логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

Верско образовавание


Родителите и наставниците–Христијани, секогаш, макар подсвесно, мораат да ја имаат следната цел: да ги поттикнуваат  децата лично да ги возљубат/засакаат Христа и Мајката Божја. Во колку детето расне почитувајќи и љубејки/сакајки го Христа и Мајката Божја, оваа љубов ќе се утврди во неговото срце.
Верското образование најмногу се остварува со примерот и атмосферата на љубовта и молитвата во домот. Тоа е она што го освојува детското срце и така детето без објаснувања ја задобива молитвата, како природно делање без да бара логички докази за познание на Божјото присуство.
Во Житијата на Светите наоѓаме често дека врз животот на Светителите клучно влијаел некој свет кого тој едноставно само го видел. Свети Нектариј Егински секогаш се сеќавал на љубовта на својата баба и на нејзиното стоење на молитва пред иконите.
Љубовта, молитвата и примерот се поделотоворни од зборовите (навистина, преку нив зборвите добиваат вредност) кога ги приведуваме децата кон Бога. Нашата работа како родители или вероучители често пати е тајно делание кое ни открива застрашувачка страна на човечката слобода:  дека никој не може да ја наметне љубовта кон Бога на друга личност. Ниту би смееле да сакаме да биде поинаку; сакаме да го љубиме Бога слободно и тоа му го пожелуваме на сиот човечки род. Истовремено, нашата молитва за нашите љубени деца ни задава постојана внатрешна болка: полесно е да се зборува отколку да се моли.
Кога се трудиме пак, со зборови да ги учиме децата за Бога, а не можеме да најдеме прави изрази или предметот на разговорот се промени, не би требало на сила и понатаму да објаснуваме – мора да го следиме Божјото вдахновение и детскиот сопствен разум. Ние нема толку да им помогнеме на своите деца со зборови за Бога, колку со своето живеење во присуството Божје. Возрасните христијани често мислат дека Бог не може да биде присутен во разговорот, доколку Он не е предмет на разговорот.
Најдобрите образовни методи имаат за цел да ги научат децата како да учат. Постои една поговорка која вели: “Дај му на твојот син риба и денес добро ќе јаде. Научи го да лови и добро ќе јаде сиот свој живот.”  Како христијански родители и наставници ние својата задача ја сфаќаме на сличен начин. Наше е своите деца да ги поттикнеме да го љубат Бога и да ги учиме сами да ја откриваат вољата Божја. Доколку наште деца ги засакаат Бога и Светителите, “сè останато ќе им се надодаде”. (Мт. 6,33).
Децата во христијанските семејства (не само во свештеничките) понекогаш боледуваат од некој вид на “лошо варење”, поради преобемното слушање за Бога или за црковните работи. Во таквите случаи, тие можеби од пристојност ќе продолжат да слушаат, но може да се види дека веќе не се заинтересирани да слушнат било што за Бога, и дури стануваат уморени и имаат желба да се “одморат” од Него. Децата меѓусебно многу се разликуваат во поглед на своите способности и желба да чујат за Бога, така што во каатихетската настава на детето може сериозно духовно да му се наштети, ако не му се говори според неговата мерка. Ние се обидуваме да поттикнуваме, но не смееме да силиме. Едно исто дете може духовно да биде повеќе приемчиво во едно време отколку во друго.
Како да судиме за вредноста на катихетската настава? Пред сè, многу е поважно децата да бидат поттикнати на љубов кон Бога, отколку програмата на учителот да биде исполнета. Понекогаш детскиот ум го окупира некој проблем, па, духовно покорисно е да разговара за тоа. Понекогаш  дофрлањата и гласните размисли (доколку не се само поради реметење) укажуваат на вистинската состојба и грижите на детето. Вистинската катихетска проверка на “знаењата” не е во бројот на податоци кои децата во впиле туку во тоа дали децата стекнуваат поискрено убедување дека патот на Црквата е–патот на вистинскиот живот. Имињата и фактите треба да нѝ бидат ориентири на нашето вдахновение.
Луѓето сакаат да слушаат приказни на учителите за детските прашања или одговорите за Бога. Навистина, децата зборуваат многу трогателни и интересни нешта. Но, разговорот со децата не е можност за прибирање на пригодни изреки. На детето кое го цитираме, можеби му биле потребни месеци или дури години за да го изгради своето поверение во учителот. Исто така, можеби учителот со часови зборувал за телевизијата, или за училиштето, или за храната, пред воопшто да го спомне Бога.
Најдрагоцени се оние учители кои имаат добар однос со децата. Децата вообичаено ќе го прифатат прилично категоричниот одговор на возрасниот чија што љубов тие ја чувствуаат и на чие што мислење се научиле да веруваат. “Ништо не го подобрува учењето како ова: да се  љуби и да се биде љубен.” – (Свети Јован Златоуст).
Децата од околу 7 години можат да започнат да размислуваат за сериозно за духовни прашања, како на пример: “Кој го создал Бога?” Како и да започнат да се борат да го сфатат вечниот Бог.
Иконите се добар пат за децата да го запознаат и да го засакаат Христа и Светителите; И од рано детство детето може да има икони на Господ или на Мајката Божја, или на некој Светител, покрај своето креветче и во својата соба. Иконите им извлекуваат на децата прашања но, истовремено и им даваат на нив одговори. Иконите треба на сите нам да нѝ говорат непосредно, очигледно – возрасните тежнеат да го изразат со зборови или со разумот дури и она што го гледаат со своите очи. Децата често допираат длабоки богословски тајни преку иконите–на пример споредувајќи ја иконата на Распетието со иконата на Воскресението. Тие неможат да ја објаснат тајната на соодветен начин но, нивните зборови и изразот на лицето покажуваат дека тајната проникнала во нивното срце и ум.
Иконата е многу корисна за восредоточување на вниманието во катихетската настава. Меѓутоа, кон неа мораме секогаш да се однесуваме со внимание, како кон предмет на поклонение, дури и кога ја истакнуваме воспитната страна.
Од рана возраст децата треба да ги поттикнуваме на љубов кон Светото Писмо и Житијата на Светите. Поважно од количеството на прочитаното или од бројот на запаметени факти е тоа децата да видат, од своите родители и учители, дека Светото Писмо и Житијата на Светите и денес имаат исто значење како што имале и порано. Ние мораме одвреме навреме да ги менуваме видовите на приказни кои им ги кажувмe дома. (Добро е за нив што подобро да се запознаат со вредни народни приказни.) Светото Писмо и Житијата на Светите треба да се посматраат како највредни приказни – нивното читање  не би смеело да претставува само побожна обврска.


Од книгата “Воспитајте го своето дете” од Сестра Магдалена

Подготви: М.Б.



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

 БEСEДА  за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

БEСEДА за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

Ангeл Гoспoдoв ќe вoјува за oниe кoи сe бoјат oд Бoга. Тoа сe пoкажалo јаснo мнoгупати, штo e запишанo, и бeзбрoј пати штo нe e запишанo. Архангeлoт Михаил гo oдбранил...

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

« »