логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 7.Vselenski.sobor

 
На прашањето кои подвизи се поважни за  спасението, надворешните или внатрешните, монахот Агатон одговорил: „Човекот е како дрвото, надворешното или телесното занимавање носи лисја, а духовното заземање дава плод.

Но, бидејќи во Светото писмо се говори  дека „секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган“ (Мат. 3, 10), од ова е јасно дека треба да се посвети поголемо внимание на овошјето.

Но, на дрвото исто така му се потребни лисјата за да ги поддржат виталните сокови и сенката на лисјата дава заштита на  стеблото  и нејзините плодови од силната топлина. “

 

 

4ти декември 2019 лето Господово

 

 

(Преминпортал- к/т)

 Извор:

Друго:

 

  •  

    prepodoben.Agaton.jpg  15/март Лето Госповово

     

    Голем мисирски подвижник од 5 век. Современик на Св. Макариј и на неговиот ученик Св. Лот. Се грижеше да ги исполнува сите Божји заповеди. Некој од браќата му го пофали ноженцето со кое сечеше прачки за плетење кошници. Кога го слушна, светителот со радост му го подари ноженцето на братот. Говореше Св. Агатон: „За мене би било задоволство да можам на себе да го земам телото на некој лепрозен, а нему да му го дадам моето“. Ете за совршената љубов...

    Меѓу великите монаси, познати египетски подвижници беше и авва Агатон. Тој особено се одликуваше со смирение и трпение. Сакајќи да го проверат тоа, еднаш во посета му дошле неколкумина браќа.

    Тие го прашале: „Авво, слушнавме дека си горд, дека ги презираш другите и дека си блудник?“

    Авва Агатон им одговорил: „Да, тоа е вистина.“

    „А дали си озборувач и клеветник?“ И на тоа прашање, тој им одговорил потврдно.

    Но, кога го прашале: „Авво, дали си еретик?“

    Тој им одговорил: „Тоа не! Јас не сум еретик.“

    Потоа го прашале: „Авво, те молиме кажи ни зошто ги признаваш претходните особини, а третата не ја признаваш?“

    Тој им одговорил: „Тоа првото го прифаќам, бидејќи тоа е корисно за мојата душа, но да се биде еретик значи да се биде одвоен од Бога, а јас не сакам да бидам одвоен од Бога.“

    (од Старечникот)

 

  •  

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3092
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2430
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…