логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


hands-and-bible

Да се ​​опише со најсмел израз, молитвата е разговор со Бога. Дури и ако зборуваме со тивок глас, дури и ако шепотиме без да ги отвораме усните, дури и ако повикуваме кон Него само од длабочините на нашето срце, нашиот неискажан збор секогаш стигнува до Бога и Бог секогаш го слуша (Св. Климент Александриски). Молитва е говорење на умот со Бога. Како што лебот е храна за телото и добродетелта е храна за душата, така духовната молитва е храна за умот (Св. Нил Синајски).
Молитва е секогаш возможна за секого, богат или сиромав, благороден или едноставен, силен и слаб, здрав и во страдање, праведен и грешен (Св. Серафим Саровски). Без разлика дали си во црква или во твојот дом, или на село; без разлика дали чуваш овци, или градиш згради, или си присутeн на забави кадешто се пие, не престанувај да се молиш. Кога можеш, приклони ги колената, кога не можеш, посредувај во твојот ум, “навечер и наутро и на пладне“. Ако молитвата úпретходи на твојата работа и ако, кога ќе станеш од постела, твоите први движења се придружени од молитвата, гревот не може да најде начин да ја нападне твојата душа (Св. Ефрем Сирин).

Кога ќе станешнаутро и ги принесуваш утринските молитви, застани колку е можно понеколебливо во срцето пред Бога, а потоа оди на работа што ти ја задал Бог, без да се повлечеш од Него во твоите чувства и свест… Иако молитва е вообичаено дело за нас, таабара подготовка. За секој кој знае како да чита и пишува, што е повообичаено отколку читањето и пишувањето? Сепак, ако седнеме да читаме и пишуваме, тоа не го правиме одеднаш, туку прво се ставаме во расположението за она што треба да го направиме. Овој вид на подготовка е уште повеќе потребна пред да започнеме да се молиме, особено ако нашите обврски пред тоа биле многу поинакви од молитвата… Веднаш пред да почнеш да ја ги кажуваш твоите молитви, стој некое време, седи некое времеили движи се малку и обиди се да го сконцентрираш твојот ум и да го оттргнеш од сите световни активности и предмети. По ова, размисли за тоа пред Кого стоиш на молитва, потоа сети се кој си; кој е оној што ќе го почне повикувањето кон Него во молитва. Направи го тоа на таков начин што да се разбуди во срцето чувство на смирение и стравопочит дека стоиш во присуство на Бога. Тоа е почеток на молитва, а добриот почеток е половина завршенаработа (Св. Теофан Затворник).
Кога се молиш, обиди се молитвата да допре до вашето срце; со други зборови, потребно е срцето да го чувствува она го зборуваш во твојата молитва, да го посака благословоткојшто го бараш… Набљудувај, за време на молитвата, дали твоето срце е во согласност со она што го велиш (Св. Јован Кронштатски). Бог го слуша не нашиот глас, туку нашето срце. Он не треба да се притиска со извици, бидејќи Он ги гледа нашите мисли (Св. Кипријан Картагински). Душата на молитвата е внимателноста. Како што телото без душа е мртво, така и молитвата без внимание е мртва (Св. Игнатиј Брјанчанинов). Треба да се молиме со постојано и будно внимание. А тоа ќе биде можно ако ние добро разбераме со Кого разговараме, и дека за тоа време ние сме Негови слуги, кои Му нудат жртва на Бога. Треба да се молиме со покајание, со солзи, со почит, со ведрина и голема смиреност. Нашите гревови не треба да нѐ спречат да се молиме. Ние треба да се срамиме од нашите гревови, но тие не треба да нè спречуваат во нашите молитви. Иако си грешник, пријди кон Бога со молитва, за да можеш да се помириш со Него; дај Му можност да ти ги прости гревовите, а и ќе ти ги прости, само за да ја открие Својата љубов кон човештвото (Св. Јован Златоуст). Исто како што секоја добродетел има соодветен резултат, така и молитвата како резултат го има очистувањето на умот и просветлувањето… Со молитвата, божествената благодат станува активна и овозможува решенија за проблемите и испитувањата кои ги мачат верните (Старец Јосиф Ватопедски).
Не брзај ги молитвите една по друга, туку кажувај ги со уредно размислување, како да се обраќаш кон некоја голема личност за услуга. Не внимавај само на зборовите, туку дозволи умот да биде во срцеето, стоејќи пред Господа во целосно сознание за Неговото присуство, во целосна свесност за Неговото величие, благодат и правда (Св. Теофан Затворник).
Ако сакаме да побараме услуга од некоја моќна личност, претпоставуваме дека треба да пристапиме со понизност и почит. Колку повеќе со понизност и целосна преданост треба да се обратиме кон Господа и Бога на сите нешта? Не треба да мислиме дека нашите молитви ќе бидат услишани поради многуте зборови, туку заради тоа што срцето е чисто и духот е во покајничко расположение (Св. Бенедикт).
Нечиста молитва е една работа, нејзиното губење е друга, а нејзиното грабнување е трета. Молитвата е нечиста кога стоиме пред Бога и си претставуваме небитни и неумесни мисли. Молитва е загубена, кога сме заробени од страна на бескорисни грижи. Молитва е украдена од нас кога нашите мисли талкаат пред тоа и да го сфатиме. Молитва е нарушена од страна на било каков вид на напад или прекин што доаѓа до нас за времето на молитва (Св. Јован Лествичник). Нашата молитва го одразува нашиот однос кон Бога. Оној кој е незаинтересиран за спасението, има различен однос кон Бога од оној кој го напуштил гревот и е ревносен за добродетели, но сеуште не влегол во себеси и работи за Господа само надворешно. На крај, оној кој влегол и Го носи Господа во себеси, стоејќи пред Него, има друг однос. Првиот човек е небрежен во молитвата, исто како што е небрежен и во животот, и тој се моли во црква и дома само според утврденото правило, без внимание или чувство. Вториот човек чита многу молитви и често оди во црква, обидувајќи се истовремено да го задржи своето внимание од расеаност и да искуси чувства според молитвите кои ги чита, но и покрај тоа тој ретко има успех. Третиот човек, целосно концентриран кон внатре, со својот ум стои пред Бога, и Му се моли во своето срце без расеаност, без долги гласни молитви, дури и кога стои долго време на молитва во својот дом или во црква… Секоја молитва треба да извира од срцето, а секоја друга молитва воопшто не е молитва. Молитвите од молитвениците, твоите сопствени молитви и мошне кратките молитви, сите мора да исходат од срце пред Бога, Кој Го гледаш пред себе (Св. Теофан Затворник).
Те советувам да се убедиш себеси и да се присилиш на молитва и на секое добро дело, дури и ако не чувствуваш желба за тоа. Бог, гледајќи го трудот и делата ќе ти даде добра волја и ревност. Таквата добра волја и одредената привлечност кон молитвата честопати е резултат на навика. Влези во таа навика и таа ќе те привлече кон молитва и добри дела (Св. Тихон Задонски).
Запомни дека додека се молиш, Бог очекува од тебе позитивен одговор на Неговото прашање: “Дали веруваш дека Јас можам да ја исполнам твојата молитва?” Мора да бидеш способен да одговориш од дното на срцето: “Да, верувам, Боже”, а потоа ќе бидеш услишан според твојата вера (Св. Јован Кронштатски). Добро е, тогаш, да се молиш секогаш и да не паѓаш со духот, како што вели Господ, и повторно апостолот вели: „Молете се постојано”, што значи ноќе и дење и во секој час, а не само кога доаѓаш во црквата, а во останатото време да не се грижиш за молитвата. Без разлика дали работиш, дали си легнат за да спиеш, патуваш, јадеш, пиеш, седиш на маса, не прекинувај ја својата молитва, бидејќи не знаеш кога ќе дојде Оној што ќе ти ја побара душата. Не чекај до недела или празник, или друго место, туку, како што вели пророкот Давид, „на секое место на Неговото владеење“ (Св. Ефрем Сирин).

Извор. Маран Ата



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5852
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6658
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6462
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5650
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная