логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 

Покана за една поинаква манастирска слава во манастирот „Св.Јован Крстител“ Слепче од 6.07 до 14.04



Почитувани,

Втора година по ред, како Сестринството на Светата Слепченска Претеченска Обител, под духовно раководство на отец Серафим, во деновите околу Иванден, кога го слави Раѓањето на својот Свет заштитник и патрон на манастирот - Св.Јован Крстител, одлучува ширум да ги отвори вратите на Манастирот, не само за православните верници кои во голем број, од сите страни на Македонија ќе дојдат со вера да му се помолат на Светителот, туку и за бројните научници од земјата и регионот за кои Слепченскиот манастир како древен духовен, културен и уметнички центар на Балканот, е непресушен извор и инспирација за бројни истражувања.

          Во продолжение, се сите детали околу претстојната Втора меѓународна научна конференција на тема “Манастирот Слепче во пост-византиската уметност на​​​​ Балканот во XVI и XVII век”, како и за Демирхисарската летна школа насловена “Манастирот Слепче - духовен, културен и уметнички центар”, кои ќе се одржуваат во периодот 6.07.2018 – 14.07.2018, а се организирани од Манастирот Св. Јован Претеча-Слепче, Општината Демир Хисар и Истражувачкиот центар за културно наследство при МАНУ.
 


II. Меѓународна научна конференција
Манастирот Слепче во пост – византиската уметност на​​​​ Балканот воXVI и XVII век
 

На 6.07.2018 во Демир Хисар започнува Втората меѓународна научна конференцијa на тема “Манастирот Слепче и поствизантиската уметност на Балканот од XVI и XVII век”, каде што со свои научни прилози ќе настапат 17 учесници од Македонија, Србија и Бугарија, реномирани истражувачи на средновековната уметност на Балканот, живописот, словенските ракописи, старопечатени книги и архитектурата од времето на Османлискиот период. Со оваа конференција продолжуваат заложбите на организаторите (Манастирот Св. Јован Претеча Слепче, Општината Демир Хисар и Истражувачкиот центар за културно наследство при МАНУ како стручен и научен координатор на конференцијата) научно да се продлабочуваат сознанијата за манастирот Слепче, неговата историја, архитектура, уметност (фрескоживопис, иконопис и применета уметност) но и пошироко, историјата и културно-уметничкото наследство на Демирхисарско.
 
II. Демирхисарска летна школa



Од 6.07. до 14.07. 2018 година во манастирот Св. Јован Претеча Слепче, Демир Хисар, Смилево и регионот на Демисхисарско ќе се одржи Втората Демирхисарска летна школа-Манастирот Слепче, духовен, културен и уметнички центар.
Активностите во рамките на Демирхисарската летна школа концепциски се вообличени и ќе се остваруваат во доменот на пет научно – истражувачки секции, предводени од реномирани професори:

                    Историја: проф. д-р Ванчо Ѓоргиев;

                    Архитектура: проф. д-р Елизабета Касапова;  

                    Археологија: проф. д-р Виктор Лилчиќ – Адамс;

                    Историја на уметноста: проф. д-р Сашо Цветковски (координатор на школата);

                    Теологија: м-р Виктор Недески,

          а ќе учествуваат и триесетина студенти, додипломци, поделени во предвидените секции.


Оваа година во рамките на школата,  свои предавања ќе имаат и академик Ѓорги Поп-Атанасов (Научно-истражувачката дејност на академик Владимир Мошин во проучување на ракописите од Слепченската книжевна школа), како и гости, професори од Бугарија, проф. д-р Елисавета Мусакова (БАН – Институт за изследване на изкуствата и проф.д-р Васја Велинова и Румјана Дечева од Център за славяно – византийскипроучвания "проф. Иван Дуйчев").
Учесниците на школата ќе имаат можност низ теренските предавања да посетат повеќе археолошки локалитети, средновековни цркви и манастири како и најзначајните места од Илинденскиот период, Смилево, Бабино, Велмевци, Вардино и Крушево.

 

 5-ти јули 2018 лето Господово

 

 

Извор МПЦ – ОА

Манастир Св. Јован Претеча Слепче



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »