логоFacebookTwitterYouTubeeMail

sv.efrem.sirin1a.jpg
 

за секој час во текот на денот и ноќта


19 час


Bogorodica.oreol1.jpgДево Владетелке Богородице, Ти која во утробата го носеше Христа Спасителот и Богот наш, на Тебе сета надеж ја полагам, кај Тебе се потслонувам, затоа што Ти си над Бестелесните Сили. Штити ме, Пречиста, со својата божествена благодат; раководи со мојот живот согласно светата воља на Синот Твој и Бога нашиот. Дарувај ми отпуштање на гревовите и биди ми прибежиште, заклон, заштита и патеводителка во вечен живот. Во страшниот час на смртта не напуштај ме, Владетелке, туку поитај ми на помош и истргни ме од рацете на демоните – мачители. Ти имаш сила да го извршиш тоа, бидејќи си навистина Мајка Божја.

Од нас смирените слуги Твои прими ги даровите кои единствено Тебе Ти доликуваат, Сесвета Владетеко Богомајко, Која си избрана од сите поколенија и Која си се покажала повозишена од сите земни и небесни створенија. Преку Тебе ние го познавме Синот Божји; преку Тебе се јави меѓу нас Господ на силите, и се удостоивме со светите Тело и Крв Негови....

Блажена си Ти од поколение во поколение, Богоблажена, посвета од херувимите и пославна од серафимите! И сега, Сесвета не престанувај да се молиш за нас, недостојните Твои слуги, за да можеме да се избавиме од замките на нечестивиот и да ги избегнеме крајните и и безизлезните тешкотии. Со Твоите молитви сочувај нé неосудени за да можеме спасени со Твоето завземање и со Твојата помош, да вознесуваме фалби и благодараност и поклонување на Едниот во Троица Бог и Создател на сите, сега, секогаш и низ сите векови. Амин.

20 час

Пресвета Владетелке Богородице, Ти си благодатна Богородителка, преблагословена, богоблагодатана Богомајка, сместиште на Божеството; огнелик престол на Единородниот Син бесмртен и невидливиот Отец, Себеспрекорна, Сепречиста, Сефална, Себлажена, Сенеприкосновена, Сечсена, Сеуважена, Себлагословена, Сепосакувана, Дева со душа, ум и тело; трон на Царот кој седи на херувимите; небесна врата, преку која ние влегуваме на небо, Богоневеста преку која го добивме помирувањето со Бога; несфатливо чудо, необјаснива вест, обелоденување на сокриената тајна Божја, неодоливо посредништво, моќна заштита, живоносен извор, неисцрпно море на божествени дарови, висина која ги надвишува Небесните Сили; длабина на тајни мисли недостапна на испитување, по Троица, општа Владетелка на сите, по Утешителот заедничка Утешителка на сите, по Посредникот заедничка Посредничка на сиот свет; кочија на мисленото Сонце – на вистинската Светлина која го осветлува секој човек кој доаѓа на свет (Јн.1,9); носителка на Оној кој со зборот Свој носи сé; облека на Оној Кој се облекува во светлината како во руба; мост на вселената кој не изведува кон надсветното небо; неспоредливо повисока и пославна од херувимите и серафимите;  украс на ангелите, спасение на луѓето; Мајка и слугинка на незалезната Ѕвезда; зрак на вистинскиот Ден; бездна на необјаснивото човекољубие Божјо; цврста потпора на правата вера; вистинска лоза  која го родила плодот на животот; молња која ги осветлува душите; сигурност на оние кои пребиваат на висините; плодна маслина која ги радува верните; препород на паднатите, потстрек на мрзливите, крепост на оние кои бдеат, единомислие на Црквите, непобедливост на војските, благоустројство на градовите, мир на вселената, цврстина на подвижниците, храброст на мачениците; облак кој изронува роса небесна!

Јас немам друга помош и заштита освен Тебе, семилосна Мајко Божја. На Тебе се надевам, дарувај ми го тоа што го сакам. Со Тебе се фалам. Поради мноштвото беззаконија мои немој да го одвратиш своето лице од мене Твојот недостоен слуга. Во Тебе е моќта, затоа што на неискажлив начин си го родила Едниот од Троица. Ти имаш со што да убедиш и со што да смилостивиш! Ги имаш рацете на кои си го носела Него; ги имаш градите на кои како детенце си Го доела.

На тоа што е од Тебе присоедини го она што е од Него: крстот, крвта и раните преку кои сме спасени и прославени. Он секогаш ќе стори по воља на Тебе, која Му послужи со раѓањето во делото на искупувањето.

Ти го исполни светот со доброчинства. Ти ја бришеш секоја солза од лицето на земјата. Ти си ги израдувала небесните и си ги спасила земните. Ти си го смилостивила Творецот, си ги приклонила ангелите, си го возвисила човештвото. Ти си ги помирила горните и долните. Ти се си променила на подобро, се си преобразила во најсовршено. Во Тебе ние имаме нелажен признак на нашето воскресение; се надеваме дека со Тебе ќе го достигнеме Царствово Небесно; во Тебе ја стекнавме помошничката на нашето спасение. Ти нí го откри приодот во Рајот; Ти нí го олесни влезот на небо; Ти нé направи свои на Синот и Бог Твој. Преку Тебе, Пречиста, од Адам се до свршетокот на светот беше, си и ќе бидеш слава и чест на апостолите, пророците, мачениците, праведниците, и поради Тебе, Блаогдатна, се радува сета твар, поради Тебе благословувајќи го Едниот во Троица Бог низ сите векови. Амин.

Bogorodica.oreol.jpg

21 час

 Пречиста Богородице, застапничке моја, прими молба од Твојот недостоен слуга. Верувам, Себеспрекорна, дека можеш да го сториш тоа и да ме спасиш. Надеж моја, Владетелке, затоа што сум најсиротиот од сите покажи ги на мене своите најчудесни милости. Ти ги знаеш моите мисли и постапки; Тебе не Ти е непозната мојта немоќ. Тебе Ти ја поверувам мојата душа осквернета со гревови. Ти ги гледаш моите рани, Владетелке; излечи ги, излевајќи на нив капка од сомилоста своја.

 Твоето молитвено посредување за душата падната во очајание, Твојот Син и Царот на сите го прима благонаклоно, Кој Те постави за прибежиште на грешниците; Нему му доликува секоја слава, чест и поклонување, со беспочетниот Отец Негов, со пресветиот и благиот и животворниот Дух, сега, секогаш и низ сите векови. Амин.

 Подготви: Маја Белева

Bogorodica.soHristos.jpg Свети Ефрем Сирин – Молитви кон Пресвета Богородица (II дел)

 

bogorodica.ikonostas.jpgСвети Ефрем Сирин - Молитви кон Пресвета Богородица

 

 bogorodica.sv.andrej.jpg Свети Ефрем Сирин – Молитви кон Пресвета Богородица (III дел) 

Bogorodica.molitva.jpgСвети Ефрем Сирин – Молитиви кон Пресвета Богородица (IV)

 

Посети:{moshits}



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2877
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2690
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…