логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

УМЕЕЊЕТО ДA СЕ МОЛИМЕ

„Еднаш кога Исус беше на едно место и се молеше, откако заврши со молитвата, еден од Неговитеученици Му рече: Господи, научи не да семолиме...“ 
(Лука. 11,11)
Големиот молитвеник свети Јован Синајски не поучува дека според својата суштина молитвата е меѓусебно општење и единство на човекот со Бога. Така, само преку молитвата ние се развиваме како личности, бидејќи во молитвата остваруваме лична заедница и единство со Бога, Кој е најпревосходна личност.
Штом има молитва, духот дише и живее; штом нема молитва, за духот нема воздух, за него нема живот. Молитвата е дишење на душата.
Како што дишењето е важно за животот на човекот, така и молитвата е важна за неговиот духовен живот. Човекот кој веќе
не дише е мртов, и верата на оној што престанал да се моли е мртва. Затоа Христос постојано бара од нас: „Молете се постојано, за да не паднете во искушение“ (Лука. 22,40).
Молитвата е бесконечно творење, повозвишено од секоја друга уметност или наука. Преку молитвата ние влегуваме во општење со Беспочетното Битие. Молитвата е акт на најголема мудрост, на сенадминлива убавина и достоинство. Таа е свет занес на нашиот дух. Но, патиштата на ова творење се сложени. Вистински се моли само оној човек, којшто верува во благоста и семоќноста на Бога и којшто го осознал своето душевно и телесно бессилие, за својата целосна зависност од Творецот Промислител.
Во човечкиот живот нема ништо повредно од молитвата. Таа и неможното го прави можно, тешкото го прави лесно, непријатното, пријатно. Оној, кој не се моли се оддалечува од Бога и станува сличен на суво и неплодно дрво кое се сече и во оган се фрла.

Несреќа за слепиот е што не може да ја види светлината, но поголема несреќа за христијанинот е кога ќе ја изгуби желбата за молитва, зашто ја лишува својата душа од божествената светлина. Во таквата душа се зацарува темнината, а по излегувањето од телото таа оди во вечната темнина.
Молитвата е најсилното средство преку кое можеме да измолиме милост од Бога. Таа е голема сила; ништо не може да ја задржи. Се извишува до небесата, се издигнува до самиот престол на Седржителот, а се симнува дури до пеколот и оттаму ги ослободува затворените.
Најдобар пример на молитвеник за нас е Господ Христос. Целиот Негов живот бил молитва: разговорот со Отецот небесен, исполнувањето на волјата на Отецот... Во неговите молитви можеме да ги најдеме сите можни ситуаци: веселие, благодарност, радост, молење, но и јад и вапај: „Боже мој, Боже мој, зошто си ме оставил?“ (Мат. 27, 46). Од тука ни станува јасно дека молитвата може да има чудна близина Божја, но и чувство на оставеност. Неговата молитва е модел за сите човекови молитви.

Господ Исус се молел во храмот, се молел на пусто место, се молел во осаменост и секогаш предано. Он и од нас бара молитвата да ја вршиме не заради луѓето, туку ради Бога, и во неа да ја внесуваме целата своја душа. Он вели: „А ти кога се молиш влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Твојот Отец, Кој гледа тајно ќе те награди јавно“ (Мат. 6,6).
„Кога се молите, не говорете многу како незнабошците, зашто тие мислат дека за своите многубројни зборови ќе бидат услишени; вие, пак, не бидете како нив, зашто вашиот Отец знае од што имате потреба уште пред да Го помолите“ (Матеј. 6, 7- 8).

Влези во својата соба значи: Да бидеме сами, да не се молиме само за да не видат луѓето. Заедничката молитва во храмот има свое значење и е поткрепена со зборовите Христови: „Зашто каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас меѓу нив“ (Матеј. 18,20).
Евангелската приказна за митарот и фарисејот нам ни дава пример во молитвите да не изнесуваме гревови кои не сме ги сториле, ниту пак добри дела кои нас не красат, туку како цариникот да се молиме за простување на своите гревови. Значи, да се молиме насекаде и на секое место, секаде каде што ќе почувствуваме потреба за тоа, сами во својата соба и во заедница со „народот Божји“ во Црквата!
Уште во Стариот Завет самиот Бог заповедал да се молиме, а псалмопевецот Давид, вели: „Повикај Ме во тежок ден и Јас ќе те избавам а ти ќе Ме прославиш“ (Псал. 49,15).
Пророк Еремија пишува: „Ке викнете кон Мене и ќе Ми се молите, (вели Господ), и Јас ќе ве чујам. Ќе ме побарате и ќе ме најдете, ако ме барате од се срце“ (Ерем. 29,12-13).
Во Новиот Завет молитвата се препорачува речиси на секоја страница. Господ Исус Христос не поучува: „Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете, чукајте и - ќе ви се отвори" (Матеј 7, 7); Се што ќе побарате во молитва со вера, ќе добиете (Мат. 21,22).

За молитвата да биде вистинска и силна, за неа треба да се подготвуваме со набожни мисли и чувства. Треба да сме свесни дека сме грешни и недостојни да застанеме пред
Бога и да разговараме со Него, пред Кого треперат ангелските сили. Треба да се молиме со внимание, со непоколеблива вера и надеж дека ќе го добиеме она што го бараме. Треба да се молиме со покајно и смирено срце и со чиста совест. Преку пророк Исаија, Господ Бог вели: „Ке погледнам само на оној што има смирен и покаен дух и кој трепери пред Моето слово“ (Иса. 66,2).
На молитва треба да застанеме смирено, со чувство на сеодговорност, земајќи ја врз себе одговорноста за секој грев, сторен во нашата блиска или далечна околина, инаку самите себеси се лажеме. Умот треба да го врзуваме за зборовите на молитвата, а кога ќе почне да скита, повторно да го вратиме назад.

Заедно со верата во нашата молитва треба да има и смирение, трпение, постојаност и неуморност. Бог некогаш доцни да ги исполни нашите молби, но ако постојано Му се молиме и ако она за што Му се молиме е согласно со Неговата света волја и е корисно за спасението на нашата душа, Он одговара на нашите молби.
Нема ништо невозможно за молитвата, ако таа е придружена со силна вера, искрено покајание и пожртвувана љубов спрема ближниот. Таа ги обраќа и неверникот, и еретикот и грешникот од нивниот лажен пат (Јаков 5.19-20), ги исцелува душевно и телесно болните (Јак. 5. 14-15), ги помирува скараните (Филимон), го заздравува домашниот мир, ги успокојува душите на покојниците „таму кде што почиваат праведниците“ (Рут. 2,20) и не заштитува од погубното влијание на лукавиот сатана н неговите слуги на чело со антихристот кој наближува.
Потребата од молитвата доаѓа од нашата желба секогаш да бидеме заедно со Бога, и Бог целосно да раководи со нашиот живот. Само закоравените неверници и грешници не чувствуваат никаква потреба од општење со Бога, затоа што се скарани со Него и целосно и се предале на волјата на ѓаволот. Но, тие во никој случај не се атеисти или безбожници, туку за себе си имаат воздигнато десетици свои богови од кои поглавни им се парите, блудниците, бесовските собиралишта, суетната слава, дури и самите себе си.

Неслушната молитва. Често пати ние се молиме неразумно и за нешта, кои се штетни за нашите души, како на пример за богатство, високи функции, почести... Или пак сме се разболеле, па наместо да се покаеме за нашите гревови, заради кои нашиот Бог праведно не казнува за да се поучиме, ние се молиме единствено за телесно здравје и потоа пак започнуваме со стариот начин на живеење и потполно забораваме на Бога и на нашето жестокосрдие кон ближниот свој. Но, Бог не е никаков маѓепсник, и никогаш не го лекува телото за сметка на душата. Напротив, Бог најнапред ја исцелува душата а потоа телото; најпрвин разумот, чувствата и волјата, а по нив црниот дроб, мускулите, коските, главата... Напшот Господ постапува така, затоа што најважно нешто во нашиот живот не е здравјето на телото кое што е времено, туку спасението на душата кое што е вечно. За тоа пишува и нашиот првоврховен Апостол Павле: „И ако само во овој живот се надеваме на Христа, тогаш ние сме најнесреќните од сите луѓе"(1Кор. 15, 19). И свети Апостол Јаков, брат Господов, со божа додава: „Просите, а не добивате, оти зло барате, за да го трошите во вашите похоти" (Јак. 4,3).

Друга причина за неисполнување на нашите молитви е нашето нетрпение што побрзо да го добиеме тоа што го бараме, и тоа точно онака како што сме си вообразиле дека ќе не облагодетели целосно. Ваквото размислување е суетна човекова дрскост. Бог е Оној. Кој најдобро знае, кога, како и каде да ни го даде она од кое ние навистина имаме потреба. Он сака да не научи на смирение, трпение и послушание, и бара безропотно да го носиме нашиот животен крст што Он ни го доверил. Дури кога ќе го постигне тоа со нашите души, Бог ги исполнува нашите молби. Човекот кој безусловно и молскавично бара исполнување на неговите прозби, наликува на мало вообразено дете кое настојува родителите да му откинат некаков плод од дрвјата покриени со снег и мраз преку зимата.

Претставете си дека познавате некоја жена, која што има маж пијаница. Таа и дење и ноќе се моли за него да престане да пие, запишува десетици литургии поради тоа, пости, често оди на поклонение..., но нејзиниот маж не престанува да пие. Тогаш таа го губи трпението, започнува да ропта против Господа и на крајот го напушта својот брачен другар. Грешката на таа жена е во нејзиното нетрпение, во неправилната молитва и несваќањето на вистинската смисла на христијанскиот живот. Наместо најпрвин да се помоли за засилување на нејзината љубов спрема својот сопруг и за поголемо разбирање и трпение во однесувањето кон него, таа се моли единствено за тоа, тој да престане да пие. Наместо да земе дел од одговорноста за состојбата на својот сопруг, зашто според премудриот син Сирахов „зла жена му се дава на грешен маж“ (25, 3, 9) таа го осудува сопругот и разгласува за неговото пијанство. Наместо да сфати дека тоа всушност е нејзиниот животен крст, што Бог и го дава за да ја спаси, откако до крај ќе го изнесе на својата мала Голгота, жената го отфрла и ги нарушува светите завети на светата тајна Венчание.
Треба да се молиме за духовни дарови, овака како што, на пример, се молеа учениците на Господ Исус Христос кога Му ое молеа да ја засили верата во нив (Лука 17, 5). Такви духовни дарови се и засилувањето на надежта и љубовта, како и сите останати добродетели: радоста и мирот во Светиот Дух, долготрпеливоста, благоста, милосрдието, верата, кроткоста, воздржанието, љубовта, радоста... (Гал 5. 22, 23); треба да се молиме и Бог да не облече во овие Негови оружја, за да се одржиме против ѓаволските лукавства (Еф. 6,11), коишто се дела на плотта: прељубодејство, блудство, нечистотија, бесрамност, служење на идоли, магии, кавги, гнев, расправии, ереси, завист, убиства, пијанство, нечистотија...(Гал. 5.19-21).
Пред се треба да се молиме за спасение на нашата душа, за „добар одговор на Страшниот суд" (од „Великата ектенија") за безбедно преминување на нашите души низ митарствата, за покажување на патот по кој што треба да врвиме" (Пс. 142, 8)... а потоа за задоволување на нашите секојдневни по¬треби. „А кога се молите, не говорете многу како јазичниците, не советува Господ Исус Христос, - зашто тие мислат дека за своите многу зборови ќе бидат услишени; Затоа ви велам, немојте да се грижите за душата, што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете. Зар не чини душата повеќе од храната, и телото од облеката?... Но најнапред барајте го царството Божјо и неговата Правда, и сето ова ќе ви се придаде“ (Матеј. 6. 7, 25-33).
Треба да се молиме најнапред за другите, а потоа за себе си; најнапред во храмот, и на богослужението, а потоа лично, и во домот.
Воедно, молејќи се и за нашите ближни, остваруваме вистинска љубовна личносна заедница со нив, која е благодатен дар Божји. Со молитвата го осмислуваме и целиот наш живот било да се наоѓаме во страдање и тага, било во радост и утеха.

Не може да се молиме заедно со еретици и секташи, ниту пак да ги посетуваме нивните молитвени собири. „Бегај од човек еретик, откако еднаш и по втор пат го советуваш, знаејќи дека таков човек се изопачил, греши и дека се осудил сам себе си“ (Тит. 3.10,11).
Голем грев правиме ако се дрзнеме да застанеме пред олтарот на Севишниот, а таиме некаква омраза против ближниот и не сме се помириле со него. Таквата молитва не само што нема да ни помогне, туку и ќе го предизвика праведниот суд Божји против нас. Затоа Господ предупредува: „Ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па отиди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот“. (Мат. 5.23,24).
И нема друг, полесен пат за совладување на страстите, освен молитвата. И постот е многу важно помошно средство за засилување на молитвата.
Постот е воздржување од се што и пречи на душата да се издигнува кон Бога; тој е ограничување на она што ја приврзува душата за земјата. Постот е умереност во јадењето и пиењето и во другите животни потреби. Постот многу и помага на молитвата.
Кога зборуваат за духовниот пост, светите Отци секогаш посебна важност и придаваат на молитвата, особено на таканаречената „Исусова молитва" - Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене греншиот (грешната).
Најприродно е оваа молитва, секој православен христијанин со смирение и љубов кон Христа, што почесто да ја говори во себе гласно или тивко. Оној што љуби непрестајно мисли на љубениот. На почетникот му се предлага токму ова молитва.

На почетокот од молитвата ние го исповедаме Христос Бог, Кој се воплоти заради нашето спасение. Во вториот покајно го признаваме нашиот пад, нашата гревовност, и молиме за искупување. Соединението на догматското исповедање со покајанието ја прави молитвата попотполна во нејзината позитивна содржина. За творењето на молитвата да не доведе до оние резултати за кои со восхит зборуваат нашите отци и учители, неопходно е да го следиме нивното учење.

Постот и молитвата се секогаш соборен подвиг и начин на живот во Црквата. Ние ги остваруваме само во Црквата и тоа во заедница и потпомогнати од сите нејзини членови, земни и небесни. Затоа, ние не се молиме и не постиме само за наше спасение, туку напротив, тоа го правиме пред се за целата Црква, за нашиот Епископ, за свештениците и за сите луѓе, а најпосле за нас. Само носени и раководени од оваа чувство на соборност, нашата молитва и пост ќе бидат примени од Господ.

За сите проблеми во духовниот живот пак, треба да се советуваме со нашиот свештеник, а не да посетуваме разни бајачи и гледачи, бидејќи тоа е голем грев со кој си нанесуваме огромна духовна штета, а создаваме и можност за душевно заболување. Нема никаква заедница помеѓу светлината и темнината.
Да го завршиме ова кратко слово со богомудрото кажување на свети Василиј Велики:, Барај го она што е достојно за Бога, и не престанувај да бараш додека не добиеш, макар да мине и месец, и година и три години, и повеќе време, додека не добиеш не отстапувај, но моли се со вера, непрестајно вршејќи го доброто“. Амин.
Внатрешното молитвено чувство го изразуваме, осенувајќи се себеси со Крстниот знак.
Според Светото Предание наследено од Апостолите и Светите Отци, ние, православните христијани, треба да се осенуваме со знакот на Светиот Крст. Тоа треба да го правиме правилно и со посебно внимание на следниот начин:
Најпрво ги составуваме палецот, показалецот и средниот прст од десната рака, како симбол на Светата Троица, а преостанатите два прста ги свиткуваме надолу. Така составени, трите прста ги ставаме на челото, велејќи: „Во името на Отецот", потоа под градите, изговарајќи ги зборовите: „и Синот", и на крајот прво на десното рамо а потоа на левото, велејќи: „и Светиот Дух, Амин". Потоа спуштајќи ја раката лесно се поклонуваме.
Трите соединети прсти ја означуваат нашата вера во Пресветата Троица: Бог Отец, Бог Син и Бог Свети Дух, а двата свиткани прста ја симболизираат нашата вера во двојната природа на Синот Божји, Господ Исус Христос, односно дека Он е и Бог и Човек.

Крстниот знак не треба да го правиме често и брзо, и при тоа небрежно претворајќи го во бесмислено движење на раката.
Движењата што ги правиме со десната рака треба да се одмерени, односно да се прават смирено, зашто невнимателното осенување со крстот Го жалости Господа и грев прави оној кој неправилно се крсти. Таквото крстење не само што нема никаква сила, туку напротив, претставува радост за нечестивиот (ѓаволот), зашто тоа не е веќе оружје против бесовите. Со силата на крстот светителите лекуваат болни, воскреснуваат мртви, и им помагаат на луѓето, правејќи секакви чуда.

Со поклоните пак, ја изразуваме нашата набожност и особено стравопочитувањето кон Бога како и нашето покајно чувство.
Коленопреклонувањето, односно стоењето на колена во храмот се прави при читање на особено коленопреклони молитви.
На почетокот на секое молитвено правило, поклонувајќи се, треба да се изговараат следниве молитви:

Боже, биди милослив кон мене, Грешниот!
Боже, очисти Ги моите Гревови и помилујме!
Господи, Кој си ме создал, помилуј ме!
Безмерно згрешив, Господи прости ми!
Владичице моја, Пресвета Богородице Дево, спаси ме Грешниот!

Извор: Мал православен молитвеник

Струмичка епархија

15.03.2015



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5789
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6608
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6387
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5585
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная