логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Dicho.izlozba22.jpg

МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
РАДУВАЈ СЕ БЛАГОДАТНА, ГОСПОД Е СО ТЕБЕ!

О семилостива Мајко и помошничке на
Христијаните! Тебе ти се радуваат
ангелите и ти служат архангелите!
Радувај се утехо на нажалените и палко
на слепите, помошничке и застапничке на
твоите слуги!
Радувај се, свет престолу, седиште на
Севишниот!
Радувај се, красна палато на Царот на сето
создание!
Радувај се, златна кадилнице на твојот
Творец!
Радувај се, владичице Марие, златен
Столбу!
Радувај се, солнечен престолу на
небесниот Цар, Дево света и непорочна!

Зачувај ме под твоја закрила мене што ја
носам и читам оваа молитва. Во твои раце ја
предавам мојава душа. Удостој ме изобилно да се
умножи мојата правда, та да влезам во
Царството Небесно, по зборовите  на нашиот Бог
и Спасител Исус Христос.
О Пресвета Дево Марие и непорочна
Владичице, столбу и тврдино  на верата! Радувај
се Невесто неневесна!
Радувај се, непорочна Мајко безмажна,
која во својата пречиста и безгрешна  утроба го
носеше Носителот на небото и земјата и на се`
што е на нив!

Биди ми помошничка и застапничка на
мене – твојот слуга, зачувај ме во животните
грижи на овој свет и сите противни околности.
Подари ми долг век и продолжи ми го животот
како некогаш на Езекија, исполни го со земни
добра, во слава и чест на твоето пресвето име, да
ти пеам и да те славам секогаш.

О Владетелке на ангелите и Господарке на
мирот со својата утроба поширока од небесата.
Радувај се благодатна, Господ е со тебе!
 Госпоѓо на госпоѓите, Светињо на
светињите, почесна од херувимите и серафи-
мите, покриј и зачувај ме!
Радувај се, саду златен што  манна носиш!
Радувај се, Дево Марие, помошничке на
Грешниците и горо цврста!
Радувај се, пресвета палато на највисокиот Цар-
Христос!
Радувај се, цвету на мачениците и патријарсите!

О Марие, Пресвета Дево што небото го
покриваш со облаците на раѓањето од својата
утроба на еден од Света Троица; Христос нашиот
Бог, помогни ми мене – твојот слуга, и закрепни ме
 со чесниот и животворен крст на твојот Син,
упатувајќи ме на правиот пат на спасението.

О свети ангели и архангели Михаиле и
Гавриле и свет ангелу чувару на мојата душа,
помогнете ми мене грешниот.

Чиста и Пресвета Дево и Владичице
Богородице, надеж на сите безнадежни, славна
како сонцето и преблага, повисока од небесата и
почиста од сончевите зраци, почесна од херуви-
мите и неспоредливо пославна од серафимите,
очекување на сите праотци, славо на пророците,
пофалбо на апостолите и радост на на сите маче-
ници, преподобни и испосници; веселбо Авраамова,
Исаакова и Јаковова; руно Гедеоново; убавино
Мојсеева, Ааронова и на сите светители; златна
кадилнице и свеќнику светлоносен; саду што
манна небесна носиш,  животу на Божјиот Закон,
Царице моја сефална, најсвет престолу; утехо на
расплаканите, Пречиста Трирачице, водителке на
сите христијани, Пресвета Дево.
О капино несогорлива, сместувалиште,
процветан жезлу Ааронов, зашто од
тебе, како од  Аароновиот жезол процвета твојот
Син Христос Избавителот, потомок од коренот
Давидов, нашиот Бог Творец и Седржител вишен
и единствен добротворец.
Ти како девица го роди Бога Словото и по
раѓањето остана девица, зашто Христос Бог  и
Творец со своето бессемено воплотување од твоја-
та утроба го зачува твоето девство неповредено
и не` помири со Бога Отецот.
Ти си помошничка на беспомошните и грешните.
Ти си тивко пристаниште на бурното море, утеха
на светот и брзо ослободување на затворените.
Ти си лекарка на болните и спасение на светот.
Ти си тврдина на монасите и надеж на оние што
од животни грижи се опфатени.
Ти си трпение, жаштита ипокров на вдовиците.
Ти си пофалба, венец и убавина на девојките, о
девојко чесна!
Владичице, Царице и Госпоѓо моја, покриј
ме со  твојот покров и зачувај ме, да не се пофали
над мене сатаната убиец и да не ме победи мојот
враг.
Помилувај ме мене бедниот и нечист, кој
со многу гревови го разгневив мојот Творец и Бог,
Судијата и Творецот на сите. Зашто Ти Пречи-
ста си мое пристаниште, помошничка и   зашти-.
тничка. Прибегнувајќи под твојот покров , Влади-
чице, ти припаѓам, Сеславна и ропски повикувам,
молејќи ти се со солзи; мојот Пресладок Исус-
Творецот на се`, заради моите многу сторени гре-
вови, да не ме пресече недостоен и неподготвен.
Те молам Пречиста, да дојдам кај мојот
Христос и да влезам во дворот на праведниците,
каде што нема ни невоља, ни тага, ни мака, ни
опасност, туку е вечна радост, наслада и уживање
со праведниците, убавина и вечен живот без крај,
сладост и радување, слава и светлина во друштво
на ангелите.
Пресвета Дево, удостој ме мене
смирениот твој слуга, да се избавам од страстите
и од секој грев, и исполни ја мојата уста со бла-
годат, Најслатка, и просветувајќи ја мојата душа,
израдувана, придвижи ја мојата уста и јазикот, со,
радосна душа и усрдно срце да ја пеам оваа
ангелска песна, со која Гаврил те поздрави:
Радувај се, Дево, најблажена меѓу жените!
Радувај се, звездо пресветла, Мајко Дево!
Радувај се, ти што го роди Царот на сите!
Радувај се, ти што ја запали светлината на правдата!
Радувај се, Госпоѓо Владичице, повисока од сите!
Радувај се, миру и радост на целиот свет и спасение!
Радувај се, радост на целиот човечки род!
Радувај се, проповед и слово на сите пророци!
Радувај се, пофалбо на апостолите и добрино  на мачениците!
Радувај се, радост и веселбо на праведниците!
Радувај се, венецу на воздржанието на преподобните и умилна песни на монасите!
Радувај се, најјасна песно на сите поети!
Радувај се, избавителке моја од погубна смрт!
Радувај се, избавителке моја од најтежок  земјотрес!
Радувај се, најславно чудо на вселената!
Радувај се, насладо и украсу на сите луѓе!
Радувај се, рају сладок и бесмртен!
Радувај се, карпо на верните и спасение на сите луѓе!
Радувај се, тивко пристаниште, избавување од животните бури!
Радувај се, безбедност на сите умрени!
Радувај се, пофалбо на твоите смирени слуги!
Радувај се, радост и прибежиште на грешниците и туѓинците!
Радувај се, помошничке и утехо на повредените!
Радувај се, застапничке моја во денот на Судот!
Радувај се, Пречиста, многусветол дену на моето просветување!
Радувај се, Чиста, што ја згази главата на змијата од која потекна злото!
Радувај се, ти што окованите ги ослободуваш од адските ланци!
Радувај се, ти што на светот многу радост му донесе!
Радувај се, причинителке на спасението на целиот свет и славо!
Радувај се, најопеана наша заштитничке и покровителке!
Радувај се, Владичице потпоро на верните цареви!
Радувај се, ти што на владетелите слава им даваш!
Радувај се, славо и радост на свештениците!
Радувај се, ти што рајските двери ги отвори!
Радувај се, ти што тагата ја пресече и радост донесе!
Радувај се, ти што ја исцели тагата на нажалените!
Радувај се, клучу од небесното Царство Христово!
Радувај се, сигурно пристаниште и надеж доверлива!
Радувај се, помошничке на сите Дево Богородице!
Радувај се, светлино на Пресветиот, што светот го просветуваш!
Радувај се, Мајко на Христос Бог, Синот на живиот Бог!
Радувај се, покрове и радост на сите луѓе, ти што во утробата
 ја носеше надежта на сите умрени!
Радува се, ти што во утробата го смести Безграничниот!
Радувај се, ти што со млеко го хранеше Христа животодавецот,
мојот  милосрден Бог и Творец!
Радувај се,  ти што храниш Хранителот на сите-мојот штедар Човекољубец
и Седржител, Кому му припаѓа секоја слава, чест и поклонување,
со беспочетниот Отец и пресветиот, благ и животворен Дух негов,
сега и секогаш и во вековите на вековите. Амин.

ПО ЗАВРШУВАЊЕТО ,  ОВОЈ ВОСКЛИК
СО ПОКЛОН ДО ЗЕМЈА:

О Пресвета Госпоѓо, Владичице Дево Богородице,
прими ја мојава недостојна молитва и
зачувај ме од нагла смрт и пред крајот дај ми покајание (три пати)
Богородице Дево, радувај се благодатна Марие Господ е со тебе.
Благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба,
зашто си го родила Спасителот на душите наши.
Богородице Дево, радувај се благодатна,
зашто телесно во утробата го носеше Синот Божји;
Радувај се оти го роди,
Радувај се, оти мудреците му се поклонија,
Радувај се, оти Христа по три дена си го пронашла во храмот,
Радувај се, оти Христос воскресна од мртвите и се вознесе на небесата,
Радувај се, оти ти самата на небесата си земна,
Радувај се, оти тебе сите небесни жители ти се послушни.
Радувај се, оти се` што сакаш можеш да направиш.
Радувај се,
Оти блиску си до пресвета Троица.
Радувај се, Благодатна  Марие, Господ е со тебе.

ТРОПАР, ГЛАС  6

Пресвета Владичице, под твоја заштита припаѓаме сите,
и те молиме ние недостојните, 
побрзај и избави го ова место и овој град од секоја невоља
и нагла и погубна смрт, зашто знаеме дека можеш се` што сакаш.
Владетелке на светот и Господарке на сите, Благодатна, послушај не` нас што се молиме!
Пресвета Владичице и застапничке на светот, ангели, архангели,
апостоли, блажени, Претечо Христов Јоване, свети четириесет маченици,
првомаченику Стефане, Викторе, Мино и Викентие, Теодоре, Димитрие и
победоносецу Георгије, со Атанасиј Велики и Григориј, премудар Златоусте
со Николај, молете се за нашите души.

(Од Троичник)
За Преминпортал подготви: Стојанка Тежак



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5760
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6577
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6363
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5555
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная