логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

7.Vselenski.sobor

До нашата редакција деновиве пристигнаа неколку писма со барање да објасниме кое е значењето на задушницата, воопшто, како и потеклото на оваа конкретна задушница, позната како митровденска (поради фактот што се одбележува во саботата пред празникот на св. Димитриј Мироточив Солунски). Во консултација со свештенството на МПЦ-ОА и користејќи релевантна црковна литература, дојдовме до следните информации кои, веруваме, ќе ни користат на сите нас.


 + + +

Како последица на она што Црквата е, а тоа е – заедница на живи и упокоени членови, но и на верата во воскресението и праведниот Суд Божји, се јавува принесувањето на молитви за блажен покој на оние кои се упокоиле во Христа. При вршењето на помени и молитви за упокоените, Црквата се раководи од апостолската заповед да се молиме едни за други и за сите луѓе. „Молете се еден за друг“ (Јк. 5, 16), и „живееме ли, умираме ли, Господови сме“ (Рим. 14, 8).

 + + +

Во Православната Црква, задушниците (како што кажува самото име, денови за-душа), ја засилуваат и обновуваат нашата свест дека ние, како живи членови, и претходно упокоените христијани сме роднини, еден неразделив жив организам, една и иста жива Црква. Наша должност е во овие денови да се молиме, како дома или во келија, така и во Црквите и на почивалиштата (гробовите), но и да твориме милостиња за душите на упокоените, со длабоко уверување дека Бог ќе ги прими приносите направени за покој на душите на оние за коишто се принесени.

 Во Црквата има два вида на задушници: засебни и општи. Засебните се одржуваат од семејствата, за своите упокоени роднини, а општите ги назначува Црквата, грижејќи се за сите свои упокоени членови. Секоја сабота, Црквата во своите молитви се обраќа кон сите светии, сеќавајќи се на сите претходно упокоени отци и мајки, браќа и сестри наши.

Покрај овие општи саботи, извесни се некои денови од црковната година кога се врши општ помен за сите упокоени. Меѓу нив спаѓа и митровденската задушница.

Митровденска задушница е обичај којшто е карактеристичен за словенофоните цркви. Имено, после победата на Татарите во 1380 година, Димитриј Донски се упатил во московската света обител на Живоначалната Троица, кон преподобниот игумен Сергиј, замолувајќи го за соврши помен за паднатите борци, за подоцна да му предложи секоја година, во саботата пред празнувањето на св. великомаченик Димитриј Солунски, да се моли за душите на овие војници.

Набрзо овој обичај бил прифатен од Црквата во Русија, со таа разлика што на овој ден се молиме не само за упокојување на душите на војниците, туку и за сите претходно упокоени. Од Русија, оваа пракса била пренесена и во другите словенофони цркви, меѓу кои е и нашата Македонска Православна Црква.

+ + +

Што е потребно за парастос?

За парастос се потребни варена пченица (коливо), свеќа и малку вино. Варената пченица се нарекува уште и коливо. Самиот термин има грчко потекло, и доаѓа од зборот ο κολλιβος, што првично означувал мерка за тежина на злато колку пченично зрно; подоцна овој збор означувал ситни пари, односно монети од мала вредност. Од ова основно значење настанува зборот το κολλιβον, што означува вид на колач од пченица или варена пченица, која се принесува за спомен на упокоените светии (можеби звучи соблазнително, но во Црквата сите оние кои во Христа се облекле се нарекуваат светии, зашто свет е нивниот Отец, по дарот на восиновувањето Христово).



Коливото нè потсетува на воскреснието, оти – како што полјоделецот оди на нива и сее пченица, па пченичното зрно гние во земјата, за подоцна од тоа изгниено зрно да излезе нов плод, така и телата на нашите покојници се предаваат во земјата, кадешто гнијат, за потоа, за време на Второто Христово пришествие истите тие тела да воскреснат за живот вечен.

За ова сведочат и Господовите зборови: „ако зрното пченично, што паднало на земја, не умре, останува само; а ако умре – ќе донесе голем плод“ (Јн. 12, 24).

 Свеќата, пак, ја символизира светлината на вечниот живот кон кого преминува душата на упокоениот. Бог е Светлина, и Тој живее во непристапна Светлина. Запалената свеќа исто така ја означува и топлината на нашата љубов, топлината на молитвите кои ги принесуваме за душата на покојните.

Виното е символ на Христовата победа над смртта; она што можеби историски влијаело на присуството на виното на парастосите што се извршуваат на почивалиштата е монашкиот обичај на откопување на гробовите на три години од упокојувањето на човекот. Имено, доколку при откопувањето, браќата виделе дела телото на упокоениот е распаднато, и останале само неговите коски, тие ги ваделе коските и ги измивале во вино, положувајќи ги подоцна во посебна костурница. На тој начин нив им се откривало дека покојниот живеел праведен живот. Доколку пак, истото било пронајдено во полураспадната состојба, тоа значело дека покојниот нешто многу се огрешил, та и земјата не сакала да го прими во себе. Таквиот труп повторно бивал затрупуван во земјата, и секој од браќата монаси творел по сто земни метании дневно, за простување и отпуштање на гревовите на упокоениот брат. Исклучок од ова правило биле нетрулежните мошти на светителите, кои при откопувањето пројавувале големо благоухание и речиси неодминливо чудотвореле.

Обичаите со делење на храна на присутните на парастосот се дел од црковниот фолклор кој се накалемил на црковните преданија, но од друга страна, понекогаш застрануваат и во нивна перверзија. Важно е секој христијанин да знае дека на душите на нивните упокоени роднини не им е потребна храна; напротив, таа храна треба да биде разделена на ближните кои се живи и се наоѓаат во неповолна материјална состојба, за преку таквите добри дела, но и преку молитвите на оние на кои им помагаме, душите на упокоените да добијат мир и оддишка.

 

 



Извор: http://agapi.mk/mitrovdenska-zadusnica-zosto/

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2018
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2038
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 486
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

07/05/2026 - четврток

Светиот маченик Сава Стратилат; Преподобна Елисавета; Светите маченици Пасикрат и Валентин; Преподобен Тома Јуродив; Светите маченици Лука и Никола;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная