логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Ако не сакаш да страдаш, не барај НИ ДА СЕ ИСКАЧУВАШ! Ако не сакаш да тагуваш, НИ БЛАГОДАТ НЕ БАРАЈ!… Зошто унинствуваш, се обезнадежуваш, зошто се изнемоштуваш? Толку ли бргу се откажуваш од борбата? Еве гледај. Бог им допушти на демоните да вршат влијание за да видиш каде се наоѓаш, за да се појави твојата гордост, за потоа да се смири твоето срце, за да осознаеш дека си човек, за да се спознаеш себеси, да сострадуваш со оние што грешат и воопшто да не ги осудуваш. Како ќе ја спознаеш слабоста на својата природа, ако не те разбудат гавраните? Ако слаткиот Исус не ја повлекува Својата благодат, како ти ќе ја научиш уметноста над сите уметности и науката над сите науки? Сега ја учиш уметноста. Сега имаш награда! Сега покажуваш дека Го љубиш Христа! Не кога имаш благодат. Каква љубов покажуваш кога е присутна благодатта? Тогаш, таа безгласно повикува за самата себе: „Ава, оче!“ Благодатта го покажува Дарителот на благодатта.

Кој може да ме раздели Исусе мој од Твојата љубов, вели благодатта. Силата што живее во тебе преку телесната уста, може, а не телото. Така, како што еден демон навредува или хули преку устата на еден демонизиран човек. Телото без благодат не може ништо да стори. Телото без благодат се одрекува од Христа! Петелот пее. Петар се сеќава на реченото. Горко плаче. Повикува – „згрешив“. Но, повторно се сокрива во поткровјето и се плаши од Јудејците. Срцето му чука како на глушец, очекувајќи го мачорот однадвор. Ќе бидам со тебе, му вели, дури и да умрам. Не се откажувам, вели, кога е со него Христос. Но, кога Христос си оди, трипати се одрекува. Гледаш?!! Сфаќаш ли колку голема тајна се крие во Словото? Христос нè застапува нас преку Светиот Дух. Заради тоа, кога Тој е присутен добиваме моќ за говорништво. Рибарите – учителствуваат! Блудниците целомудруваат! Крадците не крадат! Сите се покајуваат! Кој го издејствува ова? Единствениот Кој знае! Благиот владетел! Слаткиот Исус! Единствената љубов! Кога човекот има разбирање за човековата болка? Кога и тој ќе ја почувствува! Кога и самиот ќе помине низ сличен метеж. Тогаш ја осознава и ја сфаќа болката на другиот. Инаку станува крут и нема сожалување спрема никого, освен, ако неговата природа не е блага.

 

Но, она што го имаме по природа не е достојно ниту на чест, ниту на бесчестие. Во намерата се и успесите и паѓањата! Значи, како ќе ја научиме оваа наука над секое знаење, ако не нè протресе искушението: Ако благодатта отстапи, не ти и јас, туку ни Светите Апостоли ќе беа Апостоли! Како може калта, глината да ја задржи водата, ако не се испече на оган? Бог сака да нè создаде такви – како кловнови во театар, или како топка за играње. Те искачува на небесата. Ти го покажува она што окото на острастениот човек не може да го види, а оној што се грижи за вештественото не може да го слушне. И без да згрешиш може да ја сврти страницата и да те фрли во подземјето. И радосен е да те види како се бориш со сите демонски полкови. Тогаш, фати се за Павле, а мене остави ме! Кога успеа веќе да се искачиш на третото небо, и кога виде и чу неискажливи нешта, повторно повикуваш „Ми се даде ти во телото…“. Тоа го прави Сесилниот сè дотогаш, додека не му овозможи на човекот да се искачува, да созерцува, да слегува и да страда. Без да реагира на промените! И двете работи, ти вели, се заради Мене! Ако не си подготвен да страдаш, не барај ни да се искачуваш! Ако не сакаш да тагуваш, ни благодат не барај! Значи, затоа и ти ја зема благодатта – за да измудриш! Но, таа повторно ќе се појави! Не те напушта засекогаш! Тоа е закон Божји! И пак ќе замине!

Но, пак ќе дојде. Доволно е да не престанеш да ја бараш. Сè додека не те восоврши! Познато е дека дека кога некој острастен подучува друг којшто страда (од страсти), благодатта веднаш се повлекува од првиот, така што и тој паѓа во исти согрешенија. Острастениот не може да поучува, пред да го стекне практичниот опит. Сепак, не е тоа единственат причина заради којашто те остави Бог. Благодатта, секако ќе се повлечеше во тој временски период. Значи, немој да се жалостиш! Чашата е заедничка. Трпи го јаремот на твојот Христос! Цврсто затворај ја устата и ни збор не проговарај! Охрабрувај се самиот себеси велејќи: „Што се жалостиш душо моја и што очајуваш? Никакво зло не се случи! Си замина Христос краткотрајно, но пак ќе се врати! Малку се забавил сакајќи да те научи на смирение и трпение“. Кажи ѝ го ова на твојата душа и не очајувај, бидејќи на твоите искушувачи им причинуваш радост, гледајќи те ожалостен и очаен. Но, радувајќи се вели – „Испробај ме, Христе мој, и искушај ме како сребро“. Тогаш ќе пуштиш длабоки корени како дрвјата, коишто колку и да дува ветрот, уште подлабоко се вкоренуваат! Бог ми е сведок дека во големите искушенија најдов поголема утеха!

ИСИХАСТИЧКИ СВЕДОШТВА – Старец Јосиф

Извор:

https://www.tiveriopol.mk/ako-ne-sakash-da-stradash/?fbclid=IwAR2cQ9e5RRpXL0zvkxFRZTBKQah0zBabubM4WxVT_6u35npK-HN93DMebhY

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1528
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1919
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1719
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…