☦️ Ако некој јаде, пие и спие, а не работи, некако се „распушта“ и само би сакал да спие, затоа што неговото тело и нерви се опуштаат. Полека доаѓа до состојба во која веќе ништо не може да работи. Малку ќе прошета, па нешто ќе го „пресече“. Од друга страна, ако работи малку и се движи, му се зајакнуваат и нозете и рацете. Гледаш, оние што сакаат да работат, не спијат многу, или можеби не можат ни да заспијат од умор, но имаат сила, затоа што преку трудот се калат и телесно зајакнуваат.
Работата, особено за млад човек, претставува здравје. Сум забележал дека некои разгалени момчиња очеличуваат кога ќе одат во војска. Војската им прави добро. Така беше, секако, повеќе порано. Денес се плашат да бидат построги со војниците, затоа што само што ќе треба малку да се потрудат, веднаш се сечат по вени, доживуваат нервен слом...
Им велам на родителите да платат некому и да ги пратат своите деца кај него да работат, за да бидат здрави – доволно е да работат нешто што им се допаѓа. Бидејќи момче полно со живост и енергија, има и ум, па ако не работи, станува мрзеливец. Но кога ќе види други како напредуваат, во него расте егоизмот и со ништо не е задоволен. Постојано има помисли и умот му се затемнува. Потоа доаѓа ѓаволот и му вели: „Еј ти, изгубениот, како си само заостанат! Оној стана професор, другиот има свој бизнис и заработува пари, а ти, каде ќе завршиш?“ – и така го фрла во очај.
Но, ако почне да работи, ќе стекне доверба во себе, во добар смисол на зборот. Ќе види дека и тој може да се справи со работата, а и умот ќе му се занимава со нешто и ќе се ослободи од помисли. Од сето тоа се раѓаат две добра.
Старец Паисиј Светогорец
фбSnezana Todorova