логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


adam.eva.jpg

За да се исповедиме како што прилега, мораме да се подготвиме. Подготовката за исповед има само една цел: да нè наведе да се видиме
такви какви што навистина сме пред Бога, за да можеме да ги исповедаме своите гревови со искрена надеж на простување.
Самоиспитување
За да ги исповедаме своите гревови мораме да знаеме што е грев. А за да го знаеме тоа, мораме да го испитуваме својот живот: што мислиме, што зборуваме и што правиме. Овде настанува голем проблем за многумина од нас, зашто, всушност, немаме соодветни
мерила според кои би сме се оцениле самите. Често проценуваме според оној критериум што сметаме дека е правилен, но кој, всушност, е далеку од христијанството како небото од земјата. На пример, се проценуваме според сопствената идеја за нормално човечко суштество: „Нормални сме, просечни, како другите, не сме полоши...”
Или според критериумите што преовладуваат во општеството. „Чесни граѓани сме, го почитуваме законот, работиме напорно, вредни домаќини сме...”
Или според некоја увежбана црковна навика, која сама по себе и за себе нема никаква вистинска христијанска вредност: „Одиме во црква во недела, не јадеме месо во петок, ги кажуваме молитвите, не се веселиме за време на пост...”
Или, конечно, според старозавените мерила, кои се мошне добри, но не сосема еднакви со она што е христијанско: „Не крадеме, не лажеме,
не убиваме, не правиме прељуба...”
Важно е самоиспитувањето да биде еден длабок и сериозен поглед на сопствениот живот. Покрај искреност и храброст, мора да постои и желба нешто навистина да се види. Тоа мора да биде и проценка направена точно според христијанските мерила, христијанскиот живот и учењето на нашиот Господ Исус Христос.

 Проучување на Господовото учење

Пред да се проучиме себе си, мораме да го проучиме Евангелието и целиот Нов завет. Како ќе расудуваме за себе според христијанските мерила, ако не ги знаеме или ако не ги сфаќаме сериозно? Според тоа, во подготвувањето за исповед треба да поминеме повеќе време гледајќи во Христа, отколку гледајќи во себе. Навистина, вистина е дека можеме појасно да се видиме себе си гледајќи Го Христа накратко, отколку гледајќи се себе си со часови.
Христијаните треба да го знаат Евангелието и учењето на Новиот Завет. Во подготовка за исповед, црковните отци означиле некои посебни пасуси кои можат да ни помогнат кога се набљудуваме самите какви сме и какви би требало
да бидеме. Тоа се следните пасуси:
1. Беседата на гората, Матеј, глави 5, 6, 7; Лука 6;
2. Последните глави од Послание на св. апостол Павле до Римјаните 12, 13, 14;
3. 13. глава од Прво послание на св. апостол
Павле до Коринтјаните;
4. Прво послание на св. Јован Богослов.
Се разбира, овие пасуси не ја исцрпуваат полнотата на христијанскиот живот, но се непроценливи во самоиспитувањето. Ако ги прочитаме внимателно – а сите тие заедно не сочинуваатповеќе од четиринаесеттина страници од обичното издание на Библијата – и внимателно ги споредиме со нашите ставови и дела, ќе имаме повеќе од доволна можност да се преиспитаме во согласност со мерилата според кои христијаните единствено можат да се мерат.
Молитва и пост
Освен со преиспитување во светлината на христијанските идеали, за исповед мораме да се подготвиме и со пост и молитва. И едното и другото се неопходни чинители во нашето тежнеење да ги прочистиме своите погледи, да ја преземеме управата над своите помисли и да се најдеме во еден жив разговор со Бога, Кој Самиот ќе ни помогне да ги увидиме своите гревови, да посакаме простување и навистина да го правиме тоа што Му е угодно на Бога.
Во молитвениците можат да се најдат молитви пред исповед кои, ако сакаме, можеме да ги читаме заедно со „покајните псалми” (Псалми 32, 37, 51, 102, 130, 143). Овие молитви можат да се читаат насамо или, што може да биде уште поплодоносно, во друштво на други христијани кои се подготвуваат за исповед. Би било убаво ако успееме во своите цркви да го обновиме заедничкиот карактер на покајанието пред Бога. Сите ние сме „делови едни на други” и сите сме грешни пред Бога и едни пред други. Така би ја обновиле, барем преку заедничката побожност, јавната исповед. Ако ова не се прави во парохијата, сигурно може да се прави во вечерите спроти исповедта во црквата или заедно со семејството или пријателите. Сè на сè, жално е што семејствата, како семејства, не се исповедаат и причестуваат заедно поредовно.

 Поправање на животот
Последниот чекор во подготовката за исповед е „поправката” на оние промашувања, на оние гревови кои сè уште можеме да ги поправиме
со свои сили. Тоа значи дека, на пример, не можеме да исповедиме кражба, ако не го вратиме тоа што сме го украле; или омраза, ако не му простиме на својот непријател; или гнев, ако не му се извиниме на оној кого што сме го навредиле. А дека тоа е услов за покајание јасно е кажано во приказната на Самиот Спасител, кога ни вели дека, ако појдеме да го принесеме својот дар на олтарот, па се сетиме дека нашиот брат има нешто против нас, мораме да отидеме да се смириме со него, па потоа да го принесеме својот дар (види Матеј 5:23).
Меѓутоа, дури и тогаш мораме да бидеме внимателни да не згрешиме уште повеќе, покажувајќи го своето поправање на грешките, односно користејќи ја својата божемна „христијанска побожност” како пригода за да се гордееме, или да се фалиме. Нашето поправање на животот треба да биде незабележливо; тивко, тајно, дури немо, зашто треба нашите дела да зборуваат погласно од нашите зборови. Но, во секој случај, тој чекор мора да се направи пред исповедта и, што е најважно, пред светата причест.
Исто така, би требало да ни биде јасно дека бројот на молитвите и должината на постот при исповедта не можат да ги заменат неопходните
дела на вистинското покајание.Така, тој што настојува да добие благослов за света причест врз основа на тоа што „ги прочитал
сите молитви и постел недела дена”, а и понатаму одбива да се смири со својот брат, мора да сфати дека тие ритуали не значат ништо,
апсолутно ништо, ако се одвоени од вистинскиотхристијански живот.
„Ако некој рече: Го сакам Бога, а го мрази својот брат, лажец е... Ако не им ги простите на луѓето нивните грешки, ни Отецот ваш нема да ви ги прости вашите гревови” (види Јован 4:20; Матеј 6:14).

ПРИСТАПУВАЊЕ НА ИСПОВЕД
Постојат многу различни начини на извршување на исповедта во поединечните цркви. Овде ќе ги разгледаме најопштите црти.
Да се прилагодиме на локалниот обичај Кога ќе дојдеме на исповед, свештеникот од нас може да бара да стоиме или да клечиме; да ја кажеме оваа или онаа молитва пред, или по, или дури за време на исповедта; дадена молитва да повторуваме пред или по причеста,
или дури и во текот на наредните денови. Може да ни поставува прашања, но не мора. Постојат многу начини кои не се утврдени со строги правила.
Но христијанскиот дел е во тоа, што треба да се има доволно љубов и смирение, па да се прилагодиме на кој било начин, а не да настојуваме на начинот што ни одговара. Тоа не значи дека со својот исповедник не можеме да разгледаме сè што ни одговара, туку дека треба да увидиме дека по прашањето на покајанието и на самата исповед начините на кои таа се извршува се споредни. Доаѓаме за да ни биде простено На исповед доаѓаме само за да добиеме прошка од Бога, и за ништо друго. Можеме да побараме упатства и совет од својот исповедник; но секогаш треба да имаме на ум дека исповедта не е „пријатен духовен разговор” или некој вид „религиозна психоанализа”. Стоиме пред живиот Бог, жедни за Неговата љубов и прифаќање, за очистување и приведување кон Неговото вечно царство.
Духовното советување може да биде дел од исповедта, а во денешно време кога, за жал, скоро никогаш не размислуваме за својот духовен живот освен за време на исповедта, тоа може да биде и единствената можност. Сепак, треба да се увиди дека тоа е само „спореден производ”, иако вреден, и дека „успехот или неуспехот” на исповедта никако не зависат од личноста и советодавните можности на исповедникот.
Бог Самиот дејствува при исповедта! И Тој може да ни зборува во време кога најмалку се надеваме на тоа; и низ свештеникот од кого најмалку го очекуваме тоа, можеме да го чуеме Неговиот глас, само ако сме доволно смирени да се отвориме за Неговите зборови и ако ги отфрлиме сите човечки предрасуди што спречуваат да го доживееме Неговото лично присуство во светите тајни во Неговата Црква. Како и да е, едно е сигурно: единствена цел на исповедта во Црквата е нашето искрено, чисто покајание и желбата да се исчистиме и обновиме за новиот живот во Бога.
Да ги исповедаме своите гревови
На исповед доаѓаме за да ги исповедаме своите гревови. Треба да ги кажеме јасно и отворено, без вплеткување на одвишни детали, но и без прикривање на вистинското зло преку обопштувања, какви што се „вообичаени работи”, „домашни гревови”, „секојдневни гревови”,
итн. Јасната претстава за Христовото учење е единственото нешто што може да ни помогне во исповедта. Би требало да зборуваме за тоа што сметаме дека навистина е наш грев, или да исповедиме неколку гревови со кои се соочуваме и кои, за жал, владеат со нашиот живот.
На исповед доаѓаме за да ги исповедаме сопствените гревови. Лесно е да паднеме во искушението да ги исповедаме туѓите гревови, на членовите на нашето семејство, луѓето со кои работиме, другите парохијани. Некои луѓе, скоро по правило, постапуваат така, но тоа не го прават во врска со некој „взаемен проблем” што би се однесувал на нив, туку едноставно изнесуваат
суд на правичност зад кој неретко се крие една себична грижа. Ако постои искрена потреба духовно да се разгледува нечиј туѓ живот,
тоа се прави исклучиво надвор од исповедта.
Апсолутен императив е на исповедта во целост и исклучиво да се сосредоточиме на себе, на сопствениот живот, сопствените гревови и престапи.Треба да ја одбегнеме педантеријата. Пред да пристапиме кон исповедта, мораме да знаеме дека не можеме, ниту пак тоа се очекува од нас, да ја запаметиме секоја наша грешка. Па така, ако нешто заборавиме да кажеме, несвесно и ненамерно, во текот на исповедта, не треба да стравуваме дека Бог нема да ни прости. По искрена исповед, во која сме ги вложиле сите за човекот можни напори да го исповедиме секој грев, прошталната молитва навистина ќе биде за сите гревови: волни и неволни, свесни и несвесни, исповедани и оние ненамерно заборавени. Нема потреба да се враќаме кај свештеникот ако случајно сме заборавиле да споменеме нешто помалку важно.Важно е да не станеме премногу загрижени за своите гревови, што нè доведува до сомневање во Божјата милост или до убедување дека Неговото простување зависи од човековата достојност или од нашето слабо паметење.
За Бога е важна нашата намера и искреноста во покајанието, а не капацитетот на нашата меморија. Се разбира, ова не значи дека „искрената намера” може да го замени самото одење на исповед. Но секако значи дека моќта на Божјото простување не е условена од нашето сеќавање, дури ни од нашата можност да ги одбегнеме гревовите.
Не постои толкав број, ниту толкава големина на гревот, кои Бог не може да ги прости. Не постои толку совршена исповед којашто ја заслужува Божјата милост поради својата совршеност. Не постои света причест која не ја дава и прима грешник. Сите други помисли кои се однесуваат на ова размислување не се само лоша теологија, туку и богохулење; и можат да доведат дури и до умствена или духовна пореметеност.
Се бориме да ги надминеме гревовите
Бог ни простува не само затоа што сме се исповедиле, туку и затоа што навистина ги мразиме своите гревови и се трудиме да ги надминеме. Еден свет отец, прашан како можеме да знаеме дали Бог ни простил, рекол: „Ако ги мразите своите гревови, тогаш навистина ви е простено”.
Во христијанското покајание нема место за жалење, оправдување, објаснување на гревовите, префрлање на одговорноста на другите,
на „склопот на околностите” или на човечката слабост. Човекот може да го препознае, да му се спротистави, да го презре и да се одрече од гревот; тоа е човечкиот дел. А Бог ги простува гревовите. И тоа е сè.
Според тоа, исповедајќи се, мораме да ветиме дека ќе се трудиме со сите средства да ги надминеме своите гревови и да го поправиме својот живот. Тоа е сè што можеме да ветиме – дека ќе се трудиме. Не можеме да гарантираме никакви резултати. А тоа е, всушност, сè што сака Бог: сериозна борба за надминување на гревот. Ако се бориме со сета сила и храброст, Бог ќе ни подари победа во мигот што Тој ќе го одбере како најпогоден. Единствената наша задача е да веруваме, борејќи се.

 Повеќе:
ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД

 

Превод од српски
Презвитер Игор Калпаковски

Посети: {moshits}

}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5811
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6628
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6413
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5609
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная