логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Живоносен Источник - Пресвета Богородица

Светол Петок [Παρασκευή Διακαινησίμου], познат и како Источен петок – Балаклија, е петокот од Светлата седмица. Овој ден е посветен на прославувањето на Пресвета Богородица, која во богослужбите на Светлиот петок е наречена и Животоносен Источник [Ζωοδόχος Πηγή].

Востановувањето на овој празник се случило во чест на чудата кои се случувале на изворот кој се наоѓал покрај храмот „Животоносен источник“, посветен на Пресвета Богородица, во близината на Цариград. Храмот бил изграден по залагањето на царот Лав Велики [5 век]. Според преданието, уште додека не бил цар на Византија, во ближната шума Лав наишол на еден слеп човек, кој го довел до изворот на кој го измил и му дал да пие од водата, по што слепиот прогледал. Кога станал цар, на местото каде што се случило чудото, ѝ изградил храм на Пресвета Богородица, во знак на благодарност кон неа. Набргу после тоа, многуброен народ започнал да доаѓа во тој храм од сите страни, барајќи и наоѓајќи лек за многуте болести. Меѓу нив бил и подоцнежниот цар Јустинијан I [6 век], кој примајќи исцеление на тој извор, го обновил и проширил храмот кој бил срушен по земјотресот. Царевите Василиј I Македонец [9 век] и неговиот син Лав VI Мудриот [9-10 век] повторно го обновувале храмот и изворот, од кои се точеле голем број исцеленија за народот и византиската аристократија. Во синаксарот на овој празник се спомнуваат многубројните исцеленија, но и воскресението на еден мртовец, како чуда кои се случиле на храмовиот извор.

 3.angeli.so.truba

 Кон овој извор прибегнувале и исцеление добивале болните од беснило, тумори и рак, грозница, неплодност, како и болните од очни и душевни болести. Историјатот на оваа светиња и денешниот празник го запишал Никифор Калист во 14 век.

На иконата на празникот се слика Богородица со Богомладенецот, над изворот, кон кој притекнуваат слепи и хроми луѓе, цареви и свештеници. Манастирските извори [источници] со питка вода најчесто се посветени на овој празник. Постои традиција секоја година на овој ден, по отслужената Литургија и молебен кон Богородица, да се изврши и мало осветување на вода, со која верните ќе се мијат за да добијат исцеление од многуте болести со кои се соочуваат.

3.angeli.so.truba



Извор: http://pravoslavie.mk.

 

 3.angeli.so.truba

Друго:

balaklija1.jpg

 

13.04.2018 лето Господово

 

 

 

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3110
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2441
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…