логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Различните ставови

Луѓето ја сфаќаат болката на психолошко и социјално ниво на различни начини. Едни ја гледаат како неминовен удел (песимисти), други – како темна страна на, во основа, пријатниот живот (оптимисти) и најпосле, трети – како необјаснива тајна. Песимистите не наоѓаат смисла во болката, но со тоа ја губат и смислата на животот. Оптимистите го оставаат проблемот на болката на страна и развиваат лажно чувство за среќа среде многу непријатни и одбивни ситуации кои го опкружуваат човекот. Во краен случај, сепак, тој став е нереален.

3.angeli.so.truba

Парадоксалниот карактер на болката

Болката е жестоко испитание за човекот. Таа речиси секогаш го придружува неговото биолошко и душевно распаѓање. Покрај тоа, останува необјаснива и парадоксална, не само како психолошка, туку и како биолошка појава. Нејзиното присуство обично не соодветствува на никаква природна цел, а нејзиниот интензитет не е во аналогија со предизвиканите или заканувачките трагедии. Таа сепак го предвестува страдањето на смртта, кое има трансцедентни проекции. Болката придонесува за внатрешно очистување на човекот, затоа е најпогодното средство за негово духовно обновување.

Духовната полза

Тој став, којшто изгледа толку природен во православното предание и богословие, станува загадочен, па дури и парадоксален во современото секуларно општество. Кога сѐ се сведува на ниво на сетилата и како единствен позитивен пристап кон болката се смета само нејзиното прекинување, секоја мисла за нејзина духовна полза губи смисла. И покрај тоа, богословието продолжува да биде во допир со човекот од современото општество и неговите пораки не престануваат да покажуваат извесно влијание врз осмислувањето на неговиот живот. Затоа, никогаш не е излишно изложувањето на ставот на Православната Црква.

Болка и слобода

Болката е последица од злото. Таа е поврзана со злоупотребата на слободата. Поточно, таа е последица од барањето на сетилната наслада, кое како противприродно движење води до болката и завршува со смртта. Доброто, сепак, исто така, не може да се постигне без болка. За да се излекува од противприродната состојба на гревот и да напредува во духовниот живот, човекот треба да поднесува болки. Во тој случај, сепак, страдањето води до духовна наслада. Обидот за избегнување или прекинување на страдањето преку сетилната наслада, завршува со трагичен безизлез. Црквата ја прима болката во целата нејзина длабочина и траење, бидејќи ја почитува човечката слобода. Истовремено, сепак, таа му ја дава на човекот силата да се исправи пред болката и да ја исползува за свое усовршување, откако ќе тргне по патот на Христос.


Наслада и страдање

Патот на Христос е спротивен на патот на првиот Адам. Додека Адам започнал со неоправдана наслада и завршил во справедливо страдање, патот, пак, на Христос, започнува со несправедливо страдање и доаѓа до справедлива духовна наслада. Во својот живот, Христијанинот ги следи стапките на Христос (сп. 1 Петр. 2.21). Тој секогаш се радува бидејќи гледа дека преку разновидната болка се урива законот на гревот во неговата плот и се раѓа духовниот живот. Христијанското крштение веќе го предвидува доброволното соучество во смртта Христова, кое ја има за цел победата на следната смрт. Пазењето на заповедта за љубов, која претставува суштина на христијанскиот живот, е тесно поврзана со страданието.

(Продолжува…)

 

 https://bigorski.org.mk/katehizis/paradoksot-na-bolkata-part-1/

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1140
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1286
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1141
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…