логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Невербална комуникација

Еден од уникатните атрибути на социјалното когнитивно однесување на човекот е тенденцијата да градиме модели за другите, преку кои изведуваме заклучоци за менталната и емоционална состојба на другите луѓе. Еден од клучните моменти за нашиот однос со останатите луѓе е невербалната комуникација. Додека разговараме со другите, ние процесираме многу сигнали: израз на лицето, тон на гласот, гестикулации на рацете и телото, контакт со очите, па дури и физичката оддалеченост од соговорникот. Овие невербални знаци се „душата" на нашата интеракција со другите луѓе. Ако ги немаме овие невербални знаци, нема да можеме да ја разбереме суштината на интеракцијата (таков е случајот со аутистите). Од невербалните знаци може да ја одредиме намерата на соговорникот, дали е заинтересиран за разговор, дали е под стрес или е расположен. Но, тоа бара когнитивен и емоционален напор.
Сето тоа го нема кај социјалните мрежи. Примитивна форма на невербална комуникација може да бидат емотиконите („смешковците") и интерпункциските знаци. Но, не мора да значи дека со нив би ги изразиле вистинските чувства. Социјалните мрежи ни овозможуваат да проектираме каква и да било слика да посакаме, за нас. Од недостаток на невербална комуникација, соговорникот не може да процени што чувствуваме и секогаш постои тенденција да се прифати лажно проектираната слика.
Друга карактеристика на комуникацијата во живо е синхронизираноста. Едниот зборува, другиот молчи; повремено ќе кимне со глава, ќе се насмее и слично. На социјалните мрежи не е возможна синхронизирана комуникација. Ако некој на вибер не праша дали сме таму и ние не одговориме, другата страна не може да знае дали сме таму или не, дали сме налутени или едноставно не сме расположени да разговараме.
Социјалните мрежи овозможуваат виртуелна форма на интеракција. Соговорниците се чувствуваат поврзано, но ги немаат тежината и комплексноста што ги има при комуникацијата во живо. Истражувањата покажуваат дека човек доживува далеку посилна емотивна реакција ако од соговорникот во живо добиеме нефер понуда, за разлика од соговорникот преку социјалните мрежи. Не сакајќи да вложат напор и од страв од силна емотивна реакција, луѓето се поизразено прибегнуваат кон виртуелна комуникација, што од друга страна ги прави осамени.

Депресија и анксиозност

Главна причина за фејсбук профил е социјалната споредба со другите. Социјалната споредба се одвива во две насоки: нагорна и надолна. Фејсбук корисниците (меѓу двете сигми) најчесто имаат нагорна социјална споредба (се споредуваат себеси со социјално поуспешните). Тоа доведува до намалување на самодовербата, депресија и анксиозност. Тоа е затоа што овие фејсбук корисници погрешно заклучуваат дека останатите имаат подобар живот од нивниот, а тоа доаѓа поради прифаќањето на лажната слика што другите ја проектираат на својот профил. Како последица на тоа се развиваат две страшни страсти: љубомора и завист. Конкретно кај фејсбук, овие две страсти имаат циклично дејство: љубомората на корисникот го тера да почне да завидува, т.е. да го посакува она што го нема, па следната објава на тој корисник е индуцирана од самата љубомора. Новата објава може да предизвика љубомора кај друг корисник, и се така, додека циклусот не заврши кај почетниот корисник. Подолгото негување на овие страсти ја раѓа злобата. Зависта, пак, е во корелација со зголемената депресија кај корисникот.
На социјалните медиуми постојано има објави. Тоа ги мотивира луѓето постојано да проверуваат дали добиле ново известување. Многу луѓе тоа го прават импулсивно, а чувствуваат олеснување само кога ќе го исклучат телефонот. Поради тоа што има чести објави, корисниците премногу често вршат социјална споредба, што води кон тоа тие да станат анксиозни, што пак, води кон хроничен стрес.
Од психолошки аспект, односот кон социјалните мрежи е многу сличен на односот на зависниците кон своите пороци. Корисниците кои станале депресивни од самите социјални мрежи имаат погрешна проценка какви се последиците ако уште еднаш се приклучат, мислејќи дека со наредното користење би биле посреќни.
Психолозите се разидуваат околу прашањето за тоа какво влијание имаат социјалните мрежи врз човекот. Според едни, социјалните мрежи само драстично го зголемуваат тоа што човекот е (би рекол, драстично ги зголемуваат страстите); а според други, постои голем потенцијал за силна трансформација и воведување нови (претежно негативни) особини на личноста. Се уште не се знае кои ќе бидат долгорочните последици, бидејќи овие технологии се премногу кратко присутни.

(Продолжува)

Јеромонах Григориј, дипл.инг. по информатика

Манастир „ Св. Четриесет Севастиски маченици’, Банско, Струмица

 ПРЕМИН бр.125~126

 

 

“...социјалните мрежи се одличен простор за постојано прихранување на нашите страсти.Но, знаејќи го тоа, зошто прекумерно пишување и себепромоција?
Човековиот копнеж по вечноста е двигател за постојано творење и истражување. Тој копнеж е погрешно насочен ако човековата мисла е богоотпадната. Ист интензитет на погрешност има кога мислата е богонасочена, но сепак, човек се нема очистено од своите страсти. Пишувањето е обид да останеме запаметени. Но, ако не е напишано како да имаме власт над тоа слово, тоа слово ја нема потребната сила. Таква силина на зборот има само кај просветлените луѓе, кои не пишуваат за слава, туку од љубов кон ближниот.
Острастениот човек сака секој свој подвиг и дар да го открие некому, мисли дека има да каже нешто корисно за сите, го препрочитува пишаното и бара суетна слава, чекајќи ги реакциите на другите. Би издржал ли таквиот човек да добие некој дар, да стекне добродетел ( а најчисто мисли дека поседува), а да молчи? Да го чува тоа во тајност и да го смета за ништо?
Оние кои немаат некој талант, претежно се насочени кон критики и се подражаватели на надменоста . Постојано бараат внимание, а ако тоа не се случи, тогаш горделивоста ја бараат кај другите. Тесниот пат на восовршување го сметаат за прелест.“ -

јеромонах Григориј


( извадок -“Дигитална токсикација“ - ПРЕМИН бр.125~126)

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јули 24, 2022
TViTer319

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Државниот завод за статистика иницираат соработка меѓу засегнатите институции и се вклучуваат во напорите за започнување на јавно-приватен дијалог помеѓу релевантните…
Јануари 27, 2022

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на македонското американско наследство“ и за славење на македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот „неверојатен придонес“ за Соединетите…

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Дек 28, 2021 Литература 691
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

Окт 23, 2021 Литература 1176
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на…

Познат научник тврди дека Бог постои

Сеп 28, 2021 Наука и Религија 6609
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Свети Климент Охридски (08.08.2022)

Митрополит Струмички Наум: Свети Климент Охридски (08.08.2022)

Но, што значи тоа дека некој ќе влезе и ќе излезе и дека пасиште ќе најде?Тргнувајќи секогаш од персоналното начело на македонско-светогорската исихастичка школа (наспроти антиохиската историска и александриската алегориска...

Митрополит Струмички Наум: Свети Пророк Илија (01.08.2022 15:58)

Митрополит Струмички Наум: Свети Пророк Илија (01.08.2022 15:58)

 Вистинскиот, пак, Божји пророк, што и да направи, тешко ќе ги отвори кон милост суетните срца на самонаречените духовни величини: „Зашто дојде Јован Крстител, кој ниту леб јаде, ниту вино...

БEСEДА  за пoтрeбата за пoвтoрувањe и пoвтoрувањe

БEСEДА за пoтрeбата за пoвтoрувањe и пoвтoрувањe

Oрачoт oра вo нивата. Зарeм нe ја пoвтoрува oрачoт сeкoја минута истата рабoта? Какo инаку би ја изoрал нивата, акo oд утрo дo мрак нe длаби бразда дo бразда?Патникoт чeкoри...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Протоереј ставрофор Глигор Дамјановски: СВЕТИ БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ КОЗМА И ДАМЈАН (обновено)

Протоереј ставрофор Глигор Дамјановски: СВЕТИ БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ КОЗМА И ДАМЈАН (обновено)

 Бидејќи имале силна и непоколеблива вера, Божјата благодат делувала врз сите луѓе коишто им се обраќале за помош. Колку што лекувале со разните треви, толку повеќе Бог, поради нивниот свет...

Митрополит Струмички Наум: Светите Апостоли (11.07.2022 20:30)

Митрополит Струмички Наум: Светите Апостоли (11.07.2022 20:30)

   Петар Му се обраќа на Господ како прв меѓу еднаквите по чест, кој во тој момент ги изразува и сведочи верата и опитот на сите Апостоли, а не само својата...

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Согласно опитот на сите Свети, единствен темел на вистинскиот духовен живот во Црквата е вистинската вера. Вистинска вера може да биде само една. Учеството во вистинската вера во Црквата истовремено...

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

« »