логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

ЗА КОРОНА ВИРУСОТ И ПРИЧЕСТУВАЊЕТО

Во контекст на дискусијата за мерките на претпазливост во врска со епидемијата на коронавирус во светот, корисниците на социјалните мрежи се осврнаа на темата за причест во црквата.
Дали навистина е можно да не се грижиш?
По овој повод, протоереј Андреј Ефанов ги споделува своите размислувања.

Старците во православието се сеќаваат за тоа што се случи порано, на ридот од каде истекуваше извор кој е покрај Сергиевата Лавра, Света Троица. Локалните жители поставија на овој рид депонија, кој не ги спречи верниците со почит да пијат вода од овој извор. И никој не беше болен.

А сега, за "модерниот" сегашен коронавирус.
Антителата во организмот на испитуваните покажаа дека 80% од светското население е болно како резултат на вирусна инфекција на коронавирусот и дека сегашната форма не е најопасна, веќе е познато - САРС (кој предизвикува пневмонија) е исто така предизвикан од коронавирусот и е многу поопасна. Но, јас не сум доктор, јас сум свештеник и не треба да пишувам за болест, туку за Великиот Пост, за периодот кога се оди во храмот со цел да се причестиме со Светите Христови Тајни.

Познато е дека коронавирусот се плаши од алкохол, а супстанцијата на Крвта Христова е доволно силен алкохол. Така што, оние кои панично се плашат да бидат заразени, можат да се смират со овој аргумент, затоа што својствата на виното се зачувани во Таинството на Евхаристијата.
Но, дали ова треба да смири верник?

"Вам и влакната на косата ви се избројани" (Мат. 10:30) - ни вели Господ. Ако е така зошто да се грижиме за тоа што е под власт на Самиот Бог? Всушност, сé е под Негова власт - и нашиот живот и нашата смрт. Секоја зима имаме ваква или онаква инфекција, ако на секоја реагираме со таква загриженист, тогаш ќе се лишиме од најважното што е во животот на христијанинот - соединувањето со Христа.

Ако ние толку панично се плашиме од болеста, тогаш треба да престанеме да излегуваме на улица, да ја отфрлиме работата и училиштето, да не ги отвораме прозорците за да ја проветриме просторијата, да не ја отклучуваме вратата за да не нé зарази оној кој ни доаѓа. Така нема да Му ја отвориме вратата на Христа, Кој со ликот на сиромашните ќе почука кај нас.
А во стравот од болест, ќе го изгубиме најглавното поради што и дојдовме во овој свет и од кој сите исти заминуваме, само со што, зависи исклучиво од нас.
Но, потпирајќи се на Бог, треба да се погрижиме за себеси и нашето здравје.

Секој вирус, дури и оној што толку го исплаши светот оваа година, се развива полесно во ослабнат организам, затоа треба да се обидете да го одржите правилно вашиот имунолошки систем, така што доколку се чувствувате лошо, треба да се обратите на лекар. А црквенослужителите треба да се погрижат за дезинфекција на иконите кон кои парохјаните се приклонуваат.

Впрочем, поголемиот дел од чудотворните икони се прославиле токму затоа што преку нив, Господ и Мајката Божја ги запреа епидемиите.
----------

Извор:

https://zen.yandex.ru/…/o-koronaviruse-i-prichascenii-5e54d…

 Snežana Cornet

Подготви. Снежана Корнет

 

 

(ОБНОВЕНО)

11-ти октомври, лето Господово 2016

 

Бог не не‘ создал сите подеднакви, еднакво умни, прекрасни, богати, силни, затоа што тогаш  не би останало на земјата место за љубов. Љубовта ги покрива сите недостатоци: Ти си богат, другиот е беден- љуби го и Љубовта ќе ја исполни неговата сиромаштија. Ти си умен, образуван, а другиот неумен, неук- љуби го и Љубовта ќе те натера да му дадеш знаење. На тој начин при природна нееднаквост се добива исполнување на кругот на љубовта-  каде е љубовта таму е и полнотата. 

– Св. Јован Златоуст

 

 

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2770
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1950
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…