не знае каде оди.” (Јован.12, 35)
 
Секое патување започнува со еден чекор. Се надевам дека и нашето патување кон вистинска исполнувачка и сеобединувачка љубов, кон смислоисполнет спасоносен и плоден живот, кон благословен и животворен брак и кон полно со радост, насмевки и прегратки - семејство ќе започне откако внатре во себе ќе решиме  да учиме од Оној кој не создал да бидеме и љубиме, и тоа вечно.

 

ivica.slava9.jpg

 


Слава на Бога во висините,
на земјата мир, меѓу народите добра воља,
во нашата Македонија благослов, во народот преродба, во семејствата жагор детски, во Црквата сила духовна,
и во сите  радост и благодарност до Оној Кој Вечен Е' !


 

ivica.slava9.jpg

отец  Ивица Тодоров

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2871
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2683
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…