логоFacebookTwitterYouTubeeMail

за секој час во текот на денот и ноќта

15 час

Bogorodica.molitva.jpgВладетелке, Мајко на благиот, себлагиот и преблагиот Бог, погледни милостиво на молитвите на Твојот непотребен слуга и постапи со мене по Твоето неискажливо милосрдие, не земајќи ги во обзир моите гревови, сторени со збор или дело, волно или неволно, свесно или несвесно. Обнови ме сиот, чинејќи ме храм на сесветиот и животворниот Дух, Кој е сила на Вишниот и Кој ја осени Твојата пречиста утроба и пребива во неа. Ти си помошничка на измачените од работа, застапничка на бедните, спасителка на измачуваните, пристан на оние во бура, заштитничка на неволните. Дарувај му на Твојот слуга скрушеност на срцето, спокојство на мислите, здравоумие, бодрост на душата, смиреност во размислувањето, побожно расположение на духот, благоразумен карактер и мир каков што Господ наш им дарува на учениците Свои.

Моето молење нека стигне до Твојот свет храм, и нека се воздигне во обитувалиштето на славата Твоја. Од очите мои извори од солзи нека потечат,  и Ти да ме измиеш со моите сопствени солзи, очистувајќи ме со нив од страстите. Избриши ја обврзницата на гревовите мои; растерај го облакот на тагата моја, маглата и поматеноста на мислите; отстрани ја од мене возматеноста од страстите; сочувај ме во тишина непоматена од ништо; израдувај ме со неизразлива утеха и непрекинато ликување, за да можам јас, одејќи по правиот пат на заповестите на Синот Твој, без укор на совеста да можам да го поминам земниот живот.

Дарувај ми мене, кој сега Те молам, чиста молитва, за да можам и дење и ноќе, со спокоен ум и незаблудено размислување да се поучувам  со зборовите на Божественото Писмо, и исповедувајќи ги да ги пеам и во радоста на срцето да принесувам молитва и чест и слава на Синот Твој и Господа нашиот, Исуса Христа, Кому Му доликува секоја слава, чести и поклонување, сега, секогаш и низ сите векови. Амин.


16 час

Милостива Мајко на човекољубивиот и милостивиот Бог, услиши ме од висината на славата Твоја, удостој ги зборовите мои со слухот Твој, слушни го извикот кој доаѓа од длабините на душата, и не го отфрлај моето тажно молење.

Ти, Која со своето посредување ми даруваш живот, дозволи ми да ја отворам својата уста, за да можам да го објавам Твоето величие пред смртта моја.
Согрешив јас, Себеспрекорна, согрешив, и ги знам своите беззаконија и гревот мој е секогаш пред мене. Снисходливо одговори на мојата последна молба и на исоповедта на слугата Твој; дарувај ми потоци на  тажни солзи и со нивна помош очисти ја милта на гревовите мои; во моето окаменето срце, настани го светиот страв  на Синот Твој и Бог; продри во мојата внатрешност, за се очистам со солзите, и ќе се обнови во мене спасителниот дух. Мислена светлина запали во мојот помрачен ум, за да можам во тишината и чистотата на таа светлина да вознесам жртва, која ни ја заповеда Синот Твој и Бог мој, Кој дошол грешниците а, не праведниците да ги повика на покајание, и Кој на Твоето завземање, ќе ме прими и мене недостојниот.

Владетелке, отсекогаш имало многумина кои согрешиле; во сите времиња постоело мноштво од оние кои не ги држеле заповестите на Синот Твој, но, не постои ниту еден кој со количината на беззаконијата би ме надминал мене. Сиот Стар и Нов завет ги слави доблестите на праведниците; но, внатрешниот суд на совеста моја ми покажува, дека моите гревови и беззаконијата  надминуваат сé лошо од веки. Адам ја доби заповеста и законот, но, не ги одржа. Но, тој Пречиста, сеуште не беше узнал по пат на опит на другиот пад и осуда. А јас несреќниот што можам да кажам во свое оправдување? Невоздржилив и самоволен, јас тежнеев да станам лош; затоа немам извинување; јас сум понесреќен од сите несреќни потомци Адамови, понесреќни од Содомјаните, проголтани со оган. Исто така знам дека сум понесреќен и од сите несреќници и погрешен од сите грешници на Новиот Завет; откако се крстив, јас се осквернувам, почестен со примањето на благодатта, јас се облекувам во срамот на гревовите и ја уништувам благодатта добиена при крштението. Ќе достасаат ли во мене мислите и зборовите, времето и способностите за очистување на  моите гревови, кои се големи како море? Што ќе биде со мене? По каков пат да одам? Небесниот пат е недостапен, земниот е тесен, подземниот страшен, морскиот преграден. Се наоѓам во неопислива тешкотија; неизбежната опасност ми се заканува одсекаде; мислата и зборот пресушуваат.

Моќна Мајко, на Семожниот и Живиот Бог, пружи ја раката ма помош на мене лишениот од помош, и подигни ја мојата душа велејќи í : Јас сум спасение твое! Услиши ја мојата молба и извади ме од широчината на невољите, и јас ќе Те славам Тебе, Преблагословената Мајка на Христа Бога нашиот, Кому Му доликува чест и поклонување низ сите векови. Амин

17 час

Дево Владетелке, Богородице, раѓајќи го Творецот и Владетелот на сé видливо и невидливо, едниот од Троица, Богот и човекот, Ти стана живеалиште на Божеството, сместиште на светињата и благодатта, во кое со благоволението на Бога Отецот и содејството на Светиот Дух телесно живееше полнотата на Божеството; Ти имаш предност пред секое создание; Ти си слава и утеха и веселба на ангелите, царски венец на апостолите и пророците, надприродно јунаштво на мачениците, чест  слава на преподобните, поборничка во подвизите и подателка на победите, непогрешлива патеводителка, наставничка на молитвеното тихување, двери на откровенијата и духовните тајни, извор на светлината, врата на вечниот живот, непресушна река на милосрдието, неисцрпно море на дарови и чудеса.

Тебе Те преколнуваме, сомилосна Мајко на човекољубивиот Владетел, биди нí милоства нам смирените и недостојните слуги Твои, погледни на смирението наше, развеј ги видливите и невидливите непријатели. Пред лицето на нашите непријатели за нас недостојните биди убиствено оружје, јака одбрана и непобедлива поборничка, за да познаат безакониците дека Тебе и е можно сé што ќе посакаш, Владетелке, да сториш на небото или на земјата, затоа што Ти си навистина Богородица, која си го родила по тело вистинскиот Бог, единствениот Цар и Владетел на сите, Кому Му доликува секоја чест и поклонување, низ сите векови. Амин.

18 час

Дево Владетелке Богородице, со солзно молење кон Тебе прибегнувам сега. Од Твојот Син и Бог измоли ми отпуштање на моите поранешни гревови, исполни го Себеспрекорна, моето молење, и покажи ми начин на кој би можел остатокот од својот живот, сличен на последните часови на ова сонце кое заоѓа, да го поминам во покајание, смиреност и чистота.

Преблагословена Владетелке, не отфрлај го смиреното молење мое, туку и во овој живот и при исходот на мојата бедна душа и на идниот страшен и праведен Суд јави се како моја заштитничка и спасителка, за да можам озарен со лачите Твои, да Те прославувам и незамолкно да Го славословам Троица, низ сите векови. Амин.

 Погдготви: Маја Белева

 

 

Bogorodica.soHristos.jpg Свети Ефрем Сирин – Молитви кон Пресвета Богородица (II дел)

 

bogorodica.ikonostas.jpgСвети Ефрем Сирин - Молитви кон Пресвета Богородица

 

 bogorodica.sv.andrej.jpg Свети Ефрем Сирин – Молитви кон Пресвета Богородица (III дел) 

 

Посети: {moshits}

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2603
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2395
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…