логоFacebookTwitterYouTubeeMail

38.machenici1

Децата учат од родителите


Родителите мораат да живеат како вистински христијани и да бидат многу внимателни во своите постапки.
Децата се слични на компјутерите: уште додека се сосема мали, во своите глави регистрираат се што ќе видат или чујат во нивниот дом. Ако видат дека таткото и мајката се караат, преколнуваат и пцујат, тоа и ќе го регистрираат во лентата на својот ум.
Кога еден ден ќе пораснат, почнуваат да преколнуваат и пцујат, и да се караат, користејќи го јазикот на своите родители. Се однесуваат на ист начин, иако тоа всушност не го сакаат, бидејќи наследиле лошо однесување од своите родители.
Кога подоцна ќе ги согледат своите грешки, тешко им е да ги поправат.
Најголемата помош и најголемо наследство кое родителите можат да понудат на своите деца е пријатност за нивната (родителска) добрина. Тоа не бара некој посебен напор. Лентата на детскиот ум не е исполнета ни со добро ни со зло и лесно може да го прифати однесувањето од своето непосредно опкружување, односно своите родители. Доколку детето види дека неговите родители се љубезни, дека се сакаат дека со благост се обраќаат еден кон друг и скрушено се молат, тогаш и душата на детето, како индиго, ќе го копира соодветно однесувањето на родителите.
Многу родители кои мислат дека најмногу ги сакаат децата свои, со тоа ги уништуваат, без да бидат свесни. Да земеме пример  мајка која премногу ја сака својата ќерка. Таа ја држи во својата прегратка ,ја бакнува и вели : ,,Колку убаво дете имам'', или ,,имам најдобро дете на светот''. Според тоа, уште од најрана возраст (кога не е во состојба тоа да го свати и да се побуни), детето станува вообразено и верува дека навистина е прекрасна личност.
Оттука следи дека тоа девојче нема да чувствува недостиг на Божјото присуство и Неговите благонаклони сили во својот живот, па со самото тоа, нема ни да Го бара Бога.
Таа ќе изгради самодоверба која ќе биде цврста како камен. Таа најчесто никаде нема да ја одведе и кога ќе порасне тешко ќе и биде да се ослободи од неа.
За жал, со таквата гордост најпрво ќе ги повреди своите родители. Како децата ќе ги слушаат родителите, кога мислат дека се полни со добродетели и дека се најдобро знаат?
Ете зошто родителите најпрво мораат да се погрижат за својот духовен живот зашто,освен за себе самите, одговорни се и за децата. Се разбира, тие можат да се оправдаат, дека негативните особини ги наследиле од своите родители. Меѓутоа не можат да се оправдаат, ако не се обидат да се ослободат од нив во моментот кога ќе станат свесни за нивното постоење.
Истото може да се каже и за децата. Децата наследуваат некои слабости за кои не се одговорни, но за тоа не треба да ги обвинуваат своите родители. Тие поседуваат слободна и независна волја и можат да го отфрлат своето ,,наследство'' доколку одлучат дека не го сакаат во себе.
Според мое мислење, позаслужен за пофалба е човекот, кој спротивно на својата волја наследил зло и настојува да се ослободи од него, отколку оној кој од родителите наследил добри особини и никогаш не морал да се труди да ги придобие. Првиот за нив се бори, додека другиот ги затекнал подготвени.
Правдата Божја ќе го зема предвид овој факт. На пример, кога едно дете има татко крадец, тоа исто така, ќе научи да краде и, ако му недостига добра волја, на крајот ќе го прифати татковото наследство. Бог ќе биде многу благ судејќи му на ова дете, зашто склоноста за крадење ја наследило од татка си уште додека било мало и не било во состојба да направи разлика помеѓу доброто и злото.


Свети Пајсиј Светогорец

 

Избор од фб профил на

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2674
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1832
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…