логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Episkop.Jakov.Dojran

Нашето одење во црква не подразбира здравје, ниту за нас, ниту за нашите деца. Не подразбира благосостојба, дека секогаш ќе бидеме богати и ќе имаме сè во изобилие.
Напротив, штом си Го сретнал Христос, очекувај да почнат неволји и искушенија, оти патот по кој Го следиш Христа е тесен и страдален.
Христос во ниту еден миг во Евангелието не нè излажа и не ни вети живот во розеви облаци, барем не овде, на земјата. Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во црква, се подвизуваш и постиш, не треба да ти се случуваат страдања. Исто така, не смееш да мислиш дека оние што грешат и хулат на Бог живеат поубаво.
Страдањата и искушенијата се сигурен знак дека си Христов слуга, дека одиш по тесниот пат. Што вели Христос? „Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат“ (Јован 15, 20).
Ако Христос страдаше, и ако патот кон воскресението и животот вечен поминува низ Голгота и распнување, како очекуваме да не бидеме распнати?“


Викарен Епископ Јаков Стобиски

 

 Избор од фб профил на Дојранска парохија

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1468
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1819
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1625
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…