логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 lastjudgment_dingman (1)

 Дали пеколниот оган е материјален или духовен
Јудаизмот не кажува многу за животот после смртта, освен тоа дека тој постои, и дека начинот на којшто сега живееме ја одредува нашата крајна состојба. Главниот поглед е тоа дека во животот што ќе настапи (на хебрејски: Олам-Ха-Ба) Ган Едем, т.е. Едемската градина, ги очекува оние кои достигнале состојба на духовна совршеност. Повеќето починати одат во геената или шеолот најмногу 12 месеци пред да појдат во Ган Едем. Геената е како духовна ковачница, кадешто душата се очистува. Исто така, се смета и за влез или чекална за она што следи.
Постојат две гледишта за оние што се сосема злобни. Едното е дека тие, откако ќе ја напуштат Геената, продолжуваат да ја чувствуваат казната вечно, а другото е дека тие биваат уништени. Некои хасидички јудаистички секти веруваат во еден вид форма на реинкарнација, во која ние минуваме низ многу циклуси со голем број можности да бидеме очистени. Јасно, јудаистичките погледи се доста широки и не се добро дефинирани.
Во мојата младост никогаш не ми беше кажано дека Бог е одмаздољубив и дека треба злобните да ги прати во место како пеколот, каде тие ќе бидат засекогаш изложени на буквален оган на најлошото мачење што може да се замисли. Ова е изненадување за христијаните, затоа што тие често претпоставуваат дека Бог на Јудејците е строг, поосудувачки и поодмаздољубив од христијанскиот Бог, така што јудејскиот пеколен оган треба да биде „пожежок“. Не верувавме дека злобните ќе поминат неказнето, туку дека нивното страдање ќе биде ублажено од Божјата љубов и оттаму не толку сурово, како што мислат многумина христијани.
Така што, кога првпат размислував да станам христијанин и го прочитав преводот на Светото Писмо на Јеховините сведоци, бев привлечен од нивното учење дека оние, кои се сосема злобни, ќе бидат уништени. Ова за мене беше многу поразумно, отколку идејата дека Бог, Кој нé љуби, го оддржува нивното постоење само за вечно да ги измачува, без крајна цел или надеж за избавување. Исто така, бидејќи некои јудеи веруваат во уништувањето на злобните, гледиштето на Јеховините сведоци изгледаше посоодветно на она на јудаизмот.
Како што сé повеќе проучував, открив дека Јеховините сведоци се сосема надвор од општото традиционално христијанство, кое верува во Троица. Тоа ја намали мојата доверба во нивниот поглед на уништување на загубените, но, од друга страна, беше тешко за мене да го прифатам конзервативниот христијански поглед за одмаздољубивиот Бог на пеколот. Не знаев како да го решам ова прашање подруго од она што го прават многумина христијани: или да се гледа пеколот како место за вечна темнина наместо активно мачеништво, или едноставно да одбијам да размислувам за тоа. Второто беше тешко да го направам, бидејќи протестантските евангелисти, како Били Грахам, нагласуваат дека Исус зборувал повеќе за теророт на пеколот, отколку за славата на царството небесно. И проповедниците за пеколот и сулфурот, кои ги слушав, никогаш не престанаа да нé потсетуваат што прават загубените. Прашањето за пеколот стана едно од оние значајни теолошки прашања, кои не можев да ги решам долги години, сé додека не се сретнав со Православното Христијанство.
Христијанската вера верува дека на општото воскресение на мртвите на крајот на времињата, душите на загубените ќе бидат соединети со нивните воскреснати нераспадливи тела. Бидејќи неправославните ја гледаат смртта како Божја легална казна за гревот, нивниот став за животот после смртта е дека Бог активно ја продолжува и ја интензивира оваа казна засекогаш. Во нивните воскреснати тела, загубените ќе страдаат засекогаш – и физички, како и духовно. Според овој концепт, телата на проколнатите се специјално дизајнирани од Бог за да ги издржат сите страдања и сета физичка болка што може да се замисли, без да бидат уништени или оштетени. Ова мачеништво нема надеж да биде прекратено или да донесе помирување. Тоа не служи за друга причина, освен за задоволување на „потребата на божествена правда“. Така што, оние кои се осудени, примаат бескрајна количина на казна за ограничен број гревови извршени во релативно кратко време во текот на животот.
Ова е традиционалниот католички поглед на пеколниот оган, концептот кој е претставен во Дантиевиот пекол (Inferno). Исто така, тоа е и поглед за пеколот кој протестантите го наследиле од Римо-католичката црква, кога тие се одделија од католицизмот за време на Реформацијата. Многумина протестанти продолжија да веруваат како што веруваат римо-католиците, дека пеколниот оган е буквален, создаден, материјален оган.
Како контраст на двете – римо-католиците и протестантите – Православните учат дека пеколниот оган е присуството Божјо. Овој оган не е материјален, туку духовен, бидејќи е несоздаден. За оние, кои Го љубат Бога и Го посакуваат, Неговата божествена светлина и присуство го прават царството небесно. За оние, кои сакаат да го избегнат Божјото присуство, Неговата светлина, очистителниот оган и омнипотентноста, го прават пеколот да постои, бидејќи загубените не можат да Го избегнат Бога.
Св. Василиј Велики напишал: „За злобата во пеколот не е причинител Бога, туку ние ја создаваме.“ Најстариот познат Символ на верата на Црквата, Апостолскиот Символ, не вели дека Бог го создал пеколот, туку вели: „Верувам во единиот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата“, а не „Творец на небото, пеколот и земјата.“ Бог не е творецот на пеколот. Ние, луѓето, сме причинители на нашите сопствени страдања и смрт.
Што ги прави царството небесно – царство небесно и пеколот – пекол?
Во типичното неправославно учење, пеколот е место создадено од Бога за експресната цел на протерување на злобните на вечна казна. Проколнатите се просторно отсечени од Бога, Неговото Царство, Неговиот народ и Неговата љубов. Но, во православното христијанско сфаќање, царството небесно и пеколот не се во суштина просторни, туку функционални. Така, целта на христијанинот не е „да стигне до рајот“ како на одредено место, туку да расте во продлабочувањето на заедницата со Бога преку стекнување на Светиот Дух, почнувајќи во овој живот и продолжувајќи вечно. Слично, Црквата не се гледа себеси како испраќач на луѓето во рајот или пеколот, како што и Бог не ги испраќа луѓето таму. Попрво, Црквата е болница за грешниците, која ги подготвува луѓето за искуството што сите ќе го искусиме – да се биде во присуството Божјо.
Православното сфаќање е дека царството небесно и пеколот се примарно состојби на човечката душа. Она што ги прави такви какви што се, е нашиот личен одговор на Божјата љубов, кадешто Бог е или вклучен или исклучен од нашето постоење. Во овој сегашен живот ние можеме да го претвкусиме царството небесно, бидејќи живееме во заедница со Бога, без разлика на нашите физички околности. Христос вели: „Зашто навистина, царството Божјо е внатре во вас“ (Лука 17:21). Исто така, ние може да го претвкусиме и пеколот, со тоа што ќе Го отфрлиме Бога од нашиот живот: „кој не верува, веќе е осуден“ (Јован 3:18). Во двата случаја, нема ниту промена на нашата физичка локација ниту промена во Божјиот однос, кој ја одредува состојбата на нашите души; тоа е наш личен избор.
Бидејќи Царството Божјо се создава во нашите срца во овој живот, ние учествуваме во благословот на царството небесно. Тоа е причината што многумина светии, кои ги претрпеа најлошите измачувања, без разлика на тоа, се радуваа и ја доживееја животворната топлина и утеха, којашто само Бог може да ја даде. Тие, во извесна смисла, беа на „погрешно“ место, но нивните души беа во точната состојба. Спротивното е, исто така, точно. Во овој живот може да ја почувствуваме материјалната удобност, која доаѓа од богатството, силата и славата, а сепак внатрешно да бидеме збунети, осамени, гневни и измачени.
Христос вели дека неправедните ќе бидат изгонети во крајна темнина (види Матеј 8:12; 22:13; 25:30, кое се однесува на шеолот). Православното христијанство зборува за пеколот како за темнина; неговиот оган е мрачен оган. Иако оганот сам по себе е светол и духовно просветлувачки, изгубените не го гледаат како таков, затоа што тие се духовно слепи. Св. Иринеј (2. век) вели:
А оние, кои според својот избор отстапуваат од Него, Он ги подложува на одделување од Него, кое самите тие го избраа. Одделувањето од Бога е смрт и одделувањето од светлината е темнина… Слично како што тоа се случува при потоп од светлина: тие, коишто се ослепиле себеси или се ослепени од некој друг, засекогаш се лишени од насладувањето од светлината. Тоа не е затоа што светлината им ја нанела казната на слепилото, туку слепилото е она коешто им нанело несреќа.
Затоа, поради доброволната слепотија на изгубените, светлината се јавува како темнина. Ова овозможува проникнување во Господовите зборови: „Ако светлината во вас е темнина, тогаш колкава ќе биде темнината!“ (Матеј 6:23). Соодветно, св. Антониј Велики од Египет, честопати нарекуван татко на монаштвото, вели: „Да се рече дека Бог бега од злобните е како да се рече дека сонцето се крие од слепиот“.
Беше од голема утеха што открив дека Православието верува дека Бог никогаш не ја повлекува Својата љубов или не престанува да ги сака загубените. Кога Го отфрламе Бога, ние не Го менуваме Него, туку само себеси се менуваме. Отфрлањето на божествената светлина од Божјата љубов не Го менува Бога, туку има вечни последици за оние од другата страна.
Во нивниот срам, Адам и Ева се обидоа да се скријат од Бога (Битие 3:8-10). Нивниот обид бил ирационален, затоа што Бог е омнипотентен и сезнаен. Исто така, Бог е љубов, и не постои причина да се криеме од Него, дури и ако е можно тоа да се направи. Слично, кога правиме грев и остануваме непокајани, почнуваме да ја чувствуваме Божјата љубов како страв и гнев. Ова не е затоа што Бог се променил и станал одмаздољубив и јаросен, туку затоа што ние го сменивме нашиот однос, а со тоа и нашето доживување на Бога (Јован 1:5,9-11; 3:19-21; 1 Јован 1:5-7). Христос никогаш не одбил некој којшто дошол кај Него барајќи прошка, исцеление и живот.
Огнената река
Пример за овој божествен оган е претставен на православната икона за судниот ден, кој ја слика реката на божествениот оган како излегува од Божјиот престол. Овој оган е претставен како царство небесно за оние на едната страна, а како пекол за оние од другата. Св. Марко Ефески (15. век), од неговата прва од вкупно четири беседи за фалшивото римо-католичкото сфаќање за создаденото чистилиште и пеколен оган, го цитира древниот црковен отец св. Василиј Велики (4.век):
Василиј Велики исто така зборува за ова во неговото дело „За моралот“, каде што го толкува стихот од Писмото – Гласот Господов сече како огнен пламен (Псалм 28:7): „Огнот, подготвен за мачење на ѓаволот и неговите ангели, е поделен од гласот Господов, така што после тоа да има две сили во него: една што гори и една што просветлува; измачувачката и казнувачката сила од тој оган се чува за оние коишто заслужиле мака, додека осветлувачката и просвелувачката сила е наменета за да заблескаат оние коишто се радуваат. Така што, гласот Господов, кој го разделува и одделува огнениот пламен, е заради ова: мрачната страна да биде оган за измачување, а несогорливиот дел да биде светлина за насладување.
Земете ги за пример Седрах, Мисах и Авденаго, кои одбија да се поклонат на идолот во Вавилон (Даниел 3). Царот Навуходоносор ги фрли во вжештена печка, која беше загревана „седумпати повеќе“. Значењето на седум е тоа што може да ја симболизира небесната печка, местото кадешто престојува Бог. Тројцата јудејски момчиња беа неповредени од огнот, кадешто еден „како Синот Божји“ беше меѓу нив. Православното песнопение вели дека тие беа „соединети со оган кој не ги согоре“. Како и да е, жештината на истиот оган ги уби најмоќните царски војници. Ова е аналогно на тоа што присуството Божјо е светлина и топлина за оние кои Го љубат, а болка и уништување за оние кои Му се спротивставуваат; а сепак е истиот оган.
Во православното христијанско сфаќање, степенот на материјалните награди или казни не го прават царството небесно или пеколот, ниту количината на чувственото задоволство или страдање, коешто се доживува. Ниту пак царството небесно и пеколот се дефинирани според локација (царството небесно е горе, а пеколот е долу) или физичка далечина од Бога. Попрво, светлината на Божјото присуство, која е насекаде, ги прави царството небесно – царство небесно и пеколот – пекол. Нетварната Божја светлина, која произлегува од Него уште пред создавањето на светот, проникнува и ги оддржува сите нешта. Како поединецот ја прима и доживува оваа „огнена река, која произлегува од Божјиот престол“, ја одредува неговата состојба во животот после смртта.
Извор: Surprised by Christ – Rev. A. James Bernstein

Преземено од Маран Ата



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5856
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6662
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6466
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5652
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная