логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

лого

Архимандрит СЕРАФИМ

ПРАВОСЛАВНО ЧЕТИВО

 3.angeli.so.truba

6) ПОСЛЕДИЦИ ОД ВИСТИНСКАТА ИСПОВЕД


 Ава Исаија ветува: “Да го исполнуваме потребното според нашите сили и големата моќ на нашиот Господ Исус Христос ќе ни помогне… Тој знае дека човекот се покајал и затоа му го дарува покајанието низ целото време на неговиот земен живот” .

 Прекрасни се последиците од вистинската исповед! “Оној што вистински се покајал добива прошка за своите гревови, се смирува со Бога, со Црквата и со сопствената совест, и на тој начин ја враќа претходната синовска отвореност кон Бога, како кон свој Отец и се ползува со сите дарови на Неговата татковска љубов и добрина” .
 Последиците на вистинската исповед имаат одраз не само на душата на покајаниот, туку и на небото. Голема е радоста таму за покајаниот грешник (Лука 15,10). Ангелите ликуваат, светиите се веселат и Самиот Бог се радува, зошто е најдена изгубената овца, најдена е Божјата драхма на која стои стои отпечатен царскиот образ Божји.
 Со исповедта се лечат сите гревови и на покајаниот грешник му се дава ликот на праведноста.
 На еден праведен епископ му било речено за некои две жени дека живееле нецеломудрено. Тој се обратил со молба кон Бога да му ја открие вистината за нив. Желбата му била да им помогне во спасението. Бог ја слушнал неговата молитва.


 На една Божествена Литургија, кога верниците почнале да пристапуваат кон Светите Тајни за да се причестат, по дејство на Божјата благодат на епископот му се отвориле духовните очи. Тој преку лицата на луѓето почнал да ги гледа нивните духовни очи. Едни биле црни и грозни, а други светли и убави. Кога оние две жени, кои имале неморално поведение, пристапиле кон Св. чаша, епископот видел дека нивните лица се светли и се облечени во убави бели облеки. Штом се причестиле, уште повеќе засветиле. Епископот се зачудил што значи тоа и се обратил кон Бога да му ја разјасни неговата недоумица. Тогаш се појавил ангел Господов. На прашањето на епископот дали она за што беа наклеветени тие две жени е вистинито, ангелот одговорил потврдно.
- Но, како тогаш тие пред Светите  Тајни се појавија со светли лица, и како по примањето на истите уште повеќе засветлија? – запрашал епископот.

 Ангелот одговорил:
- Ти се чудиш на тоа? Со право се чудиш, бидејќи си човек, а нашиот Владика е Бог, човекољубив и благ по суштина. Оние што ќе се откажат од своите гревови и преку исповедта ќе се обратат кон Него, Тој не само што не им праќа тегоби, туку и Својот гнев кон нив го прекратува и со почести ги удостојува. Зошто Бог го засакал светот, па дури и Својот единороден Син Го предал за светот. Ако Божјиот Син благоволил да умре за своите непријатели, нема ли дотолку повеќе да даде прошка за гревовите и вечна наслада на оние што станале Негови деца и што се каат за своите гревови? Со сигурност знај дека ниеден човечки грев не може да го победи Божјото човекољубие, доволно е некој само со покајание да го измие злото што го правел пред тоа. Бог, Кој е човекољубив, ја знае немоќта на нашиот род и силата на страстите и ѓаволската итрина. Затоа, кога луѓето паѓаат во грев, Бог долго трпи и чека да се покајат. А, кон оние што се исповедаат и кон оние што ја бараат Неговата благост Тој пројавува сострадание како кон немоќни, веднаш ги ослободува од маката и им ги подарува благата подготвени за праведниците .

 Многубројни се примерите што не уверуваат дека сите грешници што со искрено и длабоко покајание ќе ги исповедаат гревовите добиваат потполна прошка и спасение од Бога.
 Преп. Нифонт имал длагодатна дарба да го гледа духовниот свет исто така едноставно и јасно како што ние ги гледаме физичките предмети. Еден ден тој дошол во храмот на молитва. И ете, се отвориле над него небесата, исчезнал покривот од храмот и тој видел еден пат што се протегал од земјата до небесата. По тој пат ангелите ја носеле душата на еден починат, а зад нив тапкале демоните што бесно викале:
- Зошто ни ја земате таа душа! Или можеби вие не знаете дека додека таа живееше на земјата правеше разни гревови и се потчини на блудот, разбојништвото и среброљубието? Таа е виновна за разни гревови!
- Знаеме! – одговориле ангелите – знаме, дека оваа душа е многу грешна, но го знаеме и тоа дека таа многу плачеше заради своите гревови и пред смртта се исповеда. Затоа, милостивиот Господ и ги прости сите гревови.
- Но, ако оваа душа добила прошка од Бога – завикале демоните – тогаш земете ги кај себе сите грешници. Па, зошто тогаш се трудиме ние?
- Запомнете – одговориле ангелите – дека сите грешници што со скрушено срце ќе ги исповедаат своите гревови ќе добијат прошка од Бога. А, оној што ќе умре без да се покае, него Бог ќе го осуди на вечни маки заедно со вас! 

 За силата и последиците од вистинската исповед знаменитиот руски духовен писател св. еп. Игнатиј Брјанчанинов во следниов, на него современ настан:
 “Во околината на Вологда, Русија, се наоѓа големото село Кубенское во кое има неколку парохии. Еден од парохиските свештеници се разболел и приближувајќи се кон својот крај, го видел својот одар опколен од демони, што се подготвувале да му ја земат душата и да ја одвлечакаат во адот. Тогаш се појавиле три ангели. Еден од нив застанал до постелата и почнал да се препира за душата со најодвратниот од демоните, кој држел отворена книга во која биле запишани сите гревови на свештеникот.
 Во тоа време дошол вториот парохиски свештеник, за да го исповеда и причести својот собрат. Започнале со исповедта. Болниот, кога го насочил погледот кон книгата, со самоотворање ги кажувал своите гревови, како да ги исфрла од себе си. И што да види тој? Јасно гледа, дека штом ќе каже некој свој грев, тој грев веднаш исчезнува од книгата: напишаното исчезнувало и таму останувало празно место. На тој начин, со исповедта тој ги исчистил сите свои гревови од бесовската книга и набрзо оздравел.
 Остатокот од своите дни тој го поминал во длабоко покајание. На своите ближни, за нивна поука им го раскажувал своето видение, за што доказ било и неговото брзо оздравување” .


 Некои, читајќи го овој пример, недоверливо ќе заклатат со главата и ќе речат: “Тоа е прекрасно, но тоа е напишано само за во книга. Зошто јас веднаш по исповедта во животот не ја чувствувам нејзината обновителна сила? Не еднаш сум се исповедал, но гледам дека се уште сум истиот. Дури станувам и полош. Зошто немам такви благодатни настани што ќе ме уверат во ползата од Тајната покајание?”
 На тоа прашање најдобриот одговор го наоѓаме во следниов светоотечки расказ: “Двајца монаси отишле кај големиот старец ава Зенон. Секој од нив насамо ги исповедал своите гревови. Не многу по тоа започнал разговор меѓу двајцата монаси. Едниот прашал:
- Кога бевме кај старецот на исповед, доби ли полза од тоа?
- Да, - одговорил другиот - по неговите молитви Бог ме излекува.
- Јас, пак, - се пожалил вториот – иако се исповедав, не почувствував олеснување.
 Вториот прашал:
 - Како се исповеда пред старецот?
 Првиот одговорил:
- Му реков: Ава, помоли се за мене. Да знаеш само какви мисли ме беспокојат.
- А јас пак, - рекол вториот – кога му ги исповедав своите гревови, со солзи му ги обливав нозете и поради неговите молитви, Бог ме излекува” .
 Полза од исповедта не добива оној кој безчувствено, ладно и формално се исповеда. Формалната, ладна и празна исповед не спасува. Туку треба смирение, скрушеност на срцето, плач, горливо сожалување затоа што сме биле пријатели со демоните и во непријателство со Бога.
 Кога пророкот Давид тешко згрешил пред Бога, барал жртва достојна за откуп според големината на својот грев. И не нашол друга подобра жртва од смирението, понизноста и покајното срце (Псал.50,17). Ако се смириме и ние, го понизиме нашето срце и искрено се исповедаме, не е можно да не ги почувствуваме последиците од покајанието, од кои најлесно се чувствуваат слаткиот мир на совеста и пламената обновена љубов кон Бог, која го тера срцето да грее од среќа.

 

 3.angeli.so.truba


7) ПРАШАЊА ЗА КРАЈ

Некои прашуваат: кај кој свештеник може да се исповеда човек? Одговорот е: кај сешто е православен и кој преку законито ракополагање ја примил благодатта за свештенослужење на Светите Тајни. Може и пред млад и пред стар. Се разбира, се препорачува да се најде искусен човек, возрасен свештенослужител кој дали поради годините, дали поради искуството, дали поради својот личен авторитет, би можел поблаготворно да влијае врз оној што се исповеда. Но, ако не се најде таков, не треба поради тоа да се лишуваме од духовните блага што ги носи исповедта. Благодатта и преку младиот свештеник дејствува со еднаква сила како и преку стариот.
 Други прашуваат: кога треба да се исповедаме?

 Некои пребрзо одговараат: за време на Великиот Пост. Тогаш е време за исповед. Но, дали е тоа правилниот одговор на прашањето? Ако некој тешко се разболи и со тебе се посоветува кога да повика лекари, што ќе му речеш: “Чекај го Великиот Пост!” Не, ти веднаш ќе повикаш лекари. Ако се грижиш за телото, уште повеќе треба да се грижиш за душата.

 Најдобро е никогаш да не ја одложуваш исповедта. Ако денес продрел некој Божји зрак во одајата на твојата душа и со својата појава ти покажал колку многу прав лета во неа и колку многу ѓубре има по нејзините агли, не одложувај ја исповедта зошто со неа можеш да го исчистиш својот духовен дом. Ако денес некое Божјо слово го погодило твоето срце и те натерало да се згнасиш од својата нечистотија, што побрзо измиј се во бањата на покајанието. Ако денес Бог затропал на твојата совест, побрзај да отидеш кај духовникот и да се измириш со твојот Господ. Не одложувај за утре. Којзнае какви неочекувани мисли ќе те покријат утре. Па, дали и утре ќе го имаш истото покајно расположение? Бог ти ветил дека ќе ти прости ако се покаеш денес, но никаде не ветил дека ќе преживееш до утре. Напротив, Тој ти кажува дека не го знаеш ни денот ни часот на својата смрт. Затоа исповедај се веднаш кога ќе почувствуваш потреба од тоа. Има луѓе што велат: “На старост ќе се покајам”. Но, дали тие водат сметка на каква кревка подлога стојат? Колкумина ќе доживеат старост? Повеќето луѓе млади го напуштаат овој живот. А има и многумина што ненадејно и одеднаш биле повикани. Псалмопеецот, гледајќи ги од висината на небесата човечките судбини, за луѓето вели, дека сите “слегуваат во прашината и неможат да си го запазат животот” (?Псалм 21,30). Штом не можеме да си го запазиме животот, колку и силно да сме соединети со него, треба додека е време да се погрижиме преку исповедта да се измириме со Бога. Зашто “страшно е да се падне во рацете на живиот Бог!” (Евр. 10,31).

 Брате, не согласувај се со мислењата на своите пријатели кои, за да те успокојат, ти велат: “Остави да се исповедаш кога ќе се разболиш. Тогаш ќе дојде свештеникот да те исповеда и причести”. Но, ти одговори им: “Многупати свештеникот го повикуваат кај болниот дури откако јазикот ќе му се умртви, а мислата ќе му се помрачи. Тогаш е многу доцна. Тогаш болниот и да сака да се исповеда, не ќе може. А, што ако и мене ми се случи тоа? Ако ми се парализира јазикот? Ако старечката склероза на мозокот или некоја друга болест ми го помати умот, па јас да не можам да се сетам и да ги кажам своите гревови? Тогаш никој од пријателите не ќе може да ми помогне. Затоа ќе се исповедам сега, додека сум силен и помнам с#!”

 Таквото решение е спасително. И ти, не одложувај ја исповедта!

 Се разбира, од Црквата има и посебно востановени периоди на покајание и исповед. Тоа се четирите пости во текот на годината, за време на кои христијанинот е должен да пости и да се подготвува да ја прими Св. причест. Ако се препорачува да се пристапи кон покајанието секој пат кога се има потреба од тоа, уште повеќе тоа се наложува пред примањето на Св. причест.
 Што претставува Причеста? – Примање на Самиот Спасител и Господ во нашето срце. Кога очекуваме некој голем гостин, ги чистиме собите, ги проветруваме, ги уредуваме и тогаш со радост го покануваме гостинот. Со колку поголема грижа треба да ги подготвуваме нашите души кога се подготвуваме да Го примиме најголемиот Гостин од небото – Исус Христос! Оној што се исповеда поради причестување, тој Го поканува Господ во тивко, пријатно и радосно катче во своето срце. А оној што не се исповеда пред причестувањето, тој Го поканува небесниот Гостин во одвратната и неисчистена соба на својата душа за да Го нажали. Со оваа негрижа кон својот небесен Гостин тој Го изгонува од себеси. И тогаш, меѓу пајажините и ѓубрето, доаѓаат и се населуваат бесовите.
 Светата Причест е меч со две острици. Таа осветува и изгорува, таа оправдува и осудува, таа животвори и умртвува. Само оние што пред неа се исповедаат имаат полза од неа. Оние што недостојно пристапуваат имаат голема вина. Тие го јадат и пијат своето осудување. Некои од нив, според зборовите на св. ап. Павле, паѓаат во разни немоќи и болести, а други ненадејно умираат за да отидат во вечна мака. И сето ова се случува поради тоа што претходно не се испитале себе си, т.е. не се исповедале (1. Кор. 11, 27-31).

 Дали за ова е виновна Светата Причест?
 Таа не е виновна, туку нашата негрижа и лесномисленост.
 Дајте му на болниот стомак најубави јадења и тој уште повеќе ќе се разболи. Тука јадењата не се виновни, туку оној што  ги употребува пред да се излекува.

 Ако некој има рана и, пред да ја исчисти и дезинфицира, на неа стави мелем, уште повеќе ќе ја воспали. Така и оној што не се исповедал пред причеста уште повеќе греши. Исповедта ја мие гревовната рана на душата. А, Сетата Причест го положува мелемот на раната. Мудриот христијанин, слушајќи го повикот од Светата Црква: “Со страв Божји, вера и љубов пристапете!”, не смее веднаш да ја пројави својата вера во Св. причест и љубовта кон Христос пред да се исполни со сеспасителниот страв Божји и да го осуштестви во св. тајна Покајание.

 Крајната цел на исповедта е душата да биде исчистена, да биде украсена и разубавена како невеста за да може достојно да го пречека својот небесен Женик, за кого и е создадена. Душата што редовно се исповеда е како дом што постојано се чисти. Пред таква чиста куќа секогаш, како буден стражар, стои совеста за да не дозволи да влезе во неа нешто што не е за внатре. И ако нечистиот дух што еднаш излегол од таа куќа и гледајќи ја празна, изметена и уредена (Матеј 12,44), $ завиди на добродетелната чистота на таа обновена душа и посака повторно да влезе во неа, совеста не го пушта повеќе внатре! Таа го отфрла сето она што $ е туѓо, долно, гадно, гревовно и тогаш, Самиот Исус Христос   тропа на вратата!

 “Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам при него” (Откр. 3,20).
 “Ако некој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме при него и пребивалиште во него ќе направиме” (Јован 14,23).
 Будната совест на оној што постојано се исповеда го слуша чукањето на Хистос ги отвора вратите и вели: “Дојди, Господи Исусе!” (Откр. 22,20). За тебе копнее душата моја! Таа те чека долго време! Дојди и всели се во мене! И Божествениот Гостин влегува во таквата душа и останува да престојува таму вечно!


 “Блажени се оние, чии беззаконија им се простени и чии гревови се покриени!” (Псал. 31,1). Преградата помеѓу него и Бог паднала и тој е во потполно, добро и вечно единство со својот Господ!

А М И Н!

 zaboraveni.lekarstva.jpg

3.angeli.so.truba

TVITer270

 П.П.  2008-02-13

 

Во врска со 15тиот  реденден на Преминпортал:

 seter.jpg

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5802
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6401
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5597
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная