логоFacebookTwitterYouTubeeMail


ДУШАТА, ЕНЕРГИЈАТА И ЧОВЕЧКОТО КВАНТНО ТЕЛО

Многу нешта открива денешната наука,
но едно не открива - материјапизмот.
 Епископ Јован Сан-Франциски (Шаховској)

Обидите духовните категории да се третираат во строго научна смисла изгледаат малку оправдани, бидејќи обично самата научност се одликува со некаква едностраност иако се потпира на логиката и доказите на човечкиот разум. Духовниот свет, пак, се наоѓа на потполно друго ниво на реалното постоење и иако може да му се открие на нашето сознание, тоа не се случува само преку вообичаени облици на истражувања и заклучоци, напротив, тој се изразува преку духовно доживување кое не е развиено кај сите истражувачи.
Сепак некои научни откритија ни дозволуваат да зборуваме за можностите за приближувања во некои ставови помеѓу некои области од физичките науки и метафизичките дисциплини. Современите откритија во областа на егзактните науки не можат да ги остават без внимание генијалните стари тврдења кои се однесуваат на природата на нештата и нивните взаемни односи со човекот.
Тука особено станува збор за светоотечкото учење за енергиите и вибрациите (брановите функции). Ова учење најпотполно е формулирано во делата на св. Максим Исповедник и св. Григориј Палама.
Современата квантна наука, која ја опфаќа квантната механика, квантната статика и квантната теорија на полињата (сметајќи ја тука и квантната електродинамика), во својата суштина ги потврдила генијалните поставки кои ги изнеле пред многу столетија луѓе кои не поседувале никакви технички прецизни инструменти.
Од гледна точка на квантната теорија, најситниот дел на материјата (или енергијата) е квантното, а не атомското или молекуларното (како што порано се мислеше) ниво, и токму квантот е негова основна и првобитна единица. На тоа ниво доаѓа до взаемен премин на енергијата во материја („анихилизација" „материјализација"). Квантот во суштина претставува бранова функција која содржи одреден дел на енергија. Во однос на човечкото тело, квантната теорија претпоставува дека надвор од нашите келии и молекули постои т.н. „квантно тело", кое има непосреден однос кон материјалното тело и влијае на неговите животни функции.
Освен тоа, во контекст на оваа теорија, квантното тело претставува поле кое на одреден начин взаемно дејствува со други квантни полиња.
Оваа теорија донекаде потсетува на христијанското поимање, според кое освен грубото материјално тело, во човекот постои посуптилна супстанција слична на етерот, која се нарекува душа, па за изразено материјалистички ориентираните луѓе, кои бараат научни докази, тоа може да послужи како начин на изложување на човечката морфологија кој го прифаќа Православието. Покрај тоа, христијанската антропологија многу посложено го претставува дадениот аспект, прифаќајки го човекот како составен од три дела (тело, душа, дух) - меѓутоа тоа не се сведува на ниво на шематска поделба. Токму поради тоа бесмислено е какво било материјалистичко сфаќање на душата, која, според поимањето на светите Отци, не само што го оживотворува телото, туку и на несфатлив начин ја одредува целата смисла на нашето постоење, го носи на себе печатот на Божјото и вечното.
Во својата извонредна книга „Дух, душа, тело", Архиепископот Лука Војно-Јасенецки, зборувајќи за можноста за постоење на уште невидени видови енергија, мисли дека духовната енергија е „прародителка на сите физички облици на енергија, а преку нив и на самата материја". „Енергијата на љубовта која се излила по себлагата Божја волја, дала почеток на сите други облици на енергија" - пишува овој извонреден лекар, научник и свештенослужител.
Според точното тврдење на еден денешен мислител, вистинската наука во своите откритија само ја потврдува Библијата, а не стапува во противречност со неа.

Мисли кон темата:
За енергијата е својствено да создава, а за природата е својствено да раѓа (св. Григориј Палама).
Божјата светлина и благодат не е суштина, туку Божја енергија (св. Григориј Палама).
Енергијата може да се претвора во материја и материјата во енергија. Сите елементарни честички се составени од едно нешто: од енергија. „Честичките" се разновиден облик кој го поприма енергијата за да стане материја (епископ Јован Шаховској).
Филозофијата на материјализмот мора да биде преиспитана во самата своја основа (Вернер Хајзенберг).
Осврнувајќи се кон човечката душа, во неа ги наоѓаме истите закони кои ги поставил Творецот во целото Свое создание, само што ги наоѓаме во жив неракотворен облик на живиот дух... (К. Д. Ушински).

Владимир Константинович Невјарович
„Терапија на душата"
Светоотечка психотерапија

Извор: Премин бр.77/78

http://www.youtube.com/preminportal

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »