логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


sv.German.Aljaska.jpg

Св. Герман се прославува на 25 Декември, денот кога се претставил во Господа, и на 9 Август, кога е канонизиран за Светител.

(Овој Акатист се служи во Алјаска, во Црквата Свето Воскресение, каде што се наоѓаат моштите на Свети Герман)

Кондак 1

О, избран чудотворче , најславен Христов угоднику, наш богоносен оче Германе, украсу на Алјаска, радост на сите православни во Америка; тебе, на нашиот небесен заштитник и моќен застапник пред Бога, ти ги пееме овие пофалбени песни. Не престанувај да се молиш за твоите чеда, кои усрдно кон тебе извикуваат:
Радувај се, преподобен оче наш Германе Алјаскински, најславен чудотворче на Америка.
 
Икос 1
Создателот на Ангелските сили те повика тебе, оче Германе, да ја проповедаш Православната вера во нова земја и да бидеш основач на монашкиот живот во далечните северни земји. Беше пратен, како апостолот Павле, кај оние што седеа во темнина, за светлината на Православието да ги осветли сите краеви на земјата. Ние, жителите на Американските континенти, ти принесуваме благодарност тебе, на нашиот небесен заштитник, и ти ја пееме оваа пофалбена песна:

Радувај се, оче наш Германе, наша славо, наш украсе;
Радувај се, зашто ја донесе светлината на вистинската вера во нашите краеви;
Радувај се, од Бога прославен испоснику;
Радувај се, најчесна гранко на Валаамскиот Манастир;
Радувај се, пофалбо и радосте на Црквата во Америка;
Радувај се, утешителу и заштитнику на сите нас.
Радувај се, преподобен оче наш Германе Алјаскински, најславен чудотворче на Америка.

Кондак 2

Во својата рана младост, о, преподобен оче, распламтен од пламенот на љубовта кон Господа, ти си посакал да Му служиш единствено на Бога. Како жртва си Му ја принел својата младост, започнувајќи го својот пат од Валаамскиот скит, каде монашките хорови непрестано на Бога Му пеат: Алилуја!
 
Икос 2
Севишниот ти подари духовна мудрост во твојата младост, за да ја познаеш убавината и благоста на Рајот. Поради ова, мудриот игумен Назарија, учителот на преподобниот Серафим Саровски, те научи на Божјата мудрост и Божјиот пат. Затоа, светата Црква вака те пофалува:

Радувај се, сеславен Германе, кој својата младост на Христа си ја посветил;
Радувај се, соученик на Св. Серафим Саровски;
Радувај се, вршителу на духовни трудови во славниот Валаам;
Радувај се, почитуван од сите браќа во Валаамскиот Манастир;
Радувај се, Валаамски студенту со духовна мудрост;
Радувај се, сега  прославуван од православната Црква.
Радувај се, преподобен оче наш Германе Алјаскински, најславен чудотворче на Америка.

Кондак 3
Севишниот го поттикна Богомудриот Архиепископ на руската Црква – Гаврил, да прати мисионери на Православната вера во Алјаска. Апостолскиот избор падна на тебе, о, преподобен Германе. Затоа, сите луѓе, просветени од Христовата светлина преку твоите трудови и твојот пример на живот, Му пеат на Бога: Алилуја!
Икос 3
Покажувајќи голема ревност, не само во духовните трудови како искушеник, туку и во Апостолската усрдност додека им проповедаше на луѓето што седеа во темнина, ти, о преподобен оче Германе им ја откриваше Христовата светлина со голема сила. Спомнувајќи си за твоите апостолски трудови и твоите напори во проповедањето, ние со љубов те фалиме вака:

Радувај се, непожаллив послушнику на твојот духовен отец;
Радувај се, верен сине на светата Русија;
Радувај се, посинок  на Северна Америка;
Радувај се, основачу на монашкиот живот во нашата земја (Америка);
Радувај се, ревносен проповеднику на Православната вера.
Радувај се, преподобен оче наш Германе Алјаскински, најславен чудотворче на Америка.
Кондак 4.
О, преподобен оче Германе, ти претрпе бури на зли напади и таги, но со своите напори, успеа да истраеш во оваа нова земја. Затоа Христос те прослави со дарот да предвидуваш, обогатувајќи те со чудеса, дарувајќи ти го Царството Небесно каде, заедно со Ангелите, Го славиш Бога со песна : Алилуја !
Икос 4
Слушајќи за твоите чуда кои им се откриле на твоите луѓе кога шумскиот пожар и бранот на плимата се повлекле со твоите молитви, ние од длабочината на срцата те преколнуваме и те молиме да ни помогнеш нам, кои ти извикуваме :
Радувај се, испоснику и пророку прославен од Бога ;
Радувај се, свет угоднику Господов ;
Радувај се, наш посреднику и исцелителу ;
Радувај се, помошнику на мнозина кои кон тебе повикале ;
Радувај се, исцелителу на мнозина болни и напатени ;
Радувај се, наш милостив и понизен оче ;
Радувај се, преподобен оче наш Германе Алјаскински, најславен чудотворче на Америка.
Кондак 5

О,преподобен, ти заблеска како звезда северница на островот Спрус - Новиот Ваалам, и со светлината на твојата љубов и молитва, полн со Господова сила, ја осветли цела Америка, за од сите нејзини краеви Православните луѓе усрдно да Му пеат на Бога : Алилуја !

Икос 5

Согледувајќи ја твојата понизност, сите стравопочит ти укажуваат, о Оче Германе, за твојот строг аскетизам и истрајност во монашките подвизи . Во ова си го следел примерот на Св. Антониј Печерски, основоположникот на монаштвото во Русија, како што овој го следел Св. Антоние Велики, првиот монах во светот. Ти, основоположникот на монаштвото во нашата земја, во својата преголема понизност избра да останеш обичен монах. Затоа, светиот хор на свештеници и свештеномонаси ти ги принесува овие пофалбени песни :

Радувај се, основачу на монаштвото во нашата земја ;
Радувај се, следбенику на Св. Антоние Велики и Св. Антоние Печерски;
Радувај се, како и тие, овенчан со небесна слава ;
Радувај се, основачу на славен скит;
Радувај се, изворе на свети мошти за верните;
Радувај се, фонтано на чудеса за целиот свет;
Радувај се, преподобен оче наш Германе Алјаскински, најславен чудотворче на Америка.
Кондак 6
Дивината на северот ги објави твоите дела и чудеса, покажувајќи те  како нова гранка на лозата на Руската Црква во Америка. Шумите и дивината се продрени од твоите молитви. Следејќи го примерот на древните испосници, ти во ноќната тишина кон Бога извикуваше : Алилуја!
Икос 6
Ги просвети луѓето што живееа во темнина ; им покажа пример на монашки живот. О, богоносен оче наш Германе, моли се : сите ние, благодарејќи Му на Бога, непрекидно да ти ги пееме овие пофални песни :
Радувај се, прв светителу на нашата земја (Америка);
Радувај се, основачу на монаштвото во нашата земја ;
Радувај се, верен служителу на светата Троица ;
Радувај се, понизен основачу на Воскресенската Црква;
Радувај се, славен подвижнику во  скитот на островот Спрус ;
Радувај се, грижлив татко на чедата кои при тебе доаѓаа ;
Радувај се, преподобен оче наш Германе Алјаскински, најславен чудотворче на Америка
Кондак 7
Господ те избра, о, преподобен, да ја донесеш светлината на Богопознанието во земјата на Алеутите и таму да го посееш семето на Православната вера. Ги научи сите да ја прифатат вистинската вера и да извикуваат кон Бога : Алилуја !
Икос 7
Со молитва  достигнувајќи ги висините, о, преподобен, ти не ги заборави потребите на другите. Покажа голема грижа за бездомните сирачиња, градејќи им сиропиталиште и училиште и учејќи ги на Господовите заповеди. Во пофалба на Господа за твоите трудови, прими ги од нас овие пофалбени зборови :
Радувај се, бранителу на сиромашните и сираците ;
Радувај се, нивни добар заштитнику ;
Радувај се, градителу на дом за сирачињата ;
Радувај се, зашто си Му послужил на Бога со своите трудови;
Радувај се, зашто си им обезбедувал леб на сираците;
Радувај се, зашто си ги хранел со зборови на вечен живот.
Радувај се, преподобен оче наш Германе Алјаскински, најславен чудотворче на Америка
Кондак 8
Господ, Кој го сака родот човечки, о, преподобен, ти даде дар да предвидуваш и исцелуваш, сакајќи преку тебе да покаже извор на милозливост кон Своите луѓе. А ти им ја покажа љубовта Господова преку твоите дела и многу поучителни зборови. Осветлени од светлината на твоите духовни трудови, луѓето воскликнуваа кон Бога : Алилуја !
Икос 8
Трансформирани од светлината на христијанската вера, луѓето доаѓаа кај тебе во времиња на болест и тага. И како татко кој ги сака своите чеда, ти посредуваше за сите, донесувајќи им исцеление и утеха на сите кои доаѓаа кај тебе да бараат помош. Твојата слава се рашири низ целата земја, а и ние, твоите духовни чеда, те славиме со овие зборови :
Радувај се, наш милозлив оче ;
Радувај се, неподмитлив и милостив лекару ;
Радувај се, милосрден исцелителу на нашите немоќи ;
Радувај се, брз наш помошнику во неволјите и потребите;
Радувај се, зашто ги предвидуваш идните настани како да се сегашност ;
Радувај се, внимателен укорителу  за скриените прегрешенија.
Радувај се, преподобен оче наш Германе Алјаскински, најславен чудотворче на Америка.
Кондак 9
Со Ангелите си зборувал, о, преподобен, и си ни открил како ангелите дошле кај тебе во твојата испосничка келија и со нив си водел благ разговор. Сега си во Царството Небесно, каде што со мноштвото Ангели непрекидно на Творецот Му се молиш : Алилуја.
Икос 9
Кој може да ги изброи чудесата, посведочени од твоите луѓе ? Морските бранови и шумскиот пожар беа скротени со твоите молитви. Кога надоаѓаше голем бран на плима, ти направи бурните води да се повлечат со твоите молитви пред иконата на Божјата Мајка, велејќи : Водата нема да ја премине оваа линија. Затоа, вака ти пееме :
Радувај се, чудесен скротувачу на водите ;
Радувај се, избавителу од пожар ;
Радувај се, безбедно пристаниште за ерархот Инокентие кој од водите те повикувал;
Радувај се, зашто со твоите молитви беше скротен ветерот над водите;
Радувај се, зашто си бил извор на многу чудеса во текот на твојот живот ;
Радувај се, зашто си фонтана на многу чудеса дури и по твојата смрт .
Радувај се, преподобен оче наш Германе Алјаскински, најславен чудотворче на Америка.

Кондак 10
Ти принесуваме пофалбени песни, о преподобен оче, за твојот праведен живот; ти пееме пофалбени песни за твојата чесна смрт. Ти го предвиде денот и часот на твојот блажен крај. Преславен беше и твојот погреб. Четириесет дена силна бура беснееше по водите и твоето пророштво за твојот погреб беше исполнето. Твојот ученик Герасим, чувствувајќи чудесна арома во времето на твојата смрт, на Бога Му пееше: Алилуја!

Икос 10
Беше преславен чудотворец за време на твојот живот, о, оче! А при твојата смрт го пројави следново прекрасно чудо: твоето тело остана нераспадното во капелата многу денови после твојата смрт. Алеутскиот народ, кој во часот на твојата смрт виде огнен столб што се издигнува до небесата, ова ти го пееше:
Радувај се, зашто твојот праведен крај не увери во твојата светост;
Радувај се, зашто твоето воздигнување на небесата изгледаше како огнен столб;
Радувај се, зашто многу чудеса се посведочени крај твојот кивот;
Радувај се, зашто си ни оставил извор на света вода и исцеление;
Радувај се, зашто од таа вода мнозина напатени добиваат исцеление.
Радувај се, преподобен оче наш Германе Алјаскински, најславен чудотворче на Америка.

Кондак 11
О, свети оче, од твојата испосничка келија во северот, среде дивините на природата, ти непрестано И пееше пофалби на Пресветата Троица. Поттикнат од Духот, ти го предвиде процветувањето на оваа лоза посадена во почвата на Америка и заедно со небесните Ангели извика: Алилуја!
Икос 11
Ти си извор на светлина и инспирација за сите идни припадници на монашкиот ред. Зашто го претскажа, о, преподобен, формирањето на Манастир и Архиепископски престол  во оваа земја. Денес, хорот на свештеници и монаси те прославува со овие зборови:
Радувај се, наставнику на монасите и соговорнику на Ангелите;
Радувај се, најславен основоположнику на аскетскиот живот во нашата земја;
Радувај се, зашто си го предвидел растењето на оваа прекрасна Христова лоза;
Радувај се, исполнување на ова пророштво за идните поколенија;
Радувај се, вистински примеру на монашки живот;
Радувај се, зашто сите ја согледаа твојата љубов.
Радувај се, преподобен оче наш Германе Алјаскински, најславен чудотворче на Америка.
Кондак 12
Гладајќи ја твојата милост и голема смелост пред Господа, ние те преколнуваме, о, преподобен оче Германе, да се молиш усрдно на Господа, да ја заштити Својата света Црква од неверие и раскол, од лажно учење и самоволност, за да можеме на Бога, Кој е дарежлив кон нас, да Му пееме: Алилуја!
Икос 12
Ја славиме твојата канонизација, о, преподобен; те благословуваме, о, најмоќен посреднику и заштитнику на нашата Црква, и со љубов ти пееме:
Радувај се, заштитнику на сите кои те почитуваат;
Радувај се, брз посреднику и помошнику на сите;
Радувај се,основоположнику на Православието во нашата земја;
Радувај се, утврдување на оние кои доаѓаат во Православната вера;
Радувај се, најславен заштитнику на Црквата во Америка;
Радувај се, прв светителу и Нејзин чудесен татко.
Радувај се, преподобен оче наш Германе Алјаскински, најславен чудотворче на Америка.
Кондак 13
О, најславен угоднику Господов, преподобен оче наш Германе, прими ја оваа скромна молитва што ти ја принесуваме во твоја пофалба. Стоејќи сега пред престолот на Семоќниот Господ, непрестано моли се за нас кои радосно на Бога Му пееме: Алилуја!
(Овој кондак се чита 3 пати, а потоа повторно Икос 1, па Кондак 1).


Молитва 1
О, најчудесен угоднику Господов, преподобен оче наш Германе, како добар работник ти го изврши твоето огромно духовно дело во суровата клима на оваа земја. Во твојата служба кон Господа, беше верен во малите нешта. И како што Бог рекол: Во малку беше верен, над многу ќе те поставам (Мат. 25, 24), сега овие зборови се исполнети во тебе, зашто Господ те постави над целата наша Црква како Нејзин небесен заштитник. Те повикуваме со усрдна молитва: помоли Го Господа да ја чува нашата света Црква во Православието и да ја покаже како украс на нашата земја. Тој нека ја заштити од сите мрачни сили на непријателот и нека ги изгони сите противници.. Нека ни подари чистота на верата и убавина на душата. Моли се да ни го подари на сите нам Духот на мир и љубов, духот на понизност и кротост, и да го изгони гревот на гордоста. Сочувај не од самопофалност; биди  наш заштитник од лажни учења; дај им исцеление на болните; на тажните биди им уттеха; на гладните за духовна вистина дај им небесна храна. Па така, да можеме да го достигнеме нашиот вистински стремеж и да ја добиеме наградата како верни слуги на Последниот Суд, и со сите Светии да Ја славиме во песна Животворната Троица: Неискажливиот Отец, Вистинскиот и Единороден Син и Утешителот – Светиот Дух во вечни векови. Амин.


Молитва 2
О, преподобен оче Германе, ние Го славиме и величаме нашиот Бог и Создател,. Целата земја и се во неа Него Го исповеда како Творец и вечен Отец. Небесата и земјата, Ангелите и луѓето, заедно Го слават и величаат: најславниот собор на Апостолите, достојниот за пофалба собор на Пророците, големиот и возвишен собор на Мачениците и целата заедница на Светителите, сите Него Го слават. На овој ден, светата соборна и апостолска Црква Му благодари на Бога за тебе, о преподобен Старче од островот Спрус. Ние, твоите наследници и чеда, се собравме крај твојот светол кивот и со стравопочит гледаме во твоите свети мошти, знаејќи дека твојата душа ги придружува Апостолите, Пророците, Мачениците, Светителите и Небесните Сили пред престолот на Премилостивиот Бог во слава на Светата Троица. О, преподобен оче Германе од островот Спрус, наставнику за верата во Светата Троица, наш духовен оче и посреднику пред престолот на Семоќниот Бог, моли се за мир во Црквата и изгони ги сите разединувања, суеверија и раздори. Дојди им на помош на нашите духовни водачи, за да можат секогаш да бидат верни и ефикасни инструменти на Светиот Дух; помогни им да ја проповедаат вистината на Евангелието со моќ; дај им мудрост да ги просветуваат непросветените, и дух – да ги инспирираат сите да го сакаат знаењето за Бога. Утврди ги со истрајност, да ја бранат Црквата, дури и по цена на смрт, од сите внатрешни и надворешни непријатели, во секое време. Нека срцата на твоите духовни чеда бидат исполнети со вера и љубов кон Светата Црква која ти ја покажа во твојот свет живот. Моли Му се Нему да не избави од искушенијата што прават да паѓаме; обнови не во детска вера во нашиот Небесен Отец; научи не да Му веруваме на Бога и единствено Нему.  Изгасни ја нашата жед за вистинско богопознавање; покажи ни како да Му служиме верно на Бога; преобрази го нашиот живот за вистински да ги рефлектира имиџот и сличноста на Бога во нас. О, свети оче и патроне на Црквата во Америка, биди им лекар на слабите во верата, биди им поткрепа на паднатите, биди им застапник на оние што немаат заштита, биди им бедем на сила на духовно исцрпените, биди им водач на оние што патуваат по вода, на земја или во воздух, биди ни наш небесен посредник. О, преподобен оче Германе Алјаскински, заедно со сите Светии и Небесни Сили, моли се на Бога на сите нас да ни подари мудрост за нашиот ум, сила за нашата волја и светлина за нашиот дух, за да можеме да го достигнеме вистинскиот животен мир кој доаѓа единствено од Бога. Ја славиме со радосни и благодарни срца Живоносната Троица: Семоќниот Отец, Единородниот Син и Светиот Дух Утешител, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

 Извор:

Македонска Православна Црква „Св. Параскева - Петка“

2056 N Kedzie Ave, Chicago, IL 60647

http://www.mpc-svpetka.com

Посети:{moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5843
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6649
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6449
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5636
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Православен календар

 

25/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная