логоFacebookTwitterYouTubeeMail


За Простувањето

Во суштина, сите сме должници на нашиот Бог, Создател и Творец, Кој е наш Господар и ние сме Негови. Сите згрешивме и сеуште грешиме и пребиваме во своите гревови, и тешко ни е да се исправиме. И тоа е нашиот долг пред Бога, кој не е мал и не може со ништо да се откупи, освен со милоста Божја.

Според евангелскиот настан, откако Господарот си го побарал долгот и откако должникот не можел да му го врати, го ставил во затвор се додека му исплати се што должи. Но овој бидејќи не можел да го врати својот долг, Му се молел и умилкувал, и Господ му се смилил и му ги простил гревовите. Така, Тој по нашите молитви, усрдие и трудови, а пред се, по милоста Божја, ни ги простил нашите гревови и ние сме слободни.

Но, од друга страна ние сме неправедни кога не и ги простуваме долговите на другите, кои се несразмерно помали од нашите долгови кон Бога. Сите сме паднати, грешиме и робови на гревот, и во тоа сите сме исти. Се повредуваме еден со друг, пред се, заради нашата гордост и самољубие. Се повредуваме зашто самите себе се сакаме повеќе од другите, и така горди, кога некој ќе каже нешто кое не не повредува нас, туку нашата суета, ние му го земаме за грев, ја губиме љубовта, се помрачуваме, се затвараме, страдаме и во тоа е болката и трагедијата на човештвото, што ние сме се истоветиле со нашите болни страсти и погрешни желби.

Вистина, ако не ги простиме грешките и долговите на нашите ближни, ниту Бог нас нема да ни ги прости. Тоа не е некаква закана или казна, туку причинско последична реакција. Ако ние не му го простиме гревот на оној кој нам ни “згрешил”, тој грев на нељубов и непростување во нас останува и тоа е во суштина нашиот затвор и темница. Зашто таму кај што нема љубов, таму не е ни Господ, туку ѓаволот, и нема светлина туку темнина, нема слобода туку ропство. Во тоа е и нашето заробување. Ние се заробуваме од тежината на нашиот грев и го носиме, го носиме и го носиме се додека не го простиме гревот на нашиот ближен, та макар тој грев бил најголем и од “ нашиот најголем непријател”.

Треба да се сакаме и љубиме еден со друг и, како што апостол Павле не учеше во својата 13 гл. од посланието до Коринтјаните, што денеска пред Евангелието ја прочитавме и која нема потреба да ја толкуваме, така и ние да се сакаме еден со друг, секогаш да застанеме на последното место, да не ја бараме нашата слава и волја, туку пред се, да го живееме братот во своето срце. Тогаш и Господ ќе расти во нашето срце и полека , полека тоа ќе стане толку чисто и чуствително за секој двиг и потреба на секој еден. Тогаш и навистина ќе нема раздори, тужби и кавги, за кои ние денеска, во ова време, особено во ова наша општество и заедница, сме сведоци.

Ќе кажам два примери кои јас често ги повторувам. Првиот е пример како ѓаволот делува онаму каде што нема простување.

Биле двајца подвижници кои живееле заедно и во голема љубов. Ѓаволот гледајќи ја нивната љубов и заедништво, им завидел и сакал да ги раздели. Еден ден ѓаволот тропнал на вратата и на едниот му се претворил како гулаб, а на другиот како гавран, и меѓу себе почнале да се расправаат дали е гулаб или гавран. Не се смириле еден пред друг и не сакале да си попуштат и простат, па се скарале и разделиле.

Вториот случај е со двајца подвижници, кои исто така постојано живееле заедно и пребивале во љубовта Божја и меѓу себе. Еднаш разговарајќи за случувањата во светот, едниот од нив рекол: Ние не знаеме што е тоа кавга. Ајде да се скараме и да видиме што значи тоа човек да се скара и да го почуствуваме тоа чувство.Причината за нашата кавга ќе биде оваа тула. Јас ќе речам моја е, ти ќе речеш не е твоја туку моја е, и така ќе се скараме. Тогаш Првиот рекол: Оваа тула е моја, другиот рекол: Не е твоја туку моја е, а првиот, кој сам го предложил тоа, рекол: Не е моја твоја е, земи ја; и пак не се скарле и останале заедно, и тоа во поголема меѓусебна љубов.

Значи, кавгите потекнуваат од ѓаволот, кој сам по себе е зол, разделувач, проклетник, клеветник. Затоа не треба да го слушаме и да не им служиме на нашите страсти, гордост и заробеност на срцето, туку со отворено срце, со една јасна и чиста визија дека живееме за Царството Небесно, а не за ова царство, да им простуваме на своите браќа, а пред се, да бараме прошка за самите себе. Се сеќавате на оној Евангелски настан кога Господ рекол: Кој е без грев, прв нека фрли камен. На крајот кој фрлил камен? Никој. Кој останал? Само Господ Кој е единствен без грев и грешницата на која Господ и ги простил гревовите. Така и ние, ако сакаме да ни се простат нашите гревовите, ако сакаме да го очистиме своето срце од страстите и да се ослободиме од ропството на гревот, темнината, ѓаволот и смртта, треба да се смируваме еден пред друг, да се сакаме и си простуваме.

Простете ми најпрво на мене грешниот.

Амин

Извор: Манастир на св.Прохор Пчински, Донибрук, Австралија

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1263
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1464
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1336
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…